Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Прво гонети, потоа ценети

Прво гонети, потоа ценети

Прво гонети, потоа ценети

ПРЕД неколку години, Сантјаго и неговата сопруга, Лурдес, се преселиле во убавиот град Хуилкапата (Перу) за да им ја пренесуваат библиската порака на надеж на луѓето таму. Меѓутоа, наскоро во градот пристигнал еден свештеник од Куско и ги собрал жителите од градот. Свештеникот ги предупредил дека присуството на Јеховините сведоци ќе донесе смртоносна болест и обилни врнежи од снег кои ќе им ја убијат стоката и ќе им ги уништат посевите.

На многумина им влијаело ова „пророштво“, и повеќе од половина година, никој од градот не прифатил да ја проучува Библијата со Сантјаго и Лурдес. Еден градски службеник, заменик-гувернер, кој се викал Мигел, ги бркал Сантјаго и Лурдес по улицата, фрлајќи по нив со камења. Но тие секогаш се однесувале мирољубиво, како прави христијани.

Со текот на времето, некои жители прифатиле да ја проучуваат Библијата. Дури и Мигел си го променил ставот. Почнал да проучува со Сантјаго, престанал да се опива, и станал мирољубив човек. Со текот на времето Мигел, неговата сопруга и две негови ќерки ја прифатиле вистината.

Денес, во овој град има едно напредно собрание на Јеховините сведоци. Мигел е среќен што повеќето од камењата што ги фрлал по Сантјаго и Лурдес не ги погодиле, и благодарен им е што дале убав пример за мирољубивост.

[Слики на страница 32]

Мирољубивото однесување на Сантјаго и Лурдес (горе) го сменило срцето на Мигел (десно)