Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

„Кажувај ни уште!“

„Кажувај ни уште!“

„Кажувај ни уште!“

ВО Незлобнаја (Русија), на часот по литература во едно средно училиште се изучувале делата на рускиот писател Михаил Булгаков. Негово дело бил и романот во кој Исус Христос е прикажан во лошо светло, а Сатана е прикажан како херој. По дискусијата во класот, професорката им задала на учениците писмена задача врз основа на овој роман. Меѓутоа, еден од учениците, 16-годишниот Јеховин сведок Андреј, учтиво замолил да биде ослободен од писмената задача затоа што совеста не му дозволувала да изучува таков вид литература. Замолил наместо тоа да напише состав во кој ќе објасни како гледа тој на Исус Христос. Професорката се согласила.

Во составот што го напишал, Андреј објаснил дека, иако го почитува мислењето на другите, сфатил дека најдобар начин да се научи нешто за Исус е да се прочита едно од четирите евангелија. Така „ќе научите нешто за Исусовиот живот и за неговите учења на темел на извештаи од очевидци“. Андреј додал: „Друга работа е начинот на кој е прикажан Сатана. На некои можеби им е забавно да прочитаат книга во која Сатана е прикажан како херој, но не и мене“. Тој објаснил дека Сатана е, всушност, моќно духовно суштество што му свртело грб на Бог, предизвикувајќи меѓу луѓето злоба, неволји и страдање. На крајот од својот состав, Андреј напишал: „Не верувам дека ќе биде корисно да го прочитам тој роман. Се разбира, немам ништо против Булгаков. Но, јас лично повеќе би сакал да ја читам Библијата за да ги дознаам историските факти за Исус Христос“.

Професорката на Андреј била многу задоволна од составот и затоа го замолила да подготви состав за Исус Христос што ќе го изнесе усно. Андреј веднаш се согласил. На следниот час по литература, Андреј го изнел својот состав пред целиот клас. Објаснил зошто мисли дека Исус е најголемиот човек што некогаш живеел. Потоа, од библиската книга Матеј прочитал едно поглавје за Исусовата смрт. Бидејќи истекувало времето што му било дадено да го изнесе составот, Андреј сакал да заврши, но учениците го терале: „Кажувај ни уште! Што се случило потоа?“ Затоа продолжил да го чита извештајот од Матеј во врска со Исусовото воскресение.

Кога завршил, соучениците му поставувале многу прашања во врска со Исус и Јехова. „Го молев Јехова за мудрост, и тој ми одговори на молитвата“, вели Андреј. „Им одговорив на сите прашања!“ По часот, Андреј ѝ ја дал на професорката книгата Најголемиот човек кој некогаш живеел, * и таа со задоволство ја зела. Андреј вели: „Таа ми стави висока оценка за составот и ме пофали што имам свои лични убедувања и што не се срамам од нив. Исто така, рече дека се согласува со некои мои верувања“.

Андреј се радува што одлучил да ја следи својата совест изострена на темел на Библијата и што не читал материјал што ги обесчестува Јехова и неговиот Син, Исус Христос. Таквиот став не само што го заштитил од небиблиските гледишта туку му дал и прекрасна прилика да им ги каже и на другите животоважните библиски вистини.

[Фуснота]

^ пас. 5 Издадена од Јеховините сведоци.