Да се служи во собрание на друг јазик
Да се служи во собрание на друг јазик
„И ВИДОВ еден друг ангел како лета среде небото, и тој имаше вечна добра вест за да им ја објави како радосна новост на оние кои живеат на земјата, и на секоја нација и племе и јазик и народ“ (Откровение 14:6). Оваа пророчка визија се исполнува денес. Добрата вест за Божјето Царство се проповеда на различни јазици низ целиот свет. Многу од овие јазици ги зборуваат иселеници што живеат далеку од својата родна земја. Но, и тие имаат прилика да ја чујат добрата вест од ревносните Сведоци на Јехова што научиле друг јазик.
Дали си и ти еден од тие Сведоци што служат во собрание на друг јазик? Дали можеби размислуваш да го сториш тоа? За да успееш, треба да имаш несебични мотиви и исправен умствен став. Бидејќи твојата цел е да им помогнеш на другите да ја дознаат вистината од Божјата реч, го имаш најдобриот мотив — љубовта кон Бог и кон ближниот (Матеј 22:37-39; 1. Коринќаните 13:1). Желбата да им помогнеме на другите да научат за Бог е многу посилен мотив отколку само да уживаме во интересно друштво, храна и култура на некој народ или група. Дали идејата да учиш нов јазик те плаши? Ако да, ќе биде корисно да имаш исправно гледиште. „Не дозволувај јазикот да те исплаши“, вели Џејмс, кој научил да зборува јапонски. Тоа што знаеш дека мнозина пред тебе успеале, може да ти помогне да истраеш и да задржиш позитивен став. Тогаш, како можеш да научиш некој нов јазик? Што ќе ти помогне да се вклопиш во собранието каде што се зборува тој јазик? И што мораш да правиш за да останеш духовно јак?
Во костец со јазикот
Постојат многу начини да се учи јазик. Учителите и учениците си имаат свои различни методи на учење и поучување. Но, повеќето ученици учат многу полесно и побрзо ако одат на часови кои ги држи способен учител. Ако ја читаш Библијата на новиот јазик и слушаш различен снимен материјал што можеш да го набавиш, ќе можеш да си го збогатиш речникот и да научиш повеќе теократски термини. Покрај тоа, ако слушаш радио и гледаш телевизија и видеоматеријали со соодветна содржина, ќе можеш уште повеќе да се изложиш на јазикот и на културата. Што се однесува до тоа колку долго и колку често учиш, повеќе ефект има да учиш по малку секој ден отколку да учиш со часови, но нередовно.
Да учиш јазик е како да учиш да пливаш. Не можеш да научиш како се плива ако само читаш за тоа од книга. Мораш да влезеш во водата и да се пуштиш да пливаш. Така е и кога учиш јазик. Тешко оди ако само седиш и учиш од книга. Мораш да се мешаш со луѓето што го зборуваат тој јазик — слушај ги како зборуваат, дружи се со нив и, по секоја цена, зборувај! Христијанските активности ти даваат идеална можност за ова. Честопати, она што го учиш можеш веднаш да го
употребиш во службата на проповедање. „Можеби ти изгледа страшно“, вели Мидори, која учи кинески, „но луѓето можат да видат дека ние, Сведоците, многу се трудиме. Тоа може да ги допре до срце. Сѐ што треба е да кажеш е: ‚Добар ден. Како сте?‘ на нивниот јазик, и лицата веднаш им се разведруваат!“Друга голема помош се христијанските состаноци. Обиди се да коментираш барем еднаш на секој состанок. Колку и да ти се чини непријатно тоа во почетокот, не грижи се. Собранието сака да успееш! Монифа, која учи корејски, вели: „Многу сум ѝ благодарна на сестрата што седеше до мене на состаноците и ми пишуваше што значат некои зборови. Нејзината љубезна и стрплива поддршка многу ми помага“. Како што ќе учиш повеќе зборови, така ќе можеш да почнеш и да размислуваш на новиот јазик — без да си го преведуваш секој збор во мислите.
Прва цел кога учиш јазик треба да ти биде да користиш „лесно разбирлив говор“ (1. Коринќаните 14:8-11). Иако другите можеби покажуваат разбирање, грешките или јакиот акцент можат да им го одвлечат вниманието од она што сакаш да го кажеш. Ако од самиот почеток обрнеш внимание на точниот изговор и граматиката, ќе избегнеш да стекнеш некои лоши навики што подоцна ќе биде тешко да ги смениш. Марк, кој научил свахили, предлага: „Замоли некого што добро го зборува јазикот да те исправи секогаш кога ќе направиш поголема грешка, а потоа заблагодари му се за тоа!“ Се разбира, биди обѕирен кон оние што ти помагаат на ваков начин бидејќи тоа од нив бара време и труд. Иако можеш да замолиш некого да ти го провери она што си го напишал, обиди се да ги подготвуваш говорите и коментарите користејќи зборови што ги знаеш или што си ги побарал во речник. Ова го забрзува процесот на учење и ти помага да зборуваш со самодоверба.
Продолжи да напредуваш
„Учењето друг јазик ми е најтешката работа со која сум се зафатила во животот“, вели Монифа. „Има моменти кога едноставно сакам да кренам раце од сѐ. Но, тогаш помислувам со колкаво задоволство ме слушаат оние што ја проучуваат Библијата кога им зборувам за длабоките библиски вистини на поедноставен корејски јазик и колку се радуваат браќата кога ќе забележат и најмал напредок кај мене.“ Поентата е — не откажувај се пребрзо. Твојата цел е да ги поучуваш другите за животоважните вистини од Библијата (1. Коринќаните 2:10). А да научиш да поучуваш за Библијата на друг јазик потребен е одлучен, долготраен напор. Додека полека напредуваш, внимавај да не се потценуваш кога се споредуваш со другите. Сите што учат јазик не напредуваат со исто темпо и на ист начин. Но, добро е да бидеш свесен колку си напредувал ти лично (Галатите 6:4). „Кога би го прикажале напредокот во учењето друг јазик на дијаграм, наместо крива ќе добиеме скала“, вели Џун, кој учи кинески. „Кога ти се чини дека не си мрднал ни чекор напред, одеднаш сфаќаш дека си за една скала погоре.“
Псалм 100:2). Грешките се неизбежни. Тие се составен дел од учењето. Кога почнал да учи италијански, еден христијанин прашал еден станар: „Дали знаете која е метлата на животот? А всушност сакал да каже „смислата на животот“. Еден Сведок кој знаел само малку полски го замолил собранието да испеат едно куче наместо една песна. А со само една мала промена во интонацијата, еден Сведок што учел кинески ги поттикнал присутните да имаат вера во Исусовиот шкаф за книги наместо во Исусовата жртва. Убавата страна на грешките е што ќе ти помогнат трајно да ги запомниш точните зборови.
Учењето друг јазик е траен процес. Затоа, уживај и не очекувај совршенство од себе (Во собранието
Различниот јазик не е единственото нешто што ги двои луѓето. Честопати уште повеќе ги двојат културните, расните и националните разлики. Но, овие бариери не се непремостливи. Еден изучувач на религиозните групи во Европа што зборуваат кинески, забележал дека Јеховините сведоци се „наднационални“. Тој рекол дека кај нив „етничката припадност не игра никаква улога, а јазикот е само една алатка што помага да се разбере Божјата реч“. Всушност, она што им помага на вистинските христијани да ги надминат националните разлики е тоа што ги применуваат библиските начела. За оние што ја облекле ‚новата личност, нема ниту Грк ниту Евреин ниту туѓинец‘ (Колошаните 3:10, 11).
Затоа, сите во собранието треба да се трудат да придонесат за единството. Тоа бара секој да биде отворен да размислува поинаку, да чувствува поинаку и да ги прави работите на поинаков начин. Можеш да спречиш разликите да прераснат во поделби ако не му придаваш непотребно значење на она што ти лично го сметаш за подобро (1. Коринќаните 1:10; 9:19-23). Научи да ги цениш добрите работи од секоја култура. Запомни, несебичната љубов е клучот за добри односи со другите и за вистинско единство.
Повеќето собранија на друг јазик почнуваат како мали групи, кои најчесто се состојат од лица што го учат јазикот како и од други, кои само што почнале да ги учат библиските начела. Во таквите групи има поголеми шанси да дојде до недоразбирања отколку во големите, добро утврдени собранија. Затоа зрелите христијани треба да се трудат да придонесат за стабилноста на групата. Ако покажуваат љубов, и со зборови и на дело, ќе помогнат да владее пријатна атмосфера во која новите ќе можат духовно да напредуваат.
Оние што доброволно помагаат во собрание на друг јазик мораат да имаат и урамнотежени очекувања од другите. Рик, старешина во едно такво собрание, објаснува: „Некои понови Сведоци можеби не се толку упатени во организациските работи како што се оние во собранијата на локалниот јазик. Но, она што им фали во поглед на способностите честопати го надополнуваат со својата љубов и жар. И, многу заинтересирани доаѓаат во вистината“. Ако редовно им стоиш на располагање и на секој можен начин гледаш да им се најдеш на браќата, сигурно ќе му бидеш од корист на собранието, дури и ако сѐ уште го учиш јазикот. Кога заеднички се трудат, сите можат да придонесат собранието духовно да напредува.
Да се остане духовно јак
Еден брат, кој бил прилично нов во едно собрание на друг јазик, случајно го чул разговорот меѓу една мајка и нејзиното дете додека таа му помагала да подготви коментар. „Мамо, може ли малку пократко?“, ја молело детето. „Не, мамичка“, одговорила таа, „кратките мора да ги оставиме за тие што го учат јазикот.“
Ако еден возрасен човек не може да комуницира добро со месеци, па дури и со години, може да се истошти умствено, емоционално и духовно. „Брзо се обесхрабрував од своите ограничувања“, се сеќава Џинет, која сега течно зборува
шпански. Хироко, која научила англиски, се сеќава дека си мислела: „Кучињата и мачките разбираат повеќе англиски од мене“. А Кети вели: „Кога се префрлив во шпанско собрание, од неколку библиски студии и полн нотес со повторни посети спаднав на нула. Се чувствував како да не правам ништо“.Во ваква ситуација, многу е битно да се задржи позитивен став. Кога се обесхрабрила, Хироко си рекла: „Ако успеале други, ќе успеам и јас“. Кети вели: „Мислев на маж ми, кој толку добро напредуваше и вршеше голема работа во собранието. Тоа ми помогна да ја надминам првата пречка. Сѐ уште треба многу да се трудам, но постепено станувам повешта во проповедањето и поучувањето, и тоа ми носи радост“. Маж ѝ, Џеф, додава: „Може многу да се разочараш кога гледаш дека не разбираш сѐ што е кажано во известувањата или на старешинските состаноци. Морам да бидам искрен и понизен и повторно да се распрашам за некои работи, но браќата секогаш со задоволство ми помагаат“.
За да не се истоштиш духовно кога работиш со собрание на некој друг јазик, прво нешто на што треба да му посветиш внимание мора да биде твоето духовно здравје (Матеј 5:3). Казујуки, кој многу години служи во собрание во кое се зборува португалски, вели: „Важно е да сме добро духовно нахранети. Затоа со семејството проучуваме и се подготвуваме за состаноците на нашиот мајчин јазик, и плус на португалски“. Некои одвреме-навреме одат и на состаноци на својот јазик. Освен тоа, многу е важно доволно да се одмора (Марко 6:31).
Да се пресмета трошокот
Ако размислуваш дали да преминеш во собрание каде се зборува друг јазик, најпрво мораш да го пресметаш трошокот што е вклучен (Лука 14:28). Во овој поглед, најважните полиња што треба да ги земеш предвид се твојата духовност и твојот однос со Јехова. Моли се за својата ситуација. Размисли и за твојот брачен другар и децата. Прашај се: ‚Дали околностите ми дозволуваат и ја имам ли духовната и емоционална сила што е потребна за еден таков долгорочен проект?‘ Најпаметно е да го направиш она што ќе биде најдобро за твојата духовност и за духовноста на твоето семејство. Можеш да направиш многу и можеш да најдеш голема радост секаде каде што служиш како објавител на Царството.
Оние што можат да служат во собрание на друг јазик ќе имаат многу користи. „Ова е најубавото нешто што ми се има случено во животот“, вели Барбара, која заедно со маж ѝ се префрлила во шпанско собрание. „Се чувствувам како одново да ја запознавам вистината. Многу сум благодарна што имавме можност да го направиме ова, со оглед на тоа што не можеме да служиме како мисионери во друга земја“.
Низ целиот свет, илјадници обични луѓе на најразлична возраст се зафаќаат со учење некој друг јазик за да помогнат да се шири добрата вест. Ако и ти си еден од нив, задржи чисти мотиви и позитивен став. И најважно од сѐ, положи ја својата доверба во Јехова за тој да го благослови твојот труд (2. Коринќаните 4:7).
[Слика на страница 18]
Ако одиш на часови по јазик кај некој способен учител, учењето ќе ти оди многу побрзо и полесно
[Слика на страница 20]
Додека учиш друг јазик, твоето духовно здравје не треба да страда