Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Нови членови на Водечкото тело

Нови членови на Водечкото тело

Нови членови на Водечкото тело

ВО СРЕДА наутро, на 24 август 2005 година, бетелските семејства од Соединетите Држави и од Канада, поврзани со видеоврска, слушнаа едно возбудливо известување. Тоа гласеше дека почнувајќи од 1 септември 2005 година, во Водечкото тело на Јеховините сведоци ќе служат уште два нови члена — Џефри В. Џексон и Ентони Морис III.

Брат Џексон започнал да служи како пионер во февруари 1971 година во Тасманија, островска држава во Австралија. Во јуни 1974 година се оженил со Џинет (Џени). Кратко потоа добиле доделба да служат како специјални пионери. Од 1979 до 2003 година служеле како мисионери во Тувалу, Самоа и Фиџи — јужнопацифички островски земји. За време на нивната служба на овие острови, брат и сестра Џексон многу придонеле за преведувањето на библиска литература. Од 1992 година, брат Џексон служел како член на Одборот на подружницата во Самоа, а од 1996 година служел во Одборот на подружницата во Фиџи. Во април 2003 година, заедно со Џени станаа членови на бетелското семејство во Соединетите Држави и служеа во одделот за преведувачка служба. Кратко потоа, брат Џексон беше назначен за помошник на Одборот за поучување на Водечкото тело.

И брат Морис започнал со пионерската служба во 1971 година во Соединетите Држави. Во декември истата година се оженил со Сузан и продолжиле да служат заедно како пионери скоро четири години, сѐ до раѓањето на нивниот прв син, Џеси. По некое време им се родил уште еден син, Пол. Брат Морис повторно почнал да служи полновремено, како општ пионер, во 1979 година. Кога децата тргнале на училиште, му се придружила и неговата сопруга. Како семејство, служеле на подрачја каде што има поголема потреба, и тоа на Роуд Ајленд и во Северна Каролина (Соединетите Држави). Таму брат Морис служел како заменик покраински надгледник, а синовите почнале со пионерска служба. Кога наполниле 19 години, и Џеси и Пол биле повикани да служат во Бетелот во Соединетите Држави. Во меѓувреме, брат Морис почнал да служи како покраински надгледник. Потоа, во 2002 година, тој и Сузан биле поканети во Бетел, каде што започнале да служат на 1 август. Брат Морис работел во Службениот оддел во Патерсон, а подоцна и како помошник на Одборот за служба на Водечкото тело.

Покрај нив двајца, членови на Водечкото тело се и Џ. И. Бар; К. В. Барбер; М. С. Лет; Г. Леш; Г. Х. Пирс; Д. Сидлик; Д. Х. Сплејн; С. Ф. Херд; Т. Џерес; и А. Д. Шредер. Сите членови на Водечкото тело се помазани христијани.