Да се разбере Библијата — задоволство што ти е на располагање
Да се разбере Библијата — задоволство што ти е на располагање
БИБЛИЈАТА содржи скапоцени вистини од Бог. Таа ни кажува која е смислата на животот, зошто страдаат луѓето и каква е иднината на човештвото. Нѐ учи како да пронајдеме среќа, како да стекнеме пријатели и како успешно да ги решаваме проблемите. Освен тоа, учиме за нашиот Творец и небесен Татко, Јехова. Тоа знаење нѐ восхитува и ни дава смисла во животот.
Во Библијата, стекнувањето знаење за Бог е споредено со јадење. Исус рекол: „Нема да живее човек само од леб туку и од секоја изјава што излегува од Јеховината уста“ (Матеј 4:4; Евреите 5:12-14). Како што е потребно секој ден да јадеме здрава храна за да се одржиме во живот, така ни е потребно и редовно да ја читаме Божјата реч за да го доживееме исполнувањето на Божјето ветување за вечен живот.
Ние уживаме во јадењето бидејќи така сме создадени и бидејќи тоа задоволува една основна потреба. Меѓутоа, ако сакаме да бидеме среќни мораме да задоволиме уште една основна потреба. Исус рекол: „Среќни се оние кои се свесни за своите духовни потреби“ (Матеј 5:3). Можно е да бидеме среќни, затоа што таа духовна потреба можеме да ја задоволиме преку разбирањето на Божјата реч.
Вистина, некои луѓе мислат дека не е лесно да се разбере Библијата. На пример, можеби ти треба помош во врска со некои стихови во кои се спомнуваат непознати обичаи или, пак, се користат симболични изрази. Исто така, има пророштва што се запишани со симболичен јазик што можат да се разберат Даниел 7:1-7; Откровение 13:1, 2). И покрај тоа, ти навистина можеш да ја разбереш Библијата. Како можеш да бидеш сигурен во тоа?
само ако се поврзат со други библиски стихови што зборуваат за истата тема (Задоволство што им е на располагање на сите
Библијата е Божја реч. Во неа Бог ни ја открива својата волја. Дали Бог би ни дал една книга што не можеме да ја разбереме или, пак, што можат да ја разберат само високообразовани луѓе? Не. Јехова не би бил толку нељубезен. Христос Исус рекол: „Кој е тој татко меѓу вас, кој, ако синот негов го замоли за риба, можеби ќе му даде змија наместо риба? Или ако го замоли за јајце, ќе му даде ли скорпија? Според тоа, ако вие, иако сте зли, знаете како да им давате на своите деца добри дарови, колку повеќе Таткото на небото ќе им даде свет дух на оние кои го молат!“ (Лука 11:11-13). Значи, биди сигурен дека можеш да ја разбереш Библијата и дека, ако искрено го молиш Бог, тој ќе ти помогне да ја разбереш неговата Реч. Всушност, дури и децата можат да ги сфатат основните библиски учења! (2. Тимотеј 3:15).
Иако треба да вложиме напор за да ја разбереме Библијата, тоа може да има силно, зајакнувачко влијание врз нас. Откако воскреснал, Исус им се појавил на двајца од неговите ученици и им зборувал за библиските пророштва. Извештајот на Лука вели: „И почнувајќи од Мојсеј и од сите Пророци, им ги протолкува работите што се однесуваа на него во целото Писмо“. Кој бил резултатот? Таа вечер, додека размислувале за тоа што го научиле, учениците си рекле еден на друг: „Зарем не ни гореа срцата додека ни зборуваше по патот, додека во потполност ни го откриваше Писмото?“ (Лука 24:13-32). Тоа што ја разбрале Божјата реч им дало задоволство зашто им ја зајакнало верата во Божјите ветувања и им дало позитивно гледиште за иднината.
Разбирањето на Библијата не е товар. Напротив, тоа е интересно и корисно, пријатно како и јадењето хранлив оброк. Што мораш да правиш за да стекнеш такво разбирање? Следната статија покажува како можеш да уживаш во „знаењето за Бога“ (Пословици 2:1-5).
[Слика на страница 4]
Како еден татко полн со љубов, Јехова ни дава свет дух за да ја разбереме Библијата