Да се разбере Библијата — што ќе ти помогне во тоа?
Да се разбере Библијата — што ќе ти помогне во тоа?
„ВНИМАТЕЛНО си ги скрил тие работи од мудрите и умните, а си им ги открил на бебињата“ (Лука 10:21). Овие зборови, што Исус му ги упатил на својот небесен Татко, покажуваат дека мораме да имаме исправен став ако сакаме да ја разбереме Библијата. Јеховината мудрост се гледа во тоа што на луѓето им дал книга која вистински можат да ја разберат само оние што се понизни и спремни да учат.
На повеќето од нас ни е тешко да бидеме понизни. Сите имаме наследена склоност да бидеме горди. Освен тоа, живееме во „последните денови“, меѓу луѓе што се „себељубиви . . . своеглави, надуени од гордост“ (2. Тимотеј 3:1-4). Ова се ставови што нѐ спречуваат да ја разбереме Божјата реч. За жал, врз сите нас во некоја мерка влијае гордиот став на луѓето од нашата околина. Според тоа, како можеш да го стекнеш ставот што ти е потребен за да ја разбереш Библијата?
Да се подготват срцето и умот
Езра, еден древен водач на Божјиот народ, ‚го подготвил своето срце да го истражува Јеховиниот закон‘ (Езра 7:10, NW). Постои ли начин да го подготвиме нашето срце? Да. Можеме да започнеме со тоа што ќе усвоиме исправно гледиште за Библијата. Апостол Павле им го напишал следново на сохристијаните: „Кога ја примивте Божјата реч која ја чувте од нас, ја прифативте не како реч од луѓе туку, како што таа навистина е, како реч Божја“ (1. Солуњаните 2:13). Иако Библијата ја напишале луѓе, тоа што го запишале било од Јехова. Ако го прифатиме овој важен факт, ќе бидеме поприемливи за она што го читаме (2. Тимотеј 3:16).
Друг начин да ги подготвиме нашите срца е преку молитва. Бидејќи Бог го користел светиот дух за да ги оспособи луѓето да ја запишат Библијата, тој може да го употреби овој дух и за да ни помогне да ја разбереме. Мораме да се молиме за таква помош. Забележи колку го посакувал тоа псалмистот, кој напишал: „Научи ме да се придржувам кон Твојот Закон и ќе го чувам со сето срце“ (Псалм 119:34). Не треба да се молиме само умствено да го сфатиме тоа што е напишано, туку и да имаме став на срцето што ќе ни овозможи да го прифатиме. За да ја разбереме Библијата, треба да бидеме приемливи за она што е вистинито.
Додека длабоко размислуваш со цел да добиеш исправен умствен став, земи предвид како може да ти помогне проучувањето на Библијата. Имаме многу прекрасни причини да ја читаме Божјата реч, но најважна причина е што тоа може да ни Јаков 4:8). Додека читаме како Јехова реагира во разни ситуации, колку ги цени оние што го сакаат и како постапува со оние што го напуштаат, сфаќаме каква личност е. Наш главен мотив при читањето на Библијата секогаш треба да биде подобро да го запознаеме Бог и на тој начин да станеме уште поблиски со него.
помогне да се зближиме со Бог (Што нѐ спречува да имаме исправен став?
Што може да нѐ спречи да ја разбереме Божјата реч? Една пречка е кога се држиме за верувањата на оние на кои сме им лојални. На пример, можеби ги следиш верувањата и мислењата на оние што се многу ценети. Меѓутоа, што ако овие лица не ги поддржуваат или ценат вистините од Божјата реч? Во такви околности, може да ни биде тешко да разбереме што навистина учи Библијата. Затоа, Библијата нѐ поттикнува внимателно да го испитаме она за што сме поучени (1. Солуњаните 5:21).
Мајката на Исус, Марија, се соочила со таков проблем. Таа била воспитана според еврејската традиција. Внимателно го следела Мојсеевиот закон и несомнено одела во синагога. Подоцна во животот, сфатила дека Бог повеќе не го прифаќал начинот на обожавање за кој ја поучиле нејзините родители. Затоа, Марија ги прифатила Исусовите учења и била меѓу првите членови на христијанското собрание (Дела 1:13, 14). Со ова таа не покажала непочитување кон родителите и нивните традиции; напротив, ја покажала својата љубов кон Бог. За да имаме корист од Библијата, и ние, како Марија, мораме повеќе да му бидеме лојални на Бог отколку на луѓето.
За жал, многу луѓе не ја ценат библиската вистина. Некои се задоволни со тоа што ги следат религиозните обичаи што се темелат на невистини. Други, пак, покажуваат непочитување за вистината со начинот на кој зборуваат и живеат. Според тоа, треба да направиме некакви жртви за да ја прифатиме библиската вистина. Можеби ќе ти се противат твоите пријатели, соседи, колеги, па дури и твоите роднини (Јован 17:14). Сепак, еден мудар човек напишал: „Купувај вистина и не ја продавај“ (Пословици 23:23). Ако многу ја цениш вистината, Јехова ќе ти помогне да ја разбереш Библијата.
Уште една пречка да ја разбереме библиската порака е ако не сме спремни да го примениме она што таа го вели. Исус им го рекол следново на своите ученици: „Вам ви е дадено да ги разберете светите тајни на небесното царство, но на тие луѓе не им е дадено. Зашто срцето на овој народ станало неприемливо, и со ушите чуле, но без да се оѕвијат“ (Матеј 13:11, 15). Повеќето од оние на кои Исус им проповедал биле рамнодушни, не сакале да се променат. Колку само тие се разликувале од патувачкиот трговец за кој Исус зборувал во една парабола! Откако нашол еден бисер од голема вредност, трговецот веднаш продал сѐ што имал за да го купи! За нас треба да биде исто толку скапоцено разбирањето на библиската вистина (Матеј 13:45, 46).
Зошто е предизвик да се биде поучуван
Најголема пречка да ја разбереме Библијата е ако не сме спремни да учиме. Некои луѓе не прифаќаат нови идеи од лица што се на пониска положба од нив. Сепак, апостолите на Исус Христос биле „неуки и обични“ луѓе (Дела 4:13). За да објасни зошто биле такви, апостол Павле напишал: „Го гледате вашиот позив, браќа, дека не мнозина мудри во телесна смисла се повикани ниту, пак, мнозина моќни, ниту мнозина од благороден род; туку Бог го избра она што е безумно во светот за да ги посрами мудреците“ (1. Коринќаните 1:26, 27). Ако ти е тешко да покажеш понизност кога те поучува некое лице што е на пониска положба од тебе, запомни дека тој, или таа, е само средство преку кое Бог те поучува. Има ли поголема чест од тоа да бидеме поучени од Јехова, нашиот „[Најголем, NW] Учител“? (Исаија 30:20; 54:13).
На сирискиот воен заповедник Нееман му било тешко да прифати упатство од некој 2. Цареви 5:9-14). Ние се соочуваме со слична ситуација кога учиме од Библијата. Можеби сфаќаме дека, за да бидеме излекувани во духовен и во морален поглед, треба да го смениме начинот на живеење. Дали ќе бидеме понизни да дозволиме некој да нѐ поучува што треба да правиме? Само оние што се спремни да учат можат да ја разберат Библијата.
што бил на пониска положба од него. Барајќи лек за својата лепра, тој отишол да се види со Јеховиниот пророк Елисеј. Но, Божјите упатства за лекот Нееман ги добил преку еден слуга. Содржината на пораката и начинот на кој ја добил, ја ставиле на испит понизноста на Нееман. Затоа во почетокот одбил да го послуша Божјиот пророк. Набрзо потоа Нееман го сменил својот став и бил излекуван (Добар став покажал еден властодржец на кандакија, царицата на Етиопјаните. Тој се враќал во Африка со својата кола, кога ученикот Филип дотрчал до него и го прашал дали го разбира тоа што го чита. Службеникот бил доволно понизен за да одговори: „Како би можел ако некој не ме упати?“ Откако ја разбрал Божјата реч, тој човек се крстил. Потоа ‚продолжил по својот пат радувајќи се‘ (Дела 8:27-39).
Општо земено, Јеховините сведоци се обични луѓе. Секоја седмица тие ја проучуваат Библијата со преку шест милиони луѓе во нивните домови. Бидејќи Библијата нѐ поучува за најдобриот начин на живот, објаснува која е единствената надеж за луѓето и ни покажува како да го запознаеме Бог, милиони лица сфатиле дека е огромно задоволство да ја проучуваат и да ја разберат Библијата. Тоа задоволство можеш да го имаш и ти.
[Слика на страница 7]
На Нееман му било тешко да прифати упатства од еден обичен слуга
[Слика на страница 7]
Воодушевени сме кога ја разбираме Библијата