Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Прашања од читателите

Прашања од читателите

Прашања од читателите

Што можеме да научиме од забраната што се наоѓа во Излез 23:19: „Не вари го јарето во млекото на неговата мајка“?

Оваа заповед од Мојсеевиот закон, која се појавува три пати во Библијата, може да ни помогне да разбереме што смета Јехова дека е исправно, и колку е сочувствителен и обѕирен. Таа покажува и колку му е одбивно лажното обожавање (Излез 34:26; Второзаконие 14:21).

Да се вари јаре или друго животно во млекото на неговата мајка би било спротивно на тоа како Јехова ги поставил работите во природата. Бог го дал мајчиното млеко да се храни јарето и да му помогне да расте. Според зборовите на еден научник, варењето на јарето во млекото на неговата мајка би покажало „непочитување на односот помеѓу родителот и детето, што Бог го воспоставил и посветил“.

Освен тоа, некои сметаат дека е можно варењето на јарето во млекото на неговата мајка да бил еден пагански ритуал што се извршувал за да донесе дожд. Ако било така, тогаш забраната служела како заштита за Израелците од бесчувствителните и сурови религиозни обичаи на народите околу нив. Мојсеевиот закон конкретно им забранил на Израелците да не постапуваат според обичаите на тие народи (Левит 20:23).

На крајот, овој конкретен закон го покажува Јеховиното нежно сочувство. Всушност, Законот содржи неколку слични наредби кои забранувале суровост кон животните и спречувале да се постапува спротивно на она што е нормално во природата. На пример, Законот содржел заповеди според кои не смеело да се жртвуваат животни што не биле со мајката барем седум дена, не смеело во ист ден да се заколат мајката и младенчето, ниту, пак, од гнездото да се земат заедно мајката и нејзините јајца или пилиња (Левит 22:27, 28; Второзаконие 22:6, 7).

Јасно е дека Законот не бил само сложен збир од заповеди и забрани. Меѓу другото, неговите начела ни помагаат да бидеме посвесни за моралните вредности кои навистина ги одразуваат Јеховините прекрасни особини (Псалм 19:7-11).

[Извор на слика на страница 31]

© Timothy O’Keefe/Index Stock Imagery