Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Колку добро комуницираш?

Колку добро комуницираш?

Колку добро комуницираш?

„ЉУБОВНО писмо од шеесетгодишен човек“. Ова била темата на наградната игра што пред неколку години ја организирала една банка во Јапонија. Целта била да се поттикнат жителите на таа земја кои се во своите 50-ти и 60-ти години, да ги изразат своите „искрени чувства“ кон брачните другари. Еден од натпреварувачите ѝ го напишал следново на својата сопруга: „Можеби ти ќе ми се смееш, но знам дека ќе жалам ако не ти кажам, па затоа еве, од сѐ срце велам: Ти благодарам што се омажи за мене“.

Во разни култури, вклучувајќи и некои на Далечниот Исток, не е вообичаено луѓето отворено да ги изразуваат своите чувства. Сепак, на овој натпревар со љубовни писма се пријавиле преку 15.000 лица. Тој станал толку популарен што по него бил одржан уште еден натпревар, а биле објавени и книги на темел на писмата. Ова покажува дека, длабоко во себе, мнозина копнеат да го изразат она што го чувствуваат кон своите ценети брачни другари. Но, други се воздржуваат да го направат тоа. Зошто? Многу веројатно затоа што се свесни дека е потребен напор и вештина за да им помогнат на другите — на пример, на брачниот другар — да сфатат како се чувствуваат.

Хитоши Като, кој напишал книга околу пензионирањето, вели дека многу од бракоразводните постапки меѓу постарите брачни двојки во Јапонија се покренати на барање на сопругите, поради длабоко вкоренетата огорченост што им се насобрала низ годините. „Но,“ вели тој, „тоа се случува и затоа што сопружниците не си ги изразуваат чувствата кога минуваат низ тешки периоди“.

По пензионирањето, сопругот може да прими едно неочекувано изненадување од својата сопруга — бракоразводно барање. Како пар, можеби со години си немаат кажано што чувствуваат еден за друг. Можеби и едниот и другиот се обиделе да кажат што чувствуваат, но разговорот никогаш не течел така убаво како што било замислено. Наместо да стануваат поблиски еден со друг, тие постојано се караат за едни исти работи.

Како можат сопругот и сопругата мирно да ги решат своите несогласувања и на еден убав начин секој да си каже како му е? Можеби не си знаел дека најпрактичните совети што постојат не се наоѓаат во некоја најнова книга од некој брачен советник, туку во една древна книга која се цени со векови — Библијата.