Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Правото да се има име

Правото да се има име

Правото да се има име

СЕКОЈ има право да има име. На Тахити му се дава име дури и на едно напуштено новороденче, на кое не му се знаат таткото и мајката. Името и презимето на напуштеното дете ги одредува матичната служба.

Сепак, постои една личност на која може да се каже дека ѝ е ускратено ова основно право што им е загарантирано скоро на сите луѓе. Интересно е што тој е „Таткото, кому секое семејство на небото и на земјата му го должи своето име“! (Ефешаните 3:14, 15). Чудно, но многу луѓе всушност одбиваат да го користат името на Творецот, коешто е запишано во Библијата. Тие повеќе сакаат да го заменат со титули, како што се: „Бог“, „Господ“ или „Вечниот“. А кое му е името? Тоа прашање е одговорено во книгата на Осија: „А Господ е Бог Саваот; Јехова е името Негово“ (Осија 12:5ПСП).

Во првата половина на 19 век, кога на Тахити пристигнале мисионерите од Лондонското мисионерско друштво, луѓето во Полинезија обожавале неколку богови. Секој од нив имал име, а главните богови биле Оро и Таароа. За да направат разлика меѓу Богот од Библијата и другите богови, овие мисионери воопшто не се двоумеле да го користат Божјето име, кое на тахитски се пишува Iehova.

Ова име станало добро познато и било честопати користено во секојдневните разговори и во писмата. Кралот Помаре II од Тахити, кој владеел во почетокот на 19 век, честопати го користел Божјето име во своите приватни писма. Како доказ за тоа служи писмото што е прикажано овде. Напишано е на англиски и е изложено во Музејот на Тахити и неговите острови. Ова писмо е доказ дека луѓето во тоа време без никакви предрасуди го користеле Божјето име. Освен тоа, Божјето лично име се појавува илјадници пати во првиот превод на Библијата на тахитски, кој е завршен во 1835 година.

[Слика на страница 32]

Кралот Помаре II

[Извор на слика на страница 32]

Кралот и писмото: Collection du Musée de Tahiti et de ses Îles, Punaauia, Tahiti