Божјата намера со Земјата — наскоро ќе се исполни
Божјата намера со Земјата — наскоро ќе се исполни
ДОДЕКА Адам и Ева сѐ уште биле во Рајот, Бог им го дал следниов налог: „Плодете се и множете се и наполнете ја земјата, и потчинете ја! Владејте над рибите во морето и над птиците во воздухот и над сите живи суштества што лазат по земјата!“ (Битие 1:28).
Да ја потчинат Земјата не значело да обработуваат едно мало парче земјиште. Адам, Ева и нивните потомци требало да го прошират Рајот на целата планета. Меѓутоа, првиот човечки пар згрешил и бил истеран од градината Еден (Битие 3:23, 24). Сепак, тоа не значело дека Земјата никогаш нема да биде потчинета.
Послушните луѓе ќе можат да ја потчинат Земјата бидејќи ќе бидат благословени од Бог. Кога луѓето од древниот Израел имале Божји благослов, нивните полиња давале добри приноси, а нивните овоштарници вкусно овошје. Слични услови ќе завладеат и како што нашава планета постепено ќе станува рај. Тоа е ветено во Божјата вдахновена реч, Библијата: ‚Земјата ќе роди плод! Бог ќе нѐ благослови, нашиот Бог!‘ (Псалм 67:6). Всушност, плодните пасишта и планините, дрвјата и цвеќињата, реките и морињата ќе се веселат (Псалм 96:11-13; 98:7-9). Нашата планета ќе биде полна со бујна вегетација, разнобојни птици, прекрасни животни и љубезни луѓе.
Наскоро ќе дојде нов свет!
Сега сме на прагот на еден нов свет што го ветил Јехова Бог. Апостол Петар напишал: „Според неговото ветување очекуваме нови небеса и нова земја, и во нив ќе престојува праведност“ (2. Петрово 3:13). Откако ќе ги прочитаат овие зборови на Петар, некои можат да заклучат дека нашава планета никогаш нема да стане рај. Можеби ќе помислат дека ќе бидат заменети физичките небо и земја. Дали тоа ќе се случи?
Што се ‚новите небеса‘? Тоа не е физичкото небо што го создал Бог (Псалм 19:1, 2). Во претходните стихови Петар веќе зборувал за симболичните ‚небеса‘ — човечките влади кои се издигнати или возвишени над своите поданици (2. Петрово 3:10-12). Овие ‚небеса‘ неуспешно владееле со човештвото и ќе исчезнат (Еремија 10:23; Даниел 2:44). ‚Новите небеса‘ што ќе ги заменат човечките влади се однесуваат на Божјето Царство кое е составено од Царот Исус Христос и неговите 144.000 совладетели воскреснати за небесен живот (Римјаните 8:16, 17; Откровение 5:9, 10; 14:1, 3).
‚Новата земја‘ што ја спомнал Петар не е нова планета. Јехова совршено ја создал Земјата за луѓето вечно да живеат на неа (Псалм 104:5). Понекогаш, кога во Библијата се користи зборот „земја“ се мисли на луѓето (Битие 11:1). Земјата што наскоро ќе биде уништена ја сочинуваат луѓето кои се дел од овој злобен свет. Нешто слично се случило во Потопот од времето на Ное, кога еден свет со безбожни луѓе бил уништен (2. Петрово 3:5-7). Тогаш, што е ‚новата земја‘? Тоа е ново човечко општество — вистински слуги на Бог, кои се ‚чесни во срцето‘ (Псалм 125:4; 1. Јованово 2:17). Сите закони за ‚новата земја‘ ќе дојдат од ‚новите небеса‘. Верни мажи на Земјата ќе бидат одговорни за спроведување на тие закони.
Нови и прекрасни работи!
Јехова несомнено ни дал прекрасен дом кога ја подготвил Земјата за на неа да живеат луѓе. Самиот тој рекол дека сѐ што направил во врска со Земјата било „многу добро“ (Битие 1:31). Сатана Ѓаволот ги навел Адам и Ева да се побунат (Битие 3:1-5; Откровение 12:9). Меѓутоа, Бог наскоро ќе се погрижи праведните да го добијат „вистинскиот живот“. Тоа значи ‚вечен живот‘ во совршени услови во Рај (1. Тимотеј 6:12, 19). Сега да разгледаме некои од благословите кои ќе ги уживаат луѓето тогаш.
За време на Христовото илјадагодишно владеење, Сатана ќе биде затворен и нема да може да им нанесува неволји на луѓето. Апостол Јован рекол: „Видов еден ангел [архангел Михаел, или Исус Христос] како слегува од небото со клучот од бездната и со голем синџир во раката. И го фати змејот, празмијата, кој е Ѓаволот и Сатаната, и го врза на илјада години. И го фрли во бездна, која ја заклучи и ја запечати над него, за повеќе да не ги заведува нациите додека не завршат илјадата години“ (Откровение 20:1-3; 12:12). Освен што ќе бидат ослободени од влијанието на Сатана додека тој е во бездна, луѓето ќе уживаат и во други благослови под власта на Царството.
Злобата, насилството и војните ќе бидат минато. Библијата ветува: „Уште малку и ќе го снема безбожникот, ќе го бараш неговото место, а него веќе ќе го нема. Псалм 37:10, 11, 29). Јехова Бог ќе „ги прекрати војните до крајот на земјата“ (Псалм 46:9). Каква прекрасна гаранција дека ќе има безбедност и мир!
Кротките ќе ја наследат земјата, тие ќе уживаат во изобилен мир. Праведните ќе ја наследат земјата и ќе живаеат довека на неа“ (Ќе има изобилство здрава и вкусна храна. Псалмистот пеел: ‚Земјата ќе изобилува со жито, по планинските висови класје ќе се бранува!‘ (Псалм 72:16, Радосна вест). Во тоа време никој нема да страда и умира од глад.
Никој нема да биде болен. Навистина, „ниеден жител нема да рече: ‚Болен сум!‘“ (Исаија 33:24; 35:5, 6). Кога Исус Христос бил на Земјата, ги лечел лепрозните и ги исцелувал сакатите и слепите (Матеј 9:35; Марко 1:40-42; Јован 5:5-9). А замисли си што ќе направи во новиот свет! Помисли колку ќе бидат среќни слепите, глувите, сакатите и немите кога ќе бидат излечени.
Послушните луѓе ќе бидат доведени до совршенство, нема повеќе да ги измачуваат разорните последици од староста. Повеќе нема да има потреба од очила, бастуни, патерици, инвалидски колички, болници и лекови. Каква само промена ќе доживееме кога ќе ни се обнови младешката сила! (Јов 33:25). Секое утро ќе се будиме добро наспани и свежи, спремни да започнеме нов ден со активности во кои ќе уживаме.
Срцата ќе ни бликаат од радост кога ќе воскреснат нашите најмили, како и други луѓе (Јован 5:28, 29; Дела 24:15). Колку возбудливо ќе биде да ги пречекаме Авел, Ное, Авраам, Сара, Јов, Мојсеј, Рут, Давид, Илија, Естира и уште многу други! Ќе бидат воскреснати и милиони други луѓе. Повеќето од нив никогаш не чуле за Јехова, но ќе бидат пречекани од луѓе што се желни да ги поучат за Бог, за неговата намера и за неговиот Син, Исус Христос. Откако воскреснатите ќе го запознаат својот Творец, Земјата навистина ќе се наполни со знаење за Јехова.
Најважно од сѐ, ќе можеме засекогаш да му служиме на единствениот вистински Бог. Ќе ја имаме прекрасната можност да ‚му служиме на Господа со веселба‘ и сложно да соработуваме градејќи убави домови, обработувајќи ја земјата сѐ додека конечно не ја потчиниме целата планета (Псалм 100:1-3; Исаија 65:21-24). Навистина ќе биде задоволство да се живее вечно во еден плоден, прекрасен рај во кој ќе владее мир, и кој ќе му носи слава на Јеховиното свето име! (Псалм 145:21; Јован 17:3).
Последниот испит за човештвото
За време на своето Илјадагодишно владеење, Исус ќе му овозможи на секој послушен човек да ги почувствува благословите од неговата откупна жртва. Со текот на времето, гревот потполно ќе биде отстранет и човештвото ќе стане совршено (1. Јованово 2:2; Откровение 21:1-4). Откако ќе бидат целосно отстранети последиците од гревот на Адам, совршените луѓе ќе постапуваат според Божјите мерила во физички, умствен, морален и духовен поглед. Со тоа што ќе станат совршени и безгрешни, тие во потполна смисла ‚ќе оживеат‘ (Откровение 20:5). Колку сето тоа, како и рајската земја ќе го слави Јехова!
Откровение 20:1-3). Ќе им биде дозволено за последен пат да се обидат да ги одвратат луѓето од Бог. Иако некои луѓе ќе им попуштат на погрешните желби, оваа побуна ќе пропадне. Јехова ќе ги уништи тие себични лица заедно со Сатана и сите негови демони. Никогаш повеќе нема да постои злобата. Сите престапници ќе бидат уништени засекогаш, а праведните ќе добијат вечен живот (Откровение 20:7-10).
Откако ќе заврши Христовото илјадагодишно владеење, Сатана Ѓаволот и неговите демони, или злобните ангели, ќе бидат ослободени за кратко време од бездната во која биле затворени десет векови пред тоа (Ќе бидеш ли таму?
Оние што го сакаат Јехова Бог имаат изгледи да бидат вечно среќни. Бескрајниот живот во рајот воопшто нема да биде здодевен. Всушност, како што ќе одминува времето, животот ќе станува сѐ поинтересен затоа што она што можеме да го учиме за Јехова Бог нема граници (Римјаните 11:33). Секогаш ќе има нешто ново да се научи и ќе имаме многу време за тоа. Зошто? Затоа што нема да живееме само 70 или 80 години, туку засекогаш (Псалм 22:26; 90:10; Проповедник 3:11).
Ако го сакаш Бог, секогаш со задоволство ќе ја вршиш неговата волја. Апостол Јован напишал: „Љубовта кон Бог значи ова: да ги држиме неговите заповеди; а неговите заповеди не се тешки“ (1. Јованово 5:3). Затоа, не дозволувај ништо да те спречи да го радуваш Јехова Бог со тоа што ќе го правиш она што е исправно. Секогаш имај ја на ум прекрасната надеж што ни ја дава Божјата реч, Библијата. Биди одлучен да ја вршиш Јеховината волја и никогаш не скршнувај од тој правец. Тогаш ќе бидаш таму кога ќе се исполни Божјата намера за Земјата и кога нашиот глобален дом ќе стане вечен рај.
[Слика на страница 4]
Со Божји благослов, израелските полиња раѓале изобилно
[Слика на страница 7]
Кои благослови се надеваш да ги доживееш во Рајот?