„Од денес, верувам дека постои Бог“
„Од денес, верувам дека постои Бог“
ЕДНА Украинка по име Александра, која живее во Прага (Република Чешка), се враќала дома од работа. На една трамвајска станица, наземи забележала една мала кутија потклоцнувана од минувачите. Кога ја кренала кутијата и погледнала внатре, не можела да си поверува на очите. Имало еден куп банкноти, секоја со вредност од по 5.000 круни (130 евра). Никој во околината не изгледал како да ја бара кутијата. Како доселеник во Република Чешка, Александра макотрпно заработувала за живот. Што да направи?
Кога се вратила дома, Александра ѝ ја покажала кутијата на ќерка ѝ, Викторија. Заедно ја пребарале за да ги најдат името и адресата на сопственикот, но не нашле ништо. Меѓутоа, во кутијата имало мало парче хартија на кое биле напишани некои бројки. На едната страна од ливчето бил запишан број на нечија банковна сметка, а на другата страна имало уште броеви. Во кутијата имало и упатства до локалната банка и белешка на која пишувало: „330.000 круни“ (околу 8.000 евра). Токму толку пари имало во кутијата.
Александра се обидела да стапи во контакт со банката користејќи ги бројките за кои претпоставувала дека се телефонски број, но безуспешно. Затоа, заедно со ќерка ѝ отишле во банката и објасниле што се случило. Прашале за бројот на сметката што го нашле во кутијата. Но, во банката немало сметка на тој број. Следниот ден, Александра го донела другиот број што бил во кутијата. И навистина, една жена била корисник на тој број на сметка во банката. Александра и Викторија контактирале со жената, и таа потврдила дека ги загубила парите. Кога конечно се сретнале, жената срдечно им се заблагодарила и ги прашала: „Под кои услови ќе ми ги вратите парите?“
Викторија одговорила: „Без никакви услови. Ако ги сакавме парите, ќе ги задржевме“. На чешки, кој слабо го знаела, објаснила: „Ви ги враќаме парите затоа што сме Јеховини сведоци. Нашата совест обликувана според Библијата не ни дозволува да задржиме нешто што не е наше“ (Евреите 13:18). Жената радосно им рекла: „Од денес, верувам дека постои Бог“.