Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Власеницата и духовноста

Власеницата и духовноста

Власеницата и духовноста

ЈА НОСЕЛ кралот Луј IX од Франција. Му помогнала на сер Томас Мор да останува буден по 19 или 20 часови на ден, неколку месеци по ред, додека студирал право во младоста. Всушност, Мор ја носел поголемиот дел од животот. А кога во катедралата во Кантербери бил убиен Томас Бекет, тамошниот надбискуп, неочекувано била откриена под неговата облека. Што имаат заедничко овие историски личности? Тие си го измачувале телото носејќи власеница.

Власеницата е груба кошула направена од козја волна, а се носела припиена до телото за да ја раздразнува и гребе кожата, предизвикувајќи многу непријатно чувство. Исто така, таа лесно се полнела со вошки. Се вели дека Томас Бекет ја носел својата власеница, како и бечви од истиот материјал, сѐ додека не „вриеле со вошки“. По 16 век, некои луѓе наместо козја волна носеле тенка бодликава жица свртена кон телото. Ваквата кошула била уште понепријатна за носење.

Според еден речник, целта на власеницата, како и на другите облици на измачување, била да се „заузда непокорното тело, а да се поттикне развојот на една подуховна личност и начин на живот“. Власеница не носеле само претерано религиозните; ја носел и обичниот народ, како и оние од повисоките класи. Дури и денес, членовите на некои религиозни редови користат власеница.

Дали некој може да стане духовна личност со тоа што ќе носи власеница или, пак, со тоа што намерно ќе се лишува од некои физички потреби? Не, духовноста не зависи од нешто такво. Всушност, апостол Павле зборувал против ‚суровото постапување со телото‘ (Колошаните 2:23) *. Наместо тоа, ако некој сака да стане вистински духовна личност, треба да учи за Бог преку марливо проучување на Неговата Реч, и да го применува наученото во животот.

[Фуснота]

^ пас. 5 За повеќе информации во врска со ова види во Разбудете се! од 8 јануари 1998 година, „Гледиште на Библијата — Дали аскетизмот е клуч за мудроста?

[Извори на слики на страница 32]

Крал Луј IX, горе: Од книгата Great Men and Famous Women (Големите мажи и прочуените жени); Томас Бекет, во средина: Од книгата Ridpath’s History of the World (Vol. IV); Томас Мор, долу: Од книгата Heroes of the Reformation, 1904 (Херои на реформацијата, 1904)