Прашања од читателите
Прашања од читателите
По конечниот испит на крајот од Милениумот, дали ќе биде можно луѓето да згрешат и да умрат?
Два стиха од Откровение ни помагаат да дојдеме до одговорот на ова прашање: „А смртта и Хадесот беа фрлени во огненото езеро. Тоа значи втората смрт, огненото езеро“ (Откровение 20:14). „Тој ќе ја избрише секоја солза од нивните очи, и смрт нема да има веќе, ниту ќе има веќе тага ни пискот ни болка. Поранешните работи поминаа“ (Откровение 21:4).
Забележи кога се случува ова. „Смртта и Хадесот“ ќе бидат фрлени во огненото езеро откако преживеаните од Армагедон, воскреснатите мртви и сите што ќе се родат по Армагедон ќе бидат судени на темел на „она што е напишано во свитоците“, или деталните барања што Јехова ќе ги даде за луѓето во текот на тие илјада години (Откровение 20:12, 13). Апостол Јован запишува и друга визија, што се наоѓа во Откровение 21. поглавје, а која ќе се исполни во текот на Илјадагодишното владеење на Исус Христос. Меѓутоа, потполното исполнување на таа визија е на крајот од илјадагодишниот Суден ден. Тогаш, Јехова ќе живее со луѓето во најпотполна смисла, без посредници, бидејќи Исус ќе му го предаде Царството на својот Татко. Во симболична смисла, Јехова постојано и без посредници ќе живее со ‚неговите народи‘. Ветувањето дека „смрт нема да има веќе“ потполно ќе се исполни кога луѓето ќе станат совршени, како резултат на тоа што целосно ќе се примени вредноста на Христовата откупна жртва (Откровение 21:3, 4).
Значи, смртта што е спомната во стиховите кои се цитирани погоре е смртта што сме ја наследиле од Адам, која ќе биде поништена преку откупнината на Христос (Римјаните 5:12-21). Откако ќе биде поништена смртта што човештвото ја наследило од првиот човек, луѓето ќе станат исти како Адам, кога бил создаден. Тој бил совршен, но тоа не значело дека не постоела можност да умре. Јехова му рекол на Адам да не јаде од „дрвото за познавање на доброто и злото“, и додал: „Во денот кога јадеш од него, навистина ќе умреш!“ (Битие 2:17). Тоа била смрт поради намерен грев. По последниот испит, на крајот од Илјадагодишното владеење, луѓето сѐ уште ќе имаат слободна волја (Откровение 20:7-10). Сѐ уште ќе можат слободно да избираат дали ќе продолжат да му служат на Јехова, или не. Не може со сигурност да се тврди дека ниеден човек никогаш нема да му го сврти грбот на Бог, како што направил Адам.
Што ќе се случи со оние што ќе изберат да се побунат по последниот испит, кога веќе нема да постојат смртта или Хадесот? Тогаш нема да постои смртта наследена од Адам. Исто така, нема да постои Хадесот, симболичното заедничко место во кое се наоѓаат сите луѓе што умреле, за кои постои надеж дека ќе воскреснат. Меѓутоа, Јехова може да уништи некој бунтовник во огненото езеро, од каде што не постои надеж дека ќе воскресне. Оваа смрт би била како онаа на Адам и Ева, а не како смртта што луѓето ја наследиле од Адам.
Но, немаме причина да очекуваме дека такво нешто ќе се случи. Оние што ќе го поминат последниот испит ќе се разликуваат од Адам во една многу важна работа. Тие ќе бидат потполно испитани. Можеме да бидеме уверени дека овој последен испит ќе биде темелен, бидејќи Јехова знае како потполно да ги испита луѓето. Со сигурност можеме да кажеме дека последниот испит ќе го отстрани секој што би ја злоупотребил својата слобода на избор. Значи, иако е можно оние што ќе го поминат последниот испит да се побунат против Бог и да бидат уништени, премногу е мала веројатноста дека тоа навистина ќе се случи.
[Слика на страница 31]
По последниот испит, во која смисла луѓето ќе бидат слични со Адам?