‚Ние не можеме да не зборуваме за Исус‘
„Мораме да му се покоруваме на Бог, а не на луѓето“
‚Ние не можеме да не зборуваме за Исус‘
СЕ НАОЃАМЕ во 33 година од н.е., во грандиозната судница на еврејскиот државен суд во Ерусалим. Судскиот совет, или Синедрионот, ќе започне да ги суди 12-те следбеници на Исус Христос. Зошто? Затоа што проповедаат за Исус. Апостолите Петар и Јован се наоѓаат пред судот по вторпат, а останатите апостоли се таму за првпат.
Првосвештеникот им се обраќа на 12-те апостоли во врска со наредбата што Судот ја има издадено во една претходна прилика. Тогаш им наредиле да престанат да поучуваат за Исус, но апостолите Петар и Јован одговориле: „Пресудете сами дали е праведно пред Бог да ве слушаме вас, а не Бог! Ние не можеме да не зборуваме за она што сме го виделе и чуле“. Откако се помолиле за храброст, апостолите на Исус и понатаму продолжиле да ја објавуваат добрата вест (Дела 4:18-31).
Свесен дека претходните закани не родиле плод, на ова второ судење првосвештеникот изјавува: „Строго ви наредивме да не поучувате во тоа име, а вие, еве, го наполнивте Ерусалим со своето учење и сакате крвта на тој човек да ја фрлите на нас“ (Дела 5:28).
Непоколеблива решеност
Храбро одговарајќи му, ‚Петар и другите апостоли велат: „Мораме да му се покоруваме на Бог, а не на луѓето“‘ (Дела 5:29). Да, кога барањата на луѓето се во спротивност на барањата на Јехова, мора да му се покориме на Јехова, наместо на некој што е само обичен човек. a
На овие зборови, кои потврдуваат колку верни му се апостолите на Бог, Судскиот совет би требало да им придаде голема важност. Кога би било побарано нивно мислење околу покорноста на Бог, овие водачи на еврејското општество би требало едногласно да одговорат: ‚Покорувај му се на Бог‘. Впрочем, нели тие самите веруваат дека Бог е Севишен Господар на вселената?
Очигледно зборувајќи од името на сите апостоли, Петар објаснува дека, кога станува збор за нивната служба, тие му се покорни на Бог, а не на луѓето. Според тоа, тој го поништува обвинувањето за наводна непослушност од страна на апостолите. Од минатото на својот народ, членовите на Судскиот совет добро знаат дека постојат прилики кога е потполно оправдано да се биде покорен на Бог наместо на луѓето. Двете бабици во Египет се боеле од Бог, а не од фараонот, со тоа што ги оставиле живи новороденчињата на Еврејките (2. Мојсеева 1:15-17). Царот Езекија се подложил на Јехова, а не на царот Сенахирим, кога бил ставен под притисок да се предаде (2. Царевите 19:14-37). Во Хебрејските списи, кои им се познати на членовите на Судскиот совет, е истакнато дека Јехова очекува неговиот народ да му биде подложен (1. Самоилова 15:22, 23).
Подложноста е наградена
Барем на еден член на високиот суд очигледно му повлијаеле зборовите „мораме да Дела 5:34-39).
му се покоруваме на Бог, а не на луѓето“. Гамалиел, високо ценет судија во Судскиот совет, на затворената расправа сака да го убеди Судот да го послушаат неговиот мудар совет. Наведувајќи им примери од минатото, Гамалиел укажува дека не е мудро да се мешаат во она што го прават апостолите. Заклучува со зборовите: „Не гибајте ги тие луѓе, туку пуштете ги... за да не се покаже дека се борите против Бог“ (Разумните зборови на Гамалиел го убедуваат високиот суд да ги ослободи апостолите. Иако се истепани со стапови, апостолите воопшто не се исплашени од она што ги снаоѓа. Наместо тоа, како што вели извештајот од Библијата: „Секој ден, во храмот и од куќа до куќа, без престан поучуваа и ја објавуваа добрата вест за Христос, Исус“ (Дела 5:42).
Колку биле благословени апостолите затоа што потврдиле дека Божјиот авторитет е највисок! И вистинските христијани денес имаат ист таков став. Јеховините сведоци и понатаму го гледаат Јехова како свој Врховен Владетел. Ако им е наредено да постапат спротивно на Божјите упатства, тие одговараат исто како што одговориле и апостолите: „Мораме да му се покоруваме на Бог, а не на луѓето“.
[Фуснота]
a Види го Календарот на Јеховините сведоци за 2006 година, септември/октомври.
[Рамка/слики на страница 9]
СИ СЕ ПРАШАЛ ЛИ НЕКОГАШ?
Како писателот Лука дошол до информации во врска со тоа што го кажал Гамалиел на затворената расправа на Судскиот совет? Можеби Бог директно му ги открил на Лука зборовите на Гамалиел. Друга можност е Лука да дознал што кажал Гамалиел од Павле (некогашен ученик на Гамалиел). Или, можеби Лука прашал некој нивни симпатизер од високиот суд.