Надевај се на Јехова и биди храбар
Надевај се на Јехова и биди храбар
„Надевај се на Јехова, биди храбар, и твоето срце нека биде цврсто! Надевај се на Јехова!“ (ПСАЛМ 27:14).
1. Колку е важна надежта, и како се користи тој збор во Светото писмо?
ВИСТИНСКАТА надеж е како блескава светлина. Ни помага да гледаме подалеку од нашите сегашни неволји и да се соочиме со иднината храбро и со радост. Само Јехова може да ни даде сигурна надеж, а тоа го прави преку својата вдахновена Реч (2. Тимотеј 3:16). Всушност, зборовите „надеж“ и „се надева“ се појавуваат преку 160 пати во Библијата и се однесуваат и на силната и цврста увереност дека ќе се случи нешто добро, и на остварувањето на она што некој го очекувал. * Таквата надеж не е само обична желба, која можеби нема никаква основа ниту шанси да се исполни.
2. Каква улога играла надежта во животот на Исус?
2 Кога имал искушенија и неволји, Исус гледал подалеку од она што се случувало во моментот и се надевал на Јехова. „Поради радоста што стоеше пред него, претрпе маченички столб, не мислејќи на срамот, и седна од десната страна на Божјиот престол“ (Евреите 12:2). Бидејќи бил сосредоточен на целта да се оправда Јеховиното право на владеење и да се посвети Неговото име, Исус никогаш не попуштил во послушноста на Бог, без оглед колку би го чинело тоа.
3. Каква улога игра надежта во животот на Божјите слуги?
3 Цар Давид укажува на врската помеѓу надежта и храброста, велејќи: „Надевај се на Јехова, биди храбар, и твоето срце нека биде цврсто! Надевај се на Јехова!“ (Псалм 27:14). Ако сакаме срцето да ни биде цврсто, не смееме да дозволиме нашата надеж да се замагли туку секогаш треба да ни биде јасна во мислите и да ни биде длабоко во срцето. Тоа ќе ни помогне да го следиме примерот на Исус и да бидеме храбри и ревносни додека го извршуваме делото што им го дал на своите ученици (Матеј 24:14; 28:19, 20). Всушност, надежта е спомната заедно со верата и љубовта како многу важна, трајна особина што Божјите слуги секогаш ја покажуваат во својот живот (1. Коринќаните 13:13).
Дали ‚обилуваш со надеж‘?
4. Што очекуваат со силна желба помазаните христијани и ‚другите овци‘?
4 Пред Божјиот народ стои прекрасна иднина. Помазаните христијани желно чекаат да служат заедно со Христос на небото, а ‚другите овци‘ се надеваат ‚да бидат ослободени од робувањето на распадливоста и да ја добијат славната слобода на [земните] Божји деца‘ (Јован 10:16; Римјаните 8:19-21; Филипјаните 3:20). Таа ‚славна слобода‘ вклучува избавување од гревот и неговите страшни последици. Всушност, Јехова — кој го дава „секој добар дар и секој совршен подарок“ — ќе им го даде на оние што му се лојални само најубавото (Јаков 1:17; Исаија 25:8).
5. Како можеме да ‚обилуваме со надеж‘?
5 Колку голема улога треба да игра христијанската надеж во нашиот живот? Во Римјаните 15:13 читаме: „Бог, кој дава надеж, нека ве исполни со секоја радост и мир затоа што верувате, за да обилувате со надеж преку силата на светиот дух“. Да, надежта може да се спореди не со некаква свеќа во темнината, туку со блескавите зраци на утринското сонце, бидејќи го исполнува животот со мир, среќа, смисла и храброст. Забележи дека ние ‚обилуваме со надеж‘ кога веруваме во Божјата пишана реч и кога го добиваме неговиот свет дух. Во Римјаните 15:4 стои: „Сѐ што беше некогаш напишано, напишано е за наша поука, за преку својата истрајност и преку утехата од Писмата да имаме надеж“. Затоа, прашај се: ‚Дали ја одржувам светла мојата надеж со тоа што редовно и темелно ја проучувам Библијата и ја читам секој ден? Дали често се молам за Божјиот дух?‘ (Лука 11:13).
6. Од што мораме да се чуваме за да ни остане светла надежта?
6 Исус, нашиот Пример, црпел сила од Божјата реч. Ако подлабоко размислиме за него, нема да дозволиме ‚да се умориме и душите да ни папсаат‘ (Евреите 12:3). Сосема е логично дека, ако надежта што ни ја дава Бог се замагли во нашите мисли и срце или ако вниманието ни го одвлечат други работи — можеби материјалните работи или световните цели — наскоро би можел да нѐ обземе духовен замор, кој на крајот би можел да води до тоа да снемаме сила и храброст да живееме според моралните мерила. Во таква состојба може да доживееме дури и „бродолом во верата“ (1. Тимотеј 1:19). Од друга страна, пак, вистинската надеж ни ја зајакнува верата.
Надежта — неопходна за верата
7. Во кој поглед надежта е неопходна за верата?
7 „Верата е цврста увереност дека ќе се случи она на кое се надеваме, доказ за она што е вистинско, иако не се гледа“, стои во Библијата (Евреите 11:1). Значи, надежта не е само некаква споредна работа на верата, туку таа е основен елемент на верата. Размисли за Авраам. Од човечка гледна точка, тој и неговата жена, Сара, веќе биле престари за да имаат деца кога Јехова им ветил наследник (1. Мојсеева 17:15-17). Како реагирал Авраам? „Иако немаше причина да се надева, тој имаше надеж, па поверува дека ќе стане татко на многу народи“ (Римјаните 4:18). Да, надежта што му ја дал Бог на Авраам ѝ дала цврст темел на неговата вера дека ќе има потомок. А верата, пак, му помогнала да има уште посветла и посилна надеж. Авраам и Сара имале храброст дури и да го напуштат својот дом и своите роднини и да го поминат остатокот од животот во шатори во туѓа земја!
8. Како верната истрајност ја засилува надежта?
8 Авраам ја одржувал силна својата надеж со тоа што во сѐ го слушал Јехова, дури и кога му било тешко да покаже таква послушност (1. Мојсеева 22:2, 12). Слично, ако бидеме послушни и истрајни во Јеховината служба, и ние можеме да бидеме уверени дека ќе ја добиеме нашата награда. „Истрајноста“, напишал Павле, води до „испитаност“, која раѓа надеж, „а надежта нема да разочара“ (Римјаните 5:4, 5). Затоа, Павле го напишал и следново: „Сакаме секој од вас да покажува таква трудољубивост за да бидете сѐ до крајот потполно сигурни во исполнувањето на својата надеж“ (Евреите 6:11). Таквиот позитивен став, кој се темели на блискиот однос со Јехова, може да ни помогне храбро, дури и радосно да се соочиме со секакви неволји.
‚Радувај се во надежта‘
9. Што треба да правиме редовно за да ‚се радуваме во надежта‘?
9 Надежта што ни ја дава Бог е многу подобра од сѐ што може да ни понуди светот. Во Псалм 37:34 стои: „Надевај се на Јехова и држи се за неговиот пат. Тој ќе те возвиши, и ти ќе ја поседуваш земјата. Кога злите ќе бидат истребени, ти ќе го видиш тоа“. Да, имаме многу причини ‚да се радуваме во надежта‘ (Римјаните 12:12). Меѓутоа, за да успееме во тоа, надежта мора секогаш да ни биде жива во мислите. Дали редовно размислуваш за надежта што ти ја дава Бог? Можеш ли да се замислиш себеси во рајот, како пукаш од здравје, без никакви грижи, опкружен со луѓе што ги сакаш и работиш нешто што навистина те исполнува? Дали размислуваш за сцените од рајот што се прикажани во нашите публикации? Редовното размислување за овие работи би можело да се спореди со чистење прозорец кој дава една величествена глетка. Ако не го чистиме стаклото, наскоро правот и нечистотијата ќе ја замаглат сцената и нема да биде толку убава и јасна. Тогаш вниманието ќе ни го одвлечат други работи. Никогаш да не дозволиме да се случи тоа!
10. Како може да се зајакне нашиот однос со Јехова ако мислиме на наградата?
10 Се разбира, главната причина од која му служиме на Јехова е тоа што го сакаме (Марко 12:30). Сепак, треба со исчекување да мислиме и на наградата. Всушност, Јехова го очекува тоа од нас! Во Евреите 11:6 стои: „Без вера не е можно да му се угоди на Бог, зашто оној што му пристапува мора да верува дека тој постои и дека ги наградува оние што ревносно го бараат“. Зошто Јехова сака да очекуваме тој да нѐ награди? Затоа што на тој начин покажуваме дека добро го познаваме нашиот небесен Татко. Тој е великодушен и ги сака своите деца. Замисли си колку несреќни и обесхрабрени би биле кога не би имале „иднина и надеж“ (Еремија 29:11).
11. Како надежта што му ја дал Бог на Мојсеј му помогнала да донесува мудри одлуки?
11 Извонреден пример на некој што постојано мислел на надежта што му ја дал Бог бил Мојсеј. Како „син на фараоновата ќерка“, Мојсеј ги имал моќта, угледот и богатството што можел да ги понуди Египет. Дали ќе сака да ги добие тие работи, или ќе му служи на Јехова? Мојсеј храбро го избрал второто. Зошто? Затоа што ‚го Евреите 11:24-26). Да, Мојсеј сигурно не бил рамнодушен кон надежта што му ја дал Јехова.
насочил погледот кон наградата што ќе ја добие‘ (12. Зошто христијанската надеж е како шлем?
12 Апостол Павле ја споредил надежта со шлем. Нашиот симболичен шлем ги штити нашите мисли и ни помага да донесуваме мудри одлуки, да си поставуваме исправни приоритети и да останеме верни (1. Солуњаните 5:8). Дали секогаш го имаш на себе овој симболичен шлем? Ако да, тогаш исто како Мојсеј и Павле, нема да се надеваш „на несигурното богатство, туку на Бог, кој богато ни дава сѐ за да уживаме во тоа“. Точно е дека треба храброст за да се оди против популарните трендови со тоа што ќе се отфрлат себичните цели, но вреди да се вложи труд! А зошто да се задоволиш со нешто помалку од „вистинскиот живот“, што ги чека оние што се надеваат на Јехова и го сакаат? (1. Тимотеј 6:17, 19).
„Никогаш нема да те оставам“
13. Во што ги уверува Јехова своите лојални слуги?
13 Луѓето што се надеваат на сегашниов свет сигурно се многу загрижени за иднината, бидејќи светот го зафаќаат сѐ поголеми ‚болни неволји‘ (Матеј 24:8). Но, оние што се надеваат на Јехова не стравуваат. Тие и понатаму ‚ќе живеат мирно, и нема да се плашат од зло‘ (Изреки 1:33). Бидејќи не се надеваат на сегашниот свет, радосно го следат Павловиот совет: „Во вашиот живот нека нема љубов кон парите, туку бидете задоволни со она што го имате. Зашто, тој рекол: ‚Никогаш нема да те оставам и никогаш нема да те напуштам‘“ (Евреите 13:5).
14. Зошто христијаните не треба да бидат претерано загрижени за своите материјални потреби?
14 Ова ветување не остава простор за сомневање дека Бог ќе се грижи за нас. И Исус нѐ уверил во Божјата нежна грижа, велејќи: „Барајте ги најнапред царството и Божјата праведност, а сето ова [материјалните работи што ни требаат во животот] ќе ви се додаде. И така, не бидете загрижени за утрешниот ден, зашто утрешниот ден ќе си има свои грижи“ (Матеј 6:33, 34). Јехова знае дека не е лесно да бидеме ревносни за неговото Царство и во исто време да ја носиме целата тежина на одговорноста да се грижиме за своите физички потреби. Затоа, да покажеме потполна доверба дека тој може и сака да се грижи за нашите потреби (Матеј 6:25-32; 11:28-30).
15. Како христијаните задржуваат ‚бистро око‘?
15 Покажуваме дека се потпираме на Јехова кога имаме ‚бистро око‘, односно око што е „сосредоточено само на една работа“ (Матеј 6:22, 23, фуснота). Таквото око е искрено, со чисти мотиви, без лакомост и себични амбиции. Да имаме бистро око не значи дека треба да живееме во крајна сиромаштија или дека не треба да водиме сметка за своите христијански одговорности. Напротив, тоа значи да бидеме ‚разборити‘ додека на прво место во животот ни е службата за Јехова (2. Тимотеј 1:7).
16. Зошто се потребни вера и храброст за да задржиме бистро око?
16 За да задржиме бистро око, треба да имаме вера и храброст. На пример, ако работодавецот инсистира редовно да работиш во термините што ти се планирани за христијанските состаноци, дали храбро ќе се држиш за своите духовни приоритети? Ако некој се сомнева дека Јехова ќе го исполни своето ветување дека ќе се грижи за своите слуги, тогаш Сатана едноставно само ќе треба да го зголеми притисокот и таквиот би можел сосема да престане да доаѓа на состаноците. Да, ако немаме доволно вера, Сатана лесно ќе може да нѐ држи во свои раце така што тој, а не Јехова, ќе ги поставува нашите приоритети. Колку трагично би било тоа! (2. Коринќаните 13:5).
„Надевај се на Јехова“
17. Како се благословени уште денес тие што имаат доверба во Јехова?
17 Светото писмо постојано ни покажува дека оние што се надеваат и имаат доверба во Јехова никогаш не се губитници Изреки 3:5, 6; Еремија 17:7). Точно, понекогаш можеби ќе мораат да се задоволат со помалку, но тоа го сметаат за мала жртва во споредба со благословите што ќе ги добијат. Така покажуваат дека ‚се надеваат на Јехова‘ и дека се уверени дека на крајот тој ќе им ги исполни сите исправни желби на срцето што ги имаат оние што му се верни (Псалм 37:4, 34). Затоа, тие се вистински среќни уште денес. „Очекувањето на праведниците е исполнето со радост, а надежта на злите пропаѓа“ (Изреки 10:28).
(18, 19. а) Каква гаранција со љубов ни дава Јехова? б) Како може Јехова да ни биде „оддесно“?
18 Кога едно мало дете оди рака под рака со својот татко, се чувствува сигурно и безбедно. Истото важи и за нас додека одиме со нашиот небесен Татко. „Не плаши се“, му рекол Јехова на Израел, „зашто јас сум со тебе! Јас... ќе ти помогнам... Зашто јас, Јехова, твојот Бог, те држам за десницата и ти велам: ‚Не плаши се! Јас ќе ти помогнам‘“ (Исаија 41:10, 13).
19 Колку прекрасна слика ни пренесува ова — Јехова држи нечија рака! „Постојано го имам Јехова пред себе“, напишал Давид. „Тој ми е оддесно, затоа нема да се затетеравам“ (Псалм 16:8). Како може Јехова да ни биде „оддесно“? Најмалку на два начина. Како прво, дозволуваме неговата Реч да нѐ води во секој аспект од животот, и второ, мислиме на величествената награда што ќе ни ја даде Јехова. Псалмистот Асаф пеел: „Јас сум секогаш со тебе, ти ме фати за десницата. Ќе ме водиш со својот совет и потоа ќе ме доведеш до слава“ (Псалм 73:23, 24). Со таква гаранција, навистина можеме со доверба да гледаме на иднината.
„Се приближува вашето избавување“
20, 21. Каква иднина ги очекува оние што се надеваат на Јехова?
20 Со секој изминат ден, станува сѐ понеопходно Јехова да ни биде оддесно. Наскоро, почнувајќи со уништувањето на лажната религија, Сатановиот свет ќе доживее неволја каква што не доживеал никогаш порано (Матеј 24:21). Неверното човештво ќе го обземе страв. Но, во тоа време на хаос, Јеховините храбри слуги ќе се радуваат поради нивната надеж! „Кога ќе почне да се случува сето тоа“, рекол Исус, „исправете се и подигнете ги главите, бидејќи се приближува вашето избавување“ (Лука 21:28).
21 Затоа, да се радуваме во надежта што ни ја дава Бог и да не бидеме измамени или да паднеме на искушенијата кога Сатана итро сака да ни го одвлече вниманието. Во исто време, да работиме на тоа да стекнуваме вера, љубов и страв од Бог. На тој начин ќе имаме храброст да го слушаме Јехова во сите околности и да му се спротивставиме на Ѓаволот (Јаков 4:7, 8). Да, „бидете храбри, и срцето нека ви биде силно, на сите вас што го чекате Јехова“ (Псалм 31:24).
[Фуснота]
^ пас. 1 Иако во Христијанските грчки списи зборот „надеж“ честопати се однесува на небесната награда што ја добиваат помазаните христијани, во оваа статија ќе зборуваме за општото значење на овој збор.
Можеш ли да одговориш?
• На кој начин надежта му помогнала на Исус да биде храбар?
• Како се поврзани верата и надежта?
• Како може надежта, заедно со верата, да му влее на христијанинот храброст да си постави исправни приоритети во животот?
• Зошто можат оние што ‚се надеваат во Јехова‘ со доверба да гледаат на иднината?
[Прашања]
[Слика на страница 28]
Сеедно дали си млад или стар, можеш ли да се видиш себеси во рајот?