Како Ана нашла мир
Како Ана нашла мир
ЕДНА верна жена гласно го фали Јехова во молитва. Се чувствува како Бог да ја подигнал од правот, и затоа повеќе не е потиштена туку радосна.
Жената се вика Ана. Зошто сега се чувствува сосема поинаку? Зошто е толку радосна? Што можеме да научиме од нејзиниот живот? За да го најдеме одговорот на овие прашања, да видиме накратко што ѝ се случило на Ана.
Затегнати односи во едно семејство
Ана е една од двете жени на Елкана, левит што живее на територијата на Ефрем (1. Самоилова 1:1, 2а; 1. Летописи 6:33, 34). Иако во почетокот Бог немал намера мажот да има повеќе жени, во Мојсеевиот закон полигамијата е дозволена и регулирана со законски прописи. Сите во семејството на Елкана му служат на Јехова, но во полигамните бракови честопати доаѓа до расправии, како што се гледа од ситуацијата што настанала во семејството на Елкана.
Ана нема деца, а Фенина, другата жена на Елкана, има неколку деца. Фенина ѝ е соперничка на Ана (1. Самоилова 1:2б).
Во Израел било срамота една жена да нема деца, па дури и се сметало дека неплодноста е знак дека таа ја нема Божјата наклоност. Но, нема никакви показатели дека Ана не можела да има деца затоа што Бог не ја сакал. Сепак, наместо да се обиде да ја утеши Ана, Фенина ја измачува својата соперничка фалејќи се со тоа што самата таа има деца.
Патувањата до Јеховиниот дом
И покрај ваквата напната ситуација што владее во семејството на Елкана, секоја година сите патуваат во Сило за да принесат жртви во Јеховиниот дом. * Ова патување е долго околу 60 километри во двата правца и веројатно се оди пеш. Тие прилики мора да се особено тешки за Ана затоа што Фенина и нејзините деца добиваат неколку делови од жртвата на заедништвото, а Ана добива само еден дел. Фенина ги користи тие прилики за да ѝ задава болка на Ана и да ја вознемирува затоа што Јехова навидум ‚ѝ ја затворил материцата‘. Таа ја измачува на ваков начин секоја година, па затоа Ана плаче и не сака да јаде. Наместо да се радува на ваквите патувања, за неа тие се вистинско измачување. Сепак, Ана редовно оди во Јеховиниот дом (1. Самоилова 1:3-7).
Сфаќаш ли каков убав пример ни дала Ана? Како реагираш кога си потиштен? Дали се повлекуваш во себе и не сакаш да бидеш заедно со твоите соверници? Ана не постапила така. Како и вообичаено, таа била меѓу оние што го обожавале Јехова. И ние треба да правиме така кога сме во многу тешки околности (Псалм 26:12; 122:1; Изреки 18:1; Евреите 10:24, 25).
Елкана се обидува да ја утеши Ана и да ја натера да му ги искаже своите најдлабоки чувства. „Ана, зошто плачеш? Зошто не јадеш? И зошто 1. Самоилова 1:8). Можеби Елкана не знае за безобѕирните постапки на Фенина, и Ана можеби повеќе сака да страда во себе наместо да се жали. Како и да е, Ана, која е духовно настроена личност, бара душевен мир со тоа што му се обраќа на Јехова во молитва.
ти е тажно срцето?“, ја прашува тој. „Зарем не сум ти јас подобар од десет синови?“ (Ана дава завет
Жртвите на заедништвото се јаделе во Јеховиниот дом. Откако Ана излегува од трпезаријата, му се моли на Бог (1. Самоилова 1:9, 10). „Јехова над војските“, моли таа, „ако погледнеш на неволјата на својата робинка и ако се сетиш на мене, ако не ја заборавиш својата робинка и ако ѝ дадеш машко дете на својата робинка, јас ќе ти го дадам тебе, Јехова, за сите денови од неговиот живот, и брич нема да помине преку неговата глава“ (1. Самоилова 1:11).
Молитвата на Ана е конкретна. Таа бара машко дете и се заколнува дека ќе му го посвети на Јехова да му служи како назареец до крајот на животот (4. Мојсеева 6:1-5). Со таквата заклетва треба да се согласи и нејзиниот маж, и подоцнежните постапки на Елкана покажуваат дека тој се согласува со ветувањето што го дала неговата сакана жена (4. Мојсеева 30:6-8).
Кога Ана се моли, првосвештеникот Илиј мисли дека таа е пијана. Усните ѝ потреперуваат, но тој не слуша зборови, бидејќи Ана зборува во своето срце. Таа се моли од длабочината на својата душа (1. Самоилова 1:12-14). Замисли си како се чувствува Ана кога Илиј ѝ префрла дека е пијана! Сепак, таа му одговара на овој првосвештеник со почит. Кога Илиј сфаќа дека Ана се моли „од голема грижа и тага“, тој вели: „Богот на Израел нека ти ја услиши молитвата“ (1. Самоилова 1:15-17). Потоа, Ана си заминува и јаде, и ‚лицето повеќе не ѝ е тажно‘ (1. Самоилова 1:18).
Што учиме од сето ова? Кога му се молиме на Јехова во врска со нашите грижи, можеме да му кажеме како се чувствуваме и да го молиме од сѐ срце. Ако не можеме да направиме ништо повеќе за да го решиме проблемот, треба да ја оставиме работата во негови раце. Подобро од тоа не можеме да постапиме (Изреки 3:5, 6).
Откако горливо ќе се помолат, слугите на Јехова сигурно ќе почувствуваат душевен мир каков што почувствувала Ана. Во врска со молитвата, апостол Павле напишал: „Не бидете загрижени за ништо, туку во сѐ — со молитви и молби, со благодарење — изнесете му ги своите барања на Бог. И мирот Божји, кој ја надминува секоја мисла, ќе ги чува вашите срца и вашиот ум преку Христос Исус“ (Филипјаните 4:6, 7). Кога му го фрламе своето бреме на Јехова, мораме да му дозволиме тој да го понесе. Потоа, исто како Ана, повеќе нема потреба да бидеме загрижени (Псалм 55:22).
Син подарен на Јехова
Сега Бог ѝ обрнува внимание на Ана — таа забременува и раѓа син (1. Самоилова 1:19, 20). Ова е еден од неколкуте случаи за кои во Библијата е запишано дека Бог стоел зад раѓањето на некоја личност што станала негов слуга. Самоил, синот на Елкана и Ана, ќе стане Јеховин пророк, кој ќе одигра важна улога во воспоставувањето на царството во Израел.
Без сомнение, Ана почнува да го учи Самоил за Јехова уште од најраното детство. Но, дали го заборава заветот што го дала? Не! „Кога детето ќе биде одбиено од гради, ќе го одведам за да се покаже пред Јехова и да остане таму засекогаш“, вели таа. Кога Ана престанува да го дои Самоил, можеби кога тој имал три години или нешто подоцна, таа го носи да живее во Јеховиниот дом, токму како што се заколнала (1. Самоилова 1:21-24; 2. Летописи 31:16).
Откако му принесуваат жртва на Јехова, Ана и нејзиниот маж го носат Самоил кај Илиј. Ана веројатно го држи своето синче за рака додека му вели на Илиј: „Прости, господару! Како што е жива твојата 1. Самоилова 1:25-28; 2:11).
душа, господару, јас сум жената што стоеше пред тебе на ова место и му се молеше на Јехова. За ова дете се молев, Јехова да ми ја услиши молитвата што му ја упатив. Затоа сега му го дарувам на Јехова. Во сите денови од неговиот живот нека му биде посветен на Јехова“. Така Самоил почнува со својата посебна служба за Бог, која ќе ја извршува до крајот на животот (Времето минува, но Ана сигурно не го заборава Самоил. Во Светото писмо стои: „Мајка му еднаш во годината ќе му направеше мала туника, па ќе му ја донесеше кога ќе дојдеше со мажот да ја принесе годишната жртва“ (1. Самоилова 2:19). Сигурно дека Ана постојано се моли за Самоил. Нема сомнение дека секоја година кога оди да го види, го охрабрува да продолжи верно да ја извршува службата за Бог.
Во една таква прилика, Илиј ги благословува родителите на Самоил и му вели на Елкана: „Јехова нека ти даде потомство од оваа жена на местото на овој што е даруван, кој му е даруван на Јехова“. Во склад со овие зборови, Ана и Елкана се благословени со уште три сина и две ќерки (1. Самоилова 2:20, 21).
Колку убав пример им даваат на христијанските родители Елкана и Ана! Многу мајки и татковци спремно му ги дарувале на Јехова своите синови и ќерки, така да се каже, со тоа што ги охрабриле да служат во некоја гранка од полновремената служба далеку од дома. Таквите грижливи родители заслужуваат пофалба за жртвите што ги прават. Јехова ќе ги благослови за тоа.
Радосната молитва на Ана
Колку е среќна Ана, која пред тоа била неротка! Во Библијата нема многу места каде што се запишани молитвите кои ги кажале жени. Но, ние можеме да прочитаме две молитви што ги кажала Ана. Во првата се изразени нејзините чувства кога била тажна и се измачувала, а втората е радосната молитва со која ја искажува својата благодарност. „Срцето ми воскликнува од радост поради Јехова“, почнува Ана. Таа се радува што „дури и неротката роди“, и го фали Јехова затоа што „возвишува, од прав го подига сиромавиот“. Навистина, „од пепел го крева бедниот“ (1. Самоилова 2:1-10).
Вдахновениот извештај во врска со Ана покажува дека можеби некогаш ќе нѐ повредат мааните или злобните постапки на другите. Сепак, не смееме да дозволиме таквите неволји да ни ја одземат радоста додека му служиме на Јехова. Тој ги слуша молитвите и одговара на повиците на својот верен народ, избавувајќи ги од неволја и давајќи им голем мир и други благослови (Псалм 22:23-26; 34:6-8; 65:2).
[Фуснота]
^ пас. 9 Во Библијата, ова место каде што целиот народ се собира за да го обожава Јехова е наречено Јеховин „храм“. Но, во овој период од историјата на Израел, ковчегот на сојузот сѐ уште се наоѓа во светиот шатор. Првиот траен храм за Јехова ќе биде изграден за време на владеењето на цар Соломон (1. Самоилова 1:9; 2. Самоилова 7:2, 6; 1. Царевите 7:51; 8:3, 4).
[Слика на страница 17]
Ана му го дала Самоил како дар на Јехова