„Нѐ присили да дојдеме“
„Нѐ присили да дојдеме“
ИСТОЧНИТЕ земји се надалеку познати по својата гостољубивост. На пример, во Индија може да се случи едно семејство да остане гладно, само за да има храна за неочекуваниот гостин. Една типична мајка во Иран секогаш го полни со храна фрижидерот за да ги пречека ненајавените посетители.
Таква великодушност покажувале и многу луѓе што се спомнати во Библијата. Еден впечатлив пример е Лидија, која веројатно ја прифатила еврејската вера. Таа живеела во Филипи, водечки град во таа област на Македонија. Еднаш на саботен ден, апостол Павле и неговите придружници ги нашле Лидија и некои други жени на една река во близина на Филипи. Во таа прилика, Павле зборувал, а Јехова ѝ го отворил срцето на Лидија. Затоа, се крстила заедно со членовите на своето домаќинство. Потоа ги замолила патниците: „Ако сметате дека сум му верна на Јехова, влезете во мојот дом!“ Лука, кој бил таму со Павле, запишал: „[Таа] нѐ присили да дојдеме“ (Дела 16:11-15).
Исто како Лидија, и христијаните денес покажуваат гостољубивост кон соверниците, како што се патувачките надгледници и нивните сопруги. Домаќините едноставно ‚ги присилуваат да дојдат‘. А поради гостољубивоста, тие се благословени со изградувачки разговори и со духовно настроено друштво. Иако повеќето Јеховини сведоци немаат големи парични средства, сепак се гостољубиви (Римјаните 12:13; Евреите 13:2). А нивната великодушност ги прави среќни. Исус имал право кога рекол: „Повеќе усреќува давањето отколку примањето“ (Дела 20:35).