Да се принесуваат жртви угодни на Бог
Да се принесуваат жртви угодни на Бог
„ЖИВОТОТ произлегол од смртта — верувале Ацтеките, кои принесувале човечки жртви повеќе од кој и да е друг народ во Средна Америка“, стои во книгата The Mighty Aztecs. „Со ширењето на нивната империја“, вели понатаму истата книга, „се пролевало сѐ повеќе крв за да се одржи сѐ помалата доверба во неа.“ Според една друга енциклопедија, бројот на човечки жртви што ги принесувале Ацтеките достигнал 20.000 годишно.
Сеедно дали од страв и несигурност или од чувство на вина и грижа на совеста, луѓето во минатото им принесувале најразлични жртви на своите божества. Од друга страна, пак, Библијата покажува дека некои жртви требало да се принесуваат по барање на Бог — на семоќниот Бог, Јехова. Според тоа, на место би било да се прашаме: Какви жртви му се угодни на Бог? И треба ли и денес да се принесуваат жртви?
Принесувањето жртви во вистинската религија
Кога Израелците биле организирани во еден народ, Јехова им дал конкретни упатства во врска со тоа на кој начин сака да го обожаваат, и во тие упатства било вклучено и принесувањето жртви (4. Мојсеева, поглавја 28 и 29). Некои од жртвите се состоеле од родот што го давала земјата, а други жртви се состоеле од животни како што се јунци, овци, кози, гулаби и грлици (3. Мојсеева 1:3, 5, 10, 14; 23:10-18; 4. Мојсеева 15:1-7; 28:7). Имало цели жртви паленици, кои требало сосема да се изгорат во оган (2. Мојсеева 29:38-42). Имало и жртви на заедништвото, а оние што ги принесувале учествувале во нив со тоа што јаделе од она што му се принесувало на Бог како жртва (3. Мојсеева 19:5-8).
Сите жртви што му се принесувале на Бог според она што било пропишано во Мојсеевиот закон биле дел од обожавањето на Бог и оној што ги принесувал со тоа покажувал дека го признава Јехова како Севишен владетел на целата вселена. Со тоа што Израелците принесувале такви жртви, покажувале дека му се благодарни на Јехова за неговиот благослов и заштита, а исто така на темел на тие жртви им биле простувани гревовите. Сѐ додека верно го правеле она што го барал Јехова во врска со обожавањето, тие биле богато благословени (Изреки 3:9, 10).
Осија 6:6). Значи, кога луѓето ќе престанеле да го обожаваат вистинскиот Бог и ќе почнеле да се однесуваат бесрамно и да пролеваат невина крв, жртвите што ги принесувале на Јеховиниот жртвеник немало да имаат никаква вредност. Затоа, преку Исаија, Јехова им рекол на Израелците: „Што ќе ми се мноштвото ваши жртви?.. Сит сум од цели овнешки паленици и од лојот од згоени животни! Крвта од јунци, јагниња и јарци не ми е мила!“ (Исаија 1:11).
На Јехова му бил најважен ставот на оние што ги принесувале жртвите. Преку својот пророк Осија, Јехова рекол: „Мене ми е мила добрината, а не жртвата, и познавањето на Бог, а не целите паленици“ („Нешто што никогаш не сум го заповедал“
За разлика од Израелците, жителите на Ханаан ги принесувале своите деца како жртви на своите богови, вклучувајќи го и амонскиот бог Молох, познат и како Милхом (1. Царевите 11:5, 7, 33; Дела 7:43). Во Halley’s Bible Handbook стои: „Религијата на Ханаанците се состоела од вршење сексуален неморал во присуство на нивните богови како дел од верскиот ритуал; а потоа ги убивале своите првородени деца како жртва што им ја принесувале на истите тие богови“.
Дали таквите обичаи му се допаѓале на Јехова Бог? Се разбира дека не. Непосредно пред Израелците да влезат во ханаанската земја, Јехова им ја дал заповедта што е запишана во 3. Мојсеева 20:2, 3: „Вака речи им на синовите на Израел: ‚Секој од синовите на Израел или од дојденците што живеат во Израел, кој ќе му го даде своето дете на Молох, да биде погубен. Народот да го каменува до смрт. А јас ќе се свртам против тој човек, ќе го погубам и така ќе го отстранам од неговиот народ зашто му го дал своето дете на Молох за да го извалка моето свето место и да го оскверни моето свето име‘“.
Колку и да звучи неверојатно, некои Израелци што престанале да го обожаваат вистинскиот Бог ги прифатиле ваквите демонски обичаи на жртвување на своите деца на лажните богови. Во врска со ова, во Псалм 106:35-38 стои: „Се мешаа со народите и се научија да постапуваат како нив. Им служеа на нивните идоли, и тие им станаа замка. Им ги жртвуваа своите синови и своите ќерки на демоните. Пролеваа невина крв, крвта на своите синови и на своите ќерки, кои им ги жртвуваа на ханаанските идоли; и земјата се извалка од крвопролевање“.
Покажувајќи колку се гнаси од таквиот обичај, преку својот пророк Еремија Јехова го рекол следново во врска со синовите на Јуда: „Ги поставија своите одвратни идоли во домот што го носи моето име, за да го осквернат. Изградија обредни височинки во Тофет, кој е во долината Еремија 7:30, 31).
на синовите на Еном, за да ги горат во оган своите синови и своите ќерки, нешто што никогаш не сум го заповедал, ниту некогаш ми дошло на ум“ (Бидејќи ги правеле тие одвратни обичаи, Изрелците на крајот ја изгубиле Божјата милост. Нивниот главен град, Ерусалим, на крајот бил уништен, а луѓето биле одведени во ропство во Вавилон (Еремија 7:32-34). Јасно е дека вистинскиот Бог не бара да се принесуваат човечки жртви и дека тоа не е исправниот начин на обожавање на Бог. Секакво жртвување луѓе е демонско, а оние што го обожаваат вистинскиот Бог отфрлаат сѐ што е поврзано со таквиот обичај.
Откупната жртва на Христос Исус
Меѓутоа, некои можеби ќе прашаат: ‚Тогаш, зошто со Законот што Јехова им го дал на Израелците се барало да се принесуваат животински жртви?‘ Апостол Павле зборувал на оваа тема и го дал овој одговор: „Тогаш, за што служи Законот? Тој беше додаден за да се направат очигледни престапите, додека не дојде потомството на кое му беше дадено ветувањето... Така Законот ни беше воспитувач кој нѐ водеше до Христос“ (Галатите 3:19-24). Животинските жртви што се принесувале според барањата во Мојсеевиот закон симболично ја претставувале поголемата жртва што требало да ја даде Јехова Бог за доброто на сите луѓе — жртвата на неговиот Син, Исус Христос. Исус се осврнал на овој чин на љубов кога рекол: „Бог толку многу го сакаше светот што го даде својот единороден Син, за секој што верува во него да не биде уништен, туку да има вечен живот“ (Јован 3:16).
Од љубов кон Бог и кон сите луѓе, Исус спремно го дал својот совршен човечки живот како откупнина за потомците на Адам (Римјаните 5:12, 15). Исус рекол: „Синот човечки не дојде да му служат, туку да служи и да го даде својот живот како откупнина за мнозина“ (Матеј 20:28). Ниеден друг човек на Земјата не можел да ги откупи луѓето од ропството на гревот и смртта, во кое ги продал Адам (Псалм 49:7, 8). Затоа, Павле објаснил дека Исус „еднаш засекогаш влезе во светото место, но не со крвта на јарци и јунци, туку со својата крв, и така ни прибави вечно избавување“ (Евреите 9:12). Со тоа што ја прифатил Исусовата жртвена крв, Бог ‚го избришал пишаниот документ против нас‘. Тоа значи дека Јехова го укинал Сојузот на Законот со кој се барало да се принесуваат жртви, и така го вовел ‚вечниот живот како дар‘ (Колошаните 2:14; Римјаните 6:23).
Духовни жртви
Бидејќи повеќе не се бара да се принесуваат животински жртви како дел од исправниот начин на обожавање на Бог, дали од нас денес воопшто се бараат некакви жртви? Да, се бараат. Исус Христос водел самопожртвуван живот за да може да му служи на Бог, и на крајот се дал себеси за доброто на сите луѓе. Затоа, тој рекол: „Ако некој сака да оди по мене, нека се одрече од себе, нека го земе својот маченички столб и нека оди по мене“ (Матеј 16:24). Ова значи дека секој што сака да стане Исусов следбеник мора да направи извесни жртви. Какви?
Како прво, оној што вистински го следи Христос повеќе не живее за себе туку живее за да ја врши Божјата волја. Тој ја Римјаните 12:1, 2).
подложил својата волја и желби на Божјите. Забележи како го кажал тоа апостол Павле: „Браќа, сесрдно ве молам, поради Божјата сомилост, да ги дадете своите тела како жртва жива, света, прифатлива за Бог, да му служите на Бог, користејќи го својот разум. И не дозволувајте и понатаму да ве обликува овој свет, туку преобразете се така што ќе го обновите својот ум, за да утврдите која е Божјата волја — што е добро, прифатливо и совршено“ (Освен тоа, Библијата покажува дека нашите изрази на фалба може да се сметаат за жртви што му ги принесуваме на Јехова. Пророкот Осија го употребил изразот „јунци од усните свои“, со што покажал дека во Божји очи фалбата што ја даваме со нашите усни е една од најдобрите жртви (Осија 14:2, фуснота). Апостол Павле им рекол на еврејските христијани: „Секогаш му принесуваме на Бог жртва на фалба, односно плод на усните кои го објавуваат неговото име“ (Евреите 13:15). Денес, Јеховините сведоци многу активно ја проповедаат добрата вест и прават ученици од луѓето од сите народи (Матеј 24:14; 28:19, 20). Тие му принесуваат жртви на фалба на Бог ден и ноќ во целиот свет (Откровение 7:15).
Освен проповедањето, во жртвите што му се угодни на Бог спаѓа и правењето добри дела за другите. „Не заборавајте да правите добро и да делите со другите“, рекол Павле, „зашто со таквите жртви му се угодува на Бог“ (Евреите 13:16). Всушност, за жртвите на фалба да му бидат угодни на Бог, потребно е оние што ги принесуваат да се однесуваат добро. Павле советувал: „Само живејте живот достоен на добрата вест за Христос“ (Филипјаните 1:27; Исаија 52:11).
Исто како и во минатото, сите жртви што се прават за да се поддржи обожавањето на вистинскиот Бог носат голема радост и благослови од Јехова. Затоа, да даваме сѐ од себе за да принесуваме жртви што вистински му се угодни на Бог!
[Слика на страница 18]
‚Своите синови и своите ќерки им ги жртвуваа на ханаанските идоли‘
[Слики на страница 20]
Со тоа што ја проповедаат добрата вест и им помагаат на луѓето и на други начини, вистинските христијани принесуваат жртви што му се угодни на Бог