Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Желбата на Адријана

Желбата на Адријана

Желбата на Адријана

АДРИЈАНА, шестгодишно девојче од Тулса (Оклахома, САД), имала една голема желба. Нејзината желба може да се спореди со онаа на псалмистот Давид, кој во песна рекол: „За едно го молам Јехова, само тоа го барам, да живеам во Јеховиниот дом во сите денови на мојот живот, за да гледам колку е добар Јехова и да се восхитувам на неговиот храм“ (Псалм 27:4).

Кога имала само шест месеци, кај Адријана бил дијагностициран невробластом, малигнен тумор што се развива во делови од нервниот систем. Оваа болест која е опасна по живот ѝ ги парализирала двете нозе. Лекарите извршиле многу операции и една година ѝ давале хемотерапија.

Таткото на Адријана, кој нема исти религиозни убедувања со Адријана и со нејзината мајка, контактирал со една фондација од која побарал да ѝ овозможат на ќерка му да посети еден светски прочуен забавен парк. Пред да го исполнат неговото барање, претставници од фондацијата поразговарале со Адријана. Таа им се заблагодарила што ја зеле предвид, но им рекла дека повеќе би сакала да го посети Бетел, светското седиште на Јеховините сведоци во Њујорк. Откако дознала што побарал татко ѝ, Адријана му се молела на Јехова да ѝ овозможи да го посети Бетел. Иако отпрвин претставниците на фондацијата не биле баш уверени дека Бетел би бил интересен за едно детенце, сепак, бидејќи таткото на Адријана немал ништо против тоа, се согласиле да ѝ ја исполнат желбата.

Заедно со мајка ѝ, сестра ѝ и со една другарка, Адријана допатувала во Њујорк и за првпат во својот живот го посетила Бетел. „Јехова ми одговори“, рекла Адријана. „Знаев дека ќе бидеме добредојдени во Бетел. Видов како се прават книгите, списанијата и Библиите. Ми беше поубаво отколку во забавен парк“.

Адријана ‚видела колку е добар Јехова‘ и била благодарна за она што се прави во денешното седиште на Јеховиниот народ. И ти си добредојден да го посетиш Бетел. Освен светското седиште на Јеховините сведоци во Њујорк, подружници на Бетел има во многу други делови од светот.