Хендикепиран а сепак копнее да служи
Хендикепиран а сепак копнее да служи
КОГА за првпат би го видел Леонардо, веројатно би помислил дека не би можел да биде градежен работник. При една несреќа што му се случила на работното место, тој ги изгубил двете раце. Меѓутоа, како што гледаш на сликата, и покрај својот хендикеп Леонардо трудољубиво работел на едно градилиште во Акахутла (Ел Салвадор).
За да може да учествува во тој градежен проект, Леонардо си направил свои алати. Тој ја вметнува својата десна подлактица во една метална јамка што е прицврстена за крајот од една лопата и вешто товари земја во ѕидарската количка. Наместо рачки, на количката прицврстил алки со помош на кои може самиот да ја турка. Што го поттикнало да учествува во овој градежен проект?
Леонардо сакал да учествува во изградбата на една Сала на Царството, односно местото каде што Јеховините сведоци ги одржуваат своите верски состаноци. Имал многу причини што можел да ги користи како изговор за да не учествува во градежниот проект. Работел со полно работно време, бил хендикепиран и веќе служел во своето собрание како слуга помошник. Сепак, сакал да направи сѐ што може за да му служи на Бог и со работа на градилиштето.
Дали и ти си исто толку спремен да му служиш на Бог? Наместо да го искористи својот хендикеп како изговор, Леонардо ги искористил своите умствени способности за да измисли свои алати со кои би можел да прави нешто што инаку би било невозможно за него. Тој му служел на Бог „со сиот свој ум“ (Матеј 22:37). Хендикепирани или не, работниците што учествуваат во изградбата на Салите на Царството на Јеховините сведоци низ целиот свет имаат спремен дух. Нивните состаноци се отворени за јавноста, а добредојден е секој што сака да присуствува.