„Боже, зошто молчеше?“
„Боже, зошто молчеше?“
ОВИЕ зборови ги кажал папата Бенедикт XVI кога го посетил поранешниот концентрационен логор во Аушвиц (Полска), на 28 мај 2006 год. На ова место, каде што нацистите убиле стотици илјади Евреи и други луѓе, тој го рекол и следново: „Колку многу прашања се појавуваат тука! Постојано ти надоаѓа некое прашање: Каде беше Бог тогаш? Зошто молчеше? Како можеше да го дозволи ова бескрајно крвопролевање, овој триумф на злото?.. Мораме и понатаму понизно но упорно да викаме кон Бог: Преземи нешто! Не ги заборавај луѓето, па ти си ги создал!“
Говорот на папата предизвика бурни реакции. Некои му замерија дека намерно избегнал да зборува за некои теми, како, на пример, за антисемитизмот, поради кој се случија злосторствата во Аушвиц. Други ги толкуваат неговите зборови како обид да ја потцени молбата на папата Јован Павле II да ѝ бидат простени гревовите на црквата. Еден католички новинар, Филипо Џентилони, изјавил: „Логично е што многу новинари наместо да го постават прашањето: ‚Каде беше Бог?‘ — тешко прашање на кое нема одговор — поставија едно полесно прашање: Каде беше Пие XII?“ Тие се осврнале на молчењето на папата Пие XII за време на холокаустот.
Холокаустот и сите други геноциди што биле извршени низ човечката историја докажуваат дека „човек владее над човек на негова штета“ (Проповедник 8:9). Освен тоа, Творецот на луѓето не молчел во врска со сите тие ужасни злодела. На страниците на Библијата, тој кажал зошто дозволил да постои злобата. Исто така, Бог нѐ уверува дека не го заборавил човештвото. Всушност, наскоро ќе заврши временскиот период во кој Бог им допуштил на луѓето да владеат (Еремија 10:23). Би сакал ли да дознаеш нешто повеќе за тоа каква намера има Бог за нас? Јеховините сведоци со задоволство ќе ти помогнат да го дознаеш библискиот одговор на прашањето што го збунувало папата Бенедикт XVI.
[Извор на слика на страница 32]
Oświęcim Museum