Зошто наскоро ќе им дојде крај на сите страдања
Зошто наскоро ќе им дојде крај на сите страдања
„Тој е Карпа, делото му е совршено“ (5. МОЈСЕЕВА 32:4).
1, 2. а) Каква основа имаш да се надеваш на вечен живот? б) Што спречува многу луѓе да веруваат дека постои Бог што ветува прекрасна иднина?
ДАЛИ сакаш да си го замислуваш животот во рајот? Можеби се замислуваш себеси како ја истражуваш нашава прекрасна планета и ги зголемуваш своите сознанија за безбројните живи суштества. Или можеби помислуваш на тоа колку ќе биде убаво заедно со другите да се грижиш за Земјата и да помогнеш таа да се претвори во парк. А можеби помислуваш и на талентите што би можел да ги развиеш на полето на уметноста, архитектурата или музиката, како и на други активности за кои не можеш да најдеш време во денешниов живот кој тече со толку забрзано темпо. Како и да е, имаш надеж да го живееш она што Библијата го нарекува ‚вистински живот‘ — живот каков што Јехова наумил за нас, вечен живот (1. Тимотеј 6:19).
2 Зар не се чувствуваме среќни и почестени што можеме да им кажуваме на другите за оваа библиска надеж? Меѓутоа, многу луѓе не ја прифаќаат ваквата надеж. Тие сметаат дека таа е само фантазија, нереален сон за лековерните луѓе. Можеби дури и им е тешко да веруваат дека постои Бог што ветува вечен живот во рај на Земјата. Зошто? За некои е проблем тоа што постои злото. Тие мислат дека, ако постои Бог и ако тој е семоќен и нѐ сака, не е логично во светот да има толку многу зло и страдања. Сметаат дека не е можно да постои Бог што го толерира злото — или ако веќе постои, тогаш не е семоќен или, пак, не е заинтересиран за нас. За некои е логично да размислуваат вака. Сатана сигурно успеал вешто да ги заслепи умовите на луѓето (2. Коринќаните 4:4).
3. На кое тешко прашање можеме да им помогнеме на луѓето да најдат одговор, и зошто токму ние сме во можност да го направиме тоа?
3 Како Сведоци на Јехова, ние можеме да им помогнеме на луѓето што се заведени од Сатана и од мудроста на овој свет (1. Коринќаните 1:20; 3:19). Сфаќаме зошто многу луѓе не веруваат во ветувањата што се запишани во Библијата. Тие едноставно не го познаваат Јехова. Можеби не го знаат неговото име ниту значењето на тоа име, и веројатно малку знаат или воопшто не знаат какви особини има тој и дека секогаш си ги одржува своите ветувања. Но, ние ги знаеме тие работи. Одвреме-навреме е добро да се потсетиме како можеме да им помогнеме на оние што се „со замрачен ум“ да најдат одговор на едно од најтешките прашања што ги поставуваат луѓето, а тоа е: „Зошто Бог дозволува да има зло и страдање?“ (Ефешаните 4:18). Најнапред да видиме како можеме да дојдеме до точниот одговор на ова прашање. Потоа ќе поразговараме за тоа какви особини има Јехова, кои можат да се видат во начинот на кој постапил за да се реши проблемот со злото.
Како да дојдеме до точниот одговор
4, 5. Што ќе треба да направиме најнапред кога некој ќе праша зошто Бог дозволува да има страдања? Објасни.
4 Кога некој ќе праша зошто Бог дозволува да има страдања, како ќе му одговориме? Можеби имаме навика веднаш да почнеме детално да му објаснуваме, почнувајќи од она што се случило во еденската градина. Во некои случаи тоа можеби ќе биде во ред. Но, треба да бидеме внимателни. Можеби најнапред ќе треба да поставиме темел (Изреки 25:11; Колошаните 4:6). Да разгледаме три работи што ќе треба да ги направиме пред да дадеме одговор на тоа прашање.
5 Прво, ако некој е особено вознемирен поради тоа што злото е многу раширено во светот, веројатно тој лично или некој од неговите најблиски доживеал нешто лошо, па затоа ќе биде мудро најнапред да покажеме искрено сочувство. Апостол Павле им го дал следниов совет на христијаните: „Плачете со оние што плачат“ (Римјаните 12:15). Ако сме „сочувствителни“, другиот можеби ќе биде длабоко трогнат (1. Петрово 3:8). Ако сфати дека сме заинтересирани за него, голема е веројатноста дека ќе сослуша што имаме да му кажеме.
6, 7. Зошто можеме со право да го пофалиме оној што искрено ќе постави некое библиско прашање што го мачи?
6 Второ, може да го пофалиме оној што искрено го поставува тоа прашање. Некои луѓе си мислат дека немаат вера ниту почит кон Бог затоа што имаат такви прашања. А можеби тоа им го кажал дури и некој свештеник. Меѓутоа, тоа што некој поставува вакви прашања не значи дека нема вера. Дури и верните луѓе за кои читаме во Библијата поставувале слични прашања. На пример, псалмистот Давид прашал: „О Јехова, зошто стоиш далеку? Зошто се криеш кога сме во неволја?“ (Псалм 10:1). Слично на него, и пророкот Авакум прашал: „До кога, Јехова, ќе викам за помош, а ти нема да слушаш? До кога ќе те викам на помош поради насилството, а ти нема да спасиш? Зошто ме тераш да гледам зло и зошто гледаш неволја? Зошто се пљачката и насилството пред мене, зошто настануваат препирки и зошто избиваат караници?“ (Авакум 1:2, 3).
7 Овие верни луѓе многу го почитувале Бог. Дали тој ги прекорил затоа што ги мачеле такви прашања? Не. Напротив, Јехова сметал дека нивните искрени прашања треба да бидат запишани во неговата Реч. Денес, оној што е вознемирен поради тоа што злото е толку раширено во светот можеби е духовно гладен, и го бара одговорот што може да му го даде само Библијата. Не заборавај, Исус ги пофалил луѓето што биле духовно гладни, односно оние што „настојуваат да ги задоволат своите духовни потреби“ (Матеј 5:3). Голема чест е да им се помага на таквите да станат среќни, како што им ветил Исус!
8. Кои збунувачки учења ги навеле луѓето да веруваат дека Бог е виновен што има толку многу страдања, и како можеме да им помогнеме?
8 Трето, можеби ќе треба да му помогнеме на таквиот да види дека Бог не е виновен за тоа што во светот се случуваат толку многу лоши работи. На многу луѓе им е речено дека Бог владее со овој свет, дека тој уште многу одамна предодредил сѐ што ќе ни се случи, и дека има необјасниви причини зошто им задава маки на луѓето. Овие учења се лажни. Тие го срамотат Бог и наведуваат на заклучок дека тој е виновен за сето зло и за сите страдања во светот. Затоа, ќе треба да ја употребиме Божјата реч за да ги разјасниме работите (2. Тимотеј 3:16). Со овој расипан свет не владее Јехова, туку Сатана Ѓаволот (1. Јованово 5:19). Јехова не им ја одредува судбината на интелигентните суштества што ги создал, туку секому му дава слобода и можност да избере помеѓу она што е добро и она што е лошо, помеѓу она што е исправно и она што не е исправно (5. Мојсеева 30:19). Исто така, Јехова никогаш не го предизвикува злото, туку го мрази злото и е заинтересиран за оние што неправедно страдаат (Јов 34:10; Изреки 6:16-19; 1. Петрово 5:7).
9. Кои се некои публикации што ги издал верниот и разборит роб за да им помогнеме на луѓето да разберат зошто Јехова Бог дозволува да има страдања?
9 Штом поставиш ваков темел, ќе видиш дека лицето со кое разговараш ќе сака да дознае зошто Бог дозволува и понатаму да има страдања. За да ти помогне во тоа, „верниот и разборит роб“ обезбедил неколку публикации (Матеј 24:45-47). На пример, на Обласниот конгрес „Послушни на Бог“ што се одржа во 2005 год., беше издаден еден трактат со наслов Наскоро крај на сето страдање! Би било убаво да се запознаеш добро со неговата содржина. Ова важно прашање е разработено и во едно поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?, која сега е издадена на 157 јазици. Добро користи ги овие публикации. На темел на Библијата, во нив е убаво објаснето како уште во еденската градина се повел спор околу прашањето кој има право да владее со целата вселена, и зошто Јехова постапил онака како што постапил за да се реши тој спор. Исто така, мисли на тоа дека, додека зборуваш на таа тема, ти му го откриваш на оној што те слуша најважното нешто што треба да го знае. Му кажуваш кој е Јехова и какви прекрасни особини има тој.
Посочи ги Јеховините особини
10. Зошто на многу луѓе им е тешко да сфатат зошто Бог дозволува да има страдања, и што треба да дознаат за да го разберат тоа?
10 Додека им помагаш на другите да сфатат зошто Јехова дозволил луѓето сами да 5. Мојсеева 32:4). Како можеш да ги истакнеш овие особини додека одговараш на прашањата што луѓето честопати ги поставуваат на оваа тема? Да разгледаме неколку такви прашања.
си поставуваат власти под влијание на Сатана, обиди се да ги истакнеш Јеховините прекрасни особини. Многумина знаат дека Бог е моќен, бидејќи слушале дека тој е наречен Семоќен Бог. Меѓутоа, можеби им е тешко да сфатат зошто не ја искористи својата огромна моќ за веднаш да им стави крај на неправдите и на страдањата. Веројатно не знаат за другите особини на Јехова, како што се неговата светост, правда, мудрост и љубов. Јехова ги покажува овие особини на совршен, урамнотежен начин. Токму затоа Библијата вели: „Делото му е совршено“ (11, 12. а) Зошто немало основа да им се прости на Адам и Ева кога згрешиле? б) Зошто Јехова нема засекогаш да го толерира гревот?
11 Не можел ли Јехова едноставно да им прости на Адам и Ева? Во овој случај немало никаква основа да се прости. Како совршени луѓе, Адам и Ева намерно избрале да го отфрлат Јехова како свој владетел и наместо тоа да му се подложат на Сатана. Не сме изненадени што овие бунтовници воопшто не се покајале. Меѓутоа, кога луѓето ќе прашаат зошто Бог не им простил, можеби всушност се прашуваат зошто Јехова едноставно не ги спуштил своите мерила и не ги толерирал гревот и побуната. Одговорот нѐ води до едно својство што го има Јехова како личност — неговата светост (2. Мојсеева 28:36; 39:30).
12 Во Библијата, стотици пати се спомнува дека Јехова е свет. Но, за жал, малку луѓе во овој расипан свет сфаќаат што значи оваа особина. Јехова е чист и нема никаква допирна точка со каков и да е грев (Исаија 6:3; 59:2). Јехова нашол начин луѓето да се искупат од својот грев, односно да им се избрише гревот, но нема да го толерира засекогаш. Кога Јехова вечно би го толерирал гревот, ние не би имале никаква надеж за иднината (Изреки 14:12). Во свое време, Јехова ќе се погрижи повторно да биде свето сѐ што создал. Ова е сигурно, бидејќи е по волја на Оној што е свет.
13, 14. Зошто Јехова решил да не ги уништи бунтовниците во еденската градина?
13 Можело ли Јехова едноставно да ги уништи оние што се побуниле во еденската градина и да започне сѐ одново? Тој сигурно имал моќ да го направи тоа, и наскоро ќе ја употреби таа моќ за да ги уништи сите злобни. Некои можеби се прашуваат: ‚Зошто не го направил тоа кога имало само тројца грешници во целата вселена? Зар со тоа немаше да спречи да се рашири гревот — и сите страдања што постојат во светот?‘ Зошто Јехова не одлучил да постапи така? Во 5. Мојсеева 32:4 стои: „Сите негови патишта се правда“. Јехова има многу изострено чувство за правда. Всушност, „Јехова ја сака правдата“ (Псалм 37:28). Бидејќи ја сака правдата, Јехова не ги уништил веднаш бунтовниците во еденската градина. Зошто?
14 Со побуната на Сатана се поставило прашањето дали Бог има право да биде Севишен Владетел. Јеховиното чувство за правда барало да се даде праведен одговор на обвинението на Сатана. Иако бунтовниците заслужувале веднаш да бидат погубени, на тој начин не би се дал праведен одговор. Со таквиот чин би се докажало дека Јехова е најмоќен, но во прашање не била доведена неговата моќ. Освен тоа, Јехова им кажал на Адам и Ева каква е неговата намера. Тие требало да имаат потомци и да ја наполнат Земјата, да ја потчинат и да владеат со сите живи суштества на неа (1. Мојсеева 1:28). Ако Јехова едноставно ги уништел Адам и Ева, она што рекол дека го замислил за луѓето ќе било само празни зборови. Јеховината правда никогаш не би дозволила такво нешто, бидејќи тој секогаш го исполнува она што ќе го науми (Исаија 55:10, 11).
15, 16. Како можеме да им помогнеме на луѓето кога ќе предложат свои „решенија“ за спорот што започнал во Еден?
15 Дали некој во вселената можел да постапи во таа побуна помудро од Јехова? Некои луѓе можеби предлагаат свои Римјаните 11:25; 16:25-27).
„решенија“ за тоа како требало да се постапи кога дошло до побуната во Еден. Но, зар со тоа не сакаат да кажат дека тие можат да смислат подобри начини за да се реши тоа прашање? Можеби не го прават тоа со лоши мотиви, туку едноставно не го познаваат Јехова и не ја сфаќаат неговата ненадминлива мудрост. Кога им пишувал писмо на христијаните во Рим, апостол Павле истражувал длабоко во Божјата мудрост, вклучувајќи ја и „светата тајна“ во врска со Јеховината намера да го употреби Месијанското Царство за да ги спаси верните луѓе и да го прослави своето свето име. Што мислел Павле за мудроста на Богот што ја имал оваа намера? Тој го завршил своето писмо со овие зборови: „Нему [На Бог], единствениот мудар, нека му биде славата преку Исус Христос во сета вечност! Амин“ (16 Павле сфатил дека единствено Јехова е мудар — дека тој е најмудрата личност во целата вселена. Кој несовршен човек би можел да смисли подобар начин да реши каков и да е проблем — а камоли ситуацијата во која најмногу требало да се види Божјата мудрост? Затоа, треба да им помогнеме на луѓето да ја стекнат истата страхопочит што ја имаме и ние кон Богот кој има „мудро срце“ (Јов 9:4). Колку подобро ќе ја разбереме Јеховината мудрост, толку поцелосна доверба ќе имаме дека неговиот начин на решавање на работите е најдобар (Изреки 3:5, 6).
Да ја сфатиме најважната особина на Јехова
17. Кога некои ги мачи тоа што Бог дозволува да има страдања, како може да им помогне тоа што повеќе ќе ја разберат Јеховината љубов?
17 „Бог е љубов“ (1. Јованово 4:8). Со овие силни зборови, Библијата открива која е најистакнатата особина на Јехова, особина што е најубава од сите други негови особини и која најмногу ги теши оние што се вознемирени поради тоа што злото е многу раширено во светот. Јехова покажал љубов во секој аспект од начинот на кој ги отстранил ужасните последици што ги оставил гревот врз Божјите созданија. Љубовта го мотивирала Јехова да им даде надеж на грешните потомци на Адам и Ева, овозможувајќи им да му се молат и да се зближат со него. Љубовта го мотивирала Бог да обезбеди откупнина што го отвора патот потполно да им бидат простени гревовите и еден ден да станат совршени и да живеат вечно (Јован 3:16). Исто така, љубовта го мотивирала да биде стрплив со луѓето, давајќи им на што повеќе лица прилика да го отфрлат Сатана и да го изберат Јехова за свој Владетел (2. Петрово 3:9).
18. Кој одговор сме среќни што го знаеме, и што ќе разгледаме во следната статија?
18 Кога еден свештеник им се обратил на присутните што се собрале да ја одбележат годишнината од еден ужасен терористички напад, тој им рекол: „Не знаеме зошто Бог допушта и понатаму да има зло и страдања“. Колку жалосно! Зар не сме среќни што ние го знаеме одговорот на овие прашања? (5. Мојсеева 29:29). А бидејќи Јехова е мудар, праведен и многу нѐ сака, знаеме дека наскоро ќе им стави крај на сите страдања. Всушност, тој ветил дека ќе го направи тоа (Откровение 21:3, 4). Но, што ќе биде со оние што умреле во минатите векови? Дали Јехова го решил спорот без да ни даде некаква надеж за нив? Не. Љубовта го поттикнала да се погрижи и за нив — преку воскресението. На таа тема ќе поразговараме во следната статија.
Како би одговорил?
• Што можеме да му речеме на некој што нѐ прашува зошто Бог дозволува да има страдања?
• Како се гледаат Јеховината светост и неговата правда во начинот на кој постапил со бунтовниците во Еден?
• Зошто треба да им помогнеме на луѓето уште повеќе да ја разберат Јеховината љубов?
[Прашања]
[Слика на страница 21]
Обиди се да им помогнеш на оние на кои им е тешко поради тоа што во светот има толку многу страдања
[Слики на страница 23]
Верните Давид и Авакум му поставиле на Бог искрени прашања