Има ли надеж во овие тешки времиња?
Има ли надеж во овие тешки времиња?
„ОБИЧНИОТ граѓанин денес може полесно од кога и да било во човечката историја да направи нешто добро за општеството и да придонесе да се решат заедничките проблеми.“ Ова го изјави поранешниот претседател на Соединетите Држави, Бил Клинтон, на една конференција во Отава (Канада), во март 2006 год. На крајот заклучи дека, од катастрофата со цунами брановите во 2004 год., меѓу луѓето низ целиот свет постои сѐ поголема спремност за соработка. Потоа, со доза на оптимизам, додаде дека денес луѓето во светот „зависат едни од други како никогаш порано“.
Може ли да очекуваме природните катастрофи да ги натераат луѓето низ светов да се обидат да постигнат подобра иднина? Дали тоа што луѓето „зависат едни од други како никогаш порано“ е доволно силна основа да се надеваме дека во иднина вистински ќе владее мир и постојано ќе се чувствуваме сигурни?
Темел за вистинска надеж
Низ својата долга историја што трае повеќе од шест илјади Псалм 146:3). Ако нашите надежи се во организациите од овој свет, во материјалните работи што ни ги нуди тој и во желбите што ни ги буди, сигурно ќе се разочараме. Зошто? Бидејќи „светот поминува и неговата желба“ (1. Јованово 2:17).
години, човештвото секогаш одново покажувало дека не е способно да функционира сложно. Не залудно Библијата нѐ советува: „Немајте доверба во достоинствениците, ниту во некој друг земен човек, од кого нема спасение!“ (Од друга страна, Бог со векови бил извор на сигурна надеж за праведните луѓе. Библијата го нарекува „надеж на [древниот] Израел“ и „надежта на [Израеловите] татковци“, а освен овие, во неа има уште многу изрази на надеж и доверба во него (Еремија 14:8; 17:13; 50:7). Навистина, Светото писмо нѐ поттикнува да се ‚надеваме на Јехова‘ (Псалм 27:14).
Во Изреки 3:5, 6 читаме: „Имај доверба во Јехова со сето свое срце и не потпирај се на сопствениот разум. На сите свои патишта имај го на ум, и тој ќе ги исправи твоите патеки“. Можеш потполно да веруваш во овие зборови, бидејќи Јехова Бог секогаш ја зборува вистината, не се менува и без исклучок ги исполнува своите ветувања (Малахија 3:6; Јаков 1:17). Тој ти го сака најдоброто, и ако секогаш ги прифаќаш советите запишани во неговата Реч, Библијата, таа успешно ќе те води низ овие страшни времиња (Исаија 48:17, 18).
Ако со цело срце го правиме она што нѐ советува, Бог ни ветил: „Не плаши се, зашто јас сум со тебе! Не свртувај се плашливо, зашто јас сум твојот Бог! Јас ќе те зајакнам и ќе ти помогнам. Ќе те потпрам со мојата праведна десница“ (Исаија 41:10). Сите што вистински го сакаат Јехова Бог ќе најдат голема утеха ако искрено, срдечно се молат и ако размислуваат за ова негово ветување, зашто тоа им помага низ тешкотиите и грижите.
Да ја земеме како пример Андреа, која е Јеховин сведок и мајка на две деца. Таа вели: „Кога на периоди се чувствувам несигурна, повторно ми се враќа силата само ако се молам и длабоко размислувам за она што ни го ветил Јехова. Единствен во кого можам секогаш да имам потполна доверба во мојот живот е Јехова. Кога се потпирам на него многу ми е полесно да задржам стабилност“.
Зајакни ја својата надеж во Јехова
За да истакне колку е важно да се надеваме во Јехова, еден псалмист рекол: „Голем мир имаат оние што го сакаат твојот закон, за нив не постои камен за спрепнување“ (Псалм 119:165). Кога искрено ја проучуваш Божјата реч, тогаш ги полниш својот ум и срце со она ‚што е вистинито, благородно, праведно, чисто, допадливо, пофално, доблесно и достојно за фалба‘. Тоа многу ќе те изгради духовно. Ако совесно се трудиш да слушаш, да учиш, да ги прифатиш и да живееш според нејзините мерила, „Богот на мирот“ ќе биде со тебе (Филипјаните 4:8, 9).
Врз основа на своето долгогодишно искуство, Џон вели: „Пред да почнам да гледам поинаку на иднината, мораше да сфатам дека прво треба многу да ги сменам својата личност и размислувањето за да можам да станам близок со еден совршен, невидлив Бог. Единствениот начин да ја постигнам таа блискост беше да станам духовна личност. Затоа почнав да ја читам Библијата и длабоко да размислувам за она што ќе го прочитав. Така полека почнав да гледам на работите онака како што ме советува Бог“.
Ако и ти пиеш од освежувачките води на Библијата што даваат живот, си нашол делотворен и проверен лек кој ќе ти даде сила да се бориш со напливот од лоши работи за кои секојдневно слушаме, читаме или кои ги гледаме. Исто така, ако ги послушаш советите од Библијата, твоето семејство ќе стане поблиско и ќе ти се намалат секојдневните грижи. И не само тоа, туку Бог ветува дека е спремен „да ја покаже својата сила штитејќи ги оние што му се оддадени со цело срце“ (2. Летописи 16:9). Тој ќе ги среди работите на таков начин што навистина нема да треба да се плашиш.
Финес, кој преживеал војна и масовно убивање, вели: „Научив да го ставам својот Псалм 18:29). Едно детенце што е блиско со своите родители, им верува и е сигурно дека тие ќе се грижат за него дури и кога е болно или му се случило нешто друго. И ти можеш да се чувствуваш вака ако се потрудиш да се надеваш на Јехова, што тој срдечно те поканува да го сториш (Псалм 37:34).
живот во Јеховините грижливи раце. Тоа што се придржував за библиските начела ми помогна да избегнам многу проблеми“. Ако навистина имаш доверба во Јехова Бог, тој може да ти помогне да ги надминеш проблемите што ти изгледаат како непремостливи ѕидишта (Цврст темел за надеж
Исус Христос им рекол на своите следбеници: „Молете се вака: ‚Татко наш, кој си на небесата, да се свети името твое. Да дојде царството твое. Да биде волјата твоја, како на небото така и на земјата‘“ (Матеј 6:9, 10). Ова небесно Царство е влада на чие чело е Исус Христос. Преку таа влада Бог ќе го оствари своето право да владее со Земјата (Псалм 2:7-12; Даниел 7:13, 14).
Тоа што денешниов живот од сите страни ни носи страв јасно покажува дека е потребно Бог да преземе нешто. За среќа, тоа ќе се случи наскоро! На Исус Христос, кого Бог го поставил за Цар, му е дадена власт да докаже дека Јехова е Врховниот Владетел и да го посвети Неговото име (Матеј 28:18). Наскоро, Божјата влада ќе го насочи вниманието кон Земјата за да ги отстрани сите причини за страв и грижи. Во Исаија 9:6 се наведени особините кои покажуваат дека Исус е способен Владетел и дека сигурно ќе нѐ ослободи од нашите стравови. На пример, тој е наречен „Вечен Татко“, „Прекрасен Советник“ и „Кнез на Мирот“.
Размисли за нежниот израз „Вечен Татко“. Тој покажува дека Исус има моќ и власт, но исто така и желба да им даде на послушните луѓе можност да живеат вечно на Земјата благодарение на откупната жртва што ја дал. Ова значи дека тие конечно ќе бидат ослободени од гревот и несовршеноста што ги наследиле затоа што згрешил првиот човек, Адам (Матеј 20:28; Римјаните 5:12; 6:23). Исто така, Бог го овластил Христос да врати во живот многу луѓе што умреле (Јован 11:25, 26).
Кога бил на Земјата, Исус докажал дека е „Прекрасен Советник“. Бидејќи ја познавал Божјата реч и извонредно ја разбирал природата на човекот, Исус знаел како да ги решава секојдневните проблеми. И откако почнал да владее како Цар на небото, Христос продолжува да биде „Прекрасен Советник“. Тој е главниот преку кого Јехова комуницира со луѓето. Советите од Исус, кои се запишани во Библијата, секогаш се мудри и непогрешливи. Ако си свесен за сето ова и веруваш дека е така, можеш да очекуваш живот без несигурност и страв.
Во Исаија 9:6, Исус е опишан и како „Кнез на Мирот“. Во тоа својство, наскоро Христос ќе ја употреби својата моќ за да ѝ стави крај на секоја нерамноправност што постои, било политичка, било општествена, или економска. Како? Така што власта над човештвото ќе ја преземе мирољубивото месијанско Царство (Даниел 2:44).
Под власта на ова Царство, на целата планета постојано ќе има мир. Зошто можеме да бидеме сигурни во ова? Причината е кажана во Исаија 11:9, каде што пишува: „Повеќе нема да се прави зло и нема да се пустоши на целата моја света гора, зашто земјата ќе биде полна со знаење за Јехова, како што морето е полно со вода“. Со текот на времето, секој човек на планетава ќе го познава Бог и ќе му биде послушен. Дали си среќен што ќе биде така? Ако ова те радува, веднаш стори нешто за да го стекнеш скапоценото „знаење за Јехова“.
Доколку испиташ што навистина учи Библијата во врска со она што се случува денес и за убавата иднина што ни претстои, тогаш ќе научиш многу за Бог, а тоа ќе ти помогне да изградиш вера во него и да добиеш вечен живот. Затоа, искористи ја можноста бесплатно да дознаеш повеќе за Библијата од Јеховините сведоци во твоето место. Така ќе го смириш својот страв и ќе најдеш вистинска надеж во овие тешки времиња.
[Рамка/слики на страница 7]
Зошто владата на Царството влева надеж
Исус Христос, Царот на Божјето Царство, добил моќ и право да има власт над целата вселена (Матеј 28:18). Тој повторно ќе воспостави совршена еколошка рамнотежа на Земјата. Исто така, умее да ги отстрани сите болести. Чудата што Исус ги извршил на Земјата ги навестувале далеку поголемите благослови што ќе ги добиеме од него кога тој ќе владее како совршен Цар во кој можеме да имаме целосна доверба. Кои од долунаведените особини на овој месијански Цар особено ти се допаѓаат?
▪ Пристаплив (Марко 10:13-16).
▪ Разумен и непристрасен (Марко 10:35-45).
▪ Достоен за доверба и несебичен (Матеј 4:5-7; Лука 6:19).
▪ Праведен (Исаија 11:3-5; Јован 5:30; 8:16).
▪ Обѕирен, внимателен и понизен (Јован 13:3-15).
[Слика на страница 4]
Ако ја читаш Библијата и длабоко размислуваш за неа, ќе имаш поголема доверба во Јехова