„Дали знаеш како се вика Бог?“
„Дали знаеш како се вика Бог?“
ТОА прашање ја заинтересирало една жена од југозападниот дел на Централна Азија. Прашањето се појави на насловната страница од нашето придружно списание Разбудете се! од 22 јануари 2004 год. (го нема на македонски). Подоцна жената им пишала на издавачите: „Вашето списание толку ми се допадна што почнав да го читам редовно. Тоа ми помогна да живеам според подобри морални мерила. Сега на животот гледам многу попозитивно. На сите им зборувам за нашиот Бог и за мирот што го чувствувам откако почнав да учам за него“.
Всушност, на многу места, „сѐ до крајот на земјата“, луѓето дознаваат дека Бог се вика Јехова (Дела 1:8). На пример, ова име на туркменистански јазик исто така се изговара Јехова и може да се најде на повеќе места во преводот на Светото писмо на тој јазик. Во Псалм 8:1 пишува: „Јехова, Господару наш, колку е величествено името твое по целата земја!“
За да дознае повеќе за Јехова Бог, жената побарала еден примерок од брошурата со 32 страници Божественото име кое ќе остане засекогаш. И ти можеш да ја побараш оваа брошура од некој Јеховин сведок.