Исправни мерила што даваат стабилност
Исправни мерила што даваат стабилност
СИТЕ човечки општества прифатиле некакви морални мерила. Зарем не се сложуваш дека низ целиот свет се ценат особините како чесност, љубезност, сочувство и несебичност? И зарем тие особини не им се допаѓаат на повеќето од нас?
Од каде потекнуваат таквите особини?
Во првиот век од н.е., еден високообразован човек, кој се викал Савле, живеел во општество во кое три влијателни култури — еврејската, грчката и римската Римјаните 2:14, 15).
— имале свои морални норми. Иако тие култури ги наметнувале своите сложени обичаи и закони, Савле забележал дека луѓето, општо земено, се водени од вродено чувство за морал. Тоа е нашата совест. Откако Савле станал христијанскиот апостол Павле, тој напишал: „Секогаш кога незнабошците, кои немаат закон, по природа [„инстинктивно“, Радосна вест] го држат она што е во законот, тие самите за себе се закон, иако немаат закон. Тие покажуваат дека она што се наоѓа во законот е запишано во нивните срца, а за тоа сведочи и нивната совест“ (Меѓутоа, дали е доволно само „инстинктивно“ да одлучуваме што е исправно, а што погрешно? Како што можеби и самиот си забележал, човечката историја е полна со грешки на поединци или на групи. Поради тоа, многу луѓе се увериле дека ни е потребно водство од повисок авторитет кој ќе ги одреди најдобрите морални мерила според кои треба да живееме. Многумина признаваат дека Творецот на луѓето е во најдобра положба да даде такви вечни, непроменливи морални мерила. Во својата книга Неоткриеното Јас (The Undiscovered Self), д-р Карл Јунг забележал: „Ако човек не се држи цврсто за Бог, тогаш нема да успее самиот да се спротивстави на физичкиот и моралниот притисок што му го врши светот“.
Тој заклучок е во согласност со она што го напишал еден древен пророк: „Патот на земниот човек не е во негова власт. Човекот кој оди не може да управува со своите чекори“ (Еремија 10:23). Нашиот Творец вели: „Те учам за твое добро, те водам по патот по кој треба да одиш“ (Исаија 48:17, Д-р Д. Х. Константинов).
Еден сигурен извор на исправни мерила
Цитираните зборовите се земени од Светото писмо — најраспространетиот извор на морални мерила. Милиони луѓе низ целиот свет, дури и оние што не се христијани и не се религиозни, побарале помош од Библијата за да стекнат разборитост и мудрост. Германскиот поет Јохан Волфганг Гете напишал: „Што се однесува до мене, јас ја сакам и ја почитувам [Библијата] бидејќи од неа научив речиси сѐ што знам за моралот“. Се вели дека хиндускиот водач Махатма Ганди рекол: „По секоја цена треба длабоко да црпите од изворот што ви е даден во Проповедта на гората [дел од учењата на Исус Христос што се запишани во Библијата]... бидејќи поуките од Проповедта се наменети за секого од нас“.
Апостол Павле, кој беше цитиран претходно, истакнал колку важна улога игра Светото писмо во давањето на исправни мерила: „Целото Писмо е вдахновено од Бог и корисно за поучување“ (2. Тимотеј 3:16). Дали е тоа точно?
Зошто самиот не провериш? Разгледај ги начелата што се наведени на следната страница. Дали забележуваш зошто се корисни? Размислувај за тоа како можат овие поуки да ти помогнат да имаш поквалитетен живот и подобри односи со другите.
Можат ли да ти користат?
Начелата што се тука наведени се само дел од практичните совети што се наоѓаат во Светото писмо. Освен нив, во Божјата реч се запишани и многу опомени кои покажуваат дека негативните мисли, лошиот говор и погрешните постапки можат штетно да влијаат врз нашиот живот (Изреки 6:16-19).
Навистина, поуките од Библијата даваат нешто кое на човечкото општество главно многу му недостига — совети што им помагаат на луѓето да се држат за најисправните морални мерила. Оние што ги прифаќаат и живеат според овие совети, можат од корен да ја променат својата личност. Се подобрува нивниот начин на размислување (Ефешаните 4:23, 24). А стануваат подобри и нивните мотиви. Откако дознале за Божјите мерила кои се запишани во Библијата, многумина успеале да ги искоренат од своето срце расизмот, предрасудите и омразата (Евреите 4:12). Светото писмо и моралните мерила што тоа ги содржи ги поттикнале некои луѓе да се откажат од секаков вид насилство и злоба, и да станат подобри луѓе.
Библиските мерила навистина им помогнале на милиони луѓе да надминат длабоко вкоренети навики и обичаи поради кои многумина си го уништиле животот (1. Коринќаните 6:9-11). Поуките од Библијата ги преобразиле тие лица — не само нивните навики туку и нивните срца, нивните надежи и нивните семејства. Без оглед на тоа во колкава мера светот се расипува, сепак, на Земјата постојат луѓе што продолжуваат да се менуваат на подобро. А ова нема да престане. „Тревата се суши, цветот венее, но речта на нашиот Бог останува довека“ (Исаија 40:8).
Но, дали ти лично ќе извлечеш корист од „речта на нашиот Бог“? На Јеховините сведоци ќе им биде мило да ти помогнат да ги примениш библиските мерила во твојот живот. Ако живееш во склад со тие мерила, ќе станеш близок пријател со Бог и ќе можеш да живееш вечно додека те водат Божјите начела кои никогаш не застаруваат.
[Рамка/слики на страници 6 и 7]
НАЧЕЛА ШТО НИКОГАШ НЕ ЗАСТАРУВААТ
Златното правило. „Според тоа, сѐ што сакате луѓето да ви прават вам, правете им го и вие ним. Тоа е смислата на Законот и Пророците“ (Матеј 7:12).
Сакај го ближниот. „Сакај го својот ближен како себеси“ (Матеј 22:39). „Љубовта не му прави зло на ближниот. Според тоа, љубовта е исполнување на Законот“ (Римјаните 13:10).
Почитувај ги другите. „Со братска љубов сакајте се срдечно еден со друг. Предводете во искажувањето почит еден кон друг“ (Римјаните 12:10).
Биди мирољубив. „Бидете во мир еден со друг“ (Марко 9:50). „Ако е можно, колку што зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе“ (Римјаните 12:18). „Да се стремиме кон она што придонесува за мир“ (Римјаните 14:19).
Простувај. „Прости ни ги нашите долгови, како што и ние им простуваме на нашите должници“ (Матеј 6:12). „Бидете милостиви еден спрема друг, имајте сомилост, спремно простувајќи си еден на друг“ (Ефешаните 4:32).
Биди лојален, верен. „Пиј од водата на својот бунар – од онаа што извира од твојот извор!.. Твојот извор нека е благословен, со својата сопруга радувај се... Нека те опиваат нејзините гради, нека те плени нејзината љубов... Не ти треба сине, по прељубници да одиш, ни во прегратки на туѓа жена да се најдеш!“ (Изреки 5:15-20, Радосна вест). „Кој е верен во најмалото, верен е и во многу, а кој е неправеден во најмалото, неправеден е и во многу“ (Лука 16:10). „А од управителот се бара да биде верен“ (1. Коринќаните 4:2).
Биди чесен. „Можам ли да бидам чист со злобна вага и со торба со лажни камени тегови?“ (Михеј 6:11). „Уверени [сме] дека имаме чиста совест, бидејќи сакаме во сѐ да постапуваме чесно“ (Евреите 13:18).
Биди праведен. „Мразете го злото, а сакајте го доброто, и дајте ѝ место на правдата при градската порта!“ (Амос 5:15). „Зборувајте ја вистината еден со друг! На градските порти судете според вистината и донесувајте пресуди што водат кон мир“ (Захарија 8:16). „Сега кога сте ја отфрлиле лагата, зборувајте ја вистината секој на својот ближен“ (Ефешаните 4:25).
Биди вреден, трудољубив. „Си видел ли човек вешт во својата работа? Таквиот ќе стои пред цареви“ (Изреки 22:29). „Во работата не бидете мрзливи“ (Римјаните 12:11). „Што и да работите, правете го тоа со сета душа како за Јехова, а не како за луѓето“ (Колошаните 3:23).
Биди благ, сочувствителен, љубезен. „Облечете се во најдлабока сомилост, љубезност, понизност, благост и долготрпеливост“ (Колошаните 3:12).
Надвладеј го злото со добро. „Сакајте ги своите непријатели и молете се за оние што ве прогонуваат“ (Матеј 5:44). „Не дозволувај да те надвладее злото, туку надвладеј го злото со добро!“ (Римјаните 12:21).
Дај му го на Бог најдоброто. „,Сакај го Јехова, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој ум‘. Тоа е најголемата и прва заповед“ (Матеј 22:37, 38).
[Слики]
Ако ги примениме библиските мерила, ќе имаме успешен брак, добри односи во семејството и добри пријатели