‚Чудесно сме создадени‘
‚Чудесно сме создадени‘
„Те фалам, полн со страхопочит, зашто сум чудесно создаден“ (ПСАЛМ 139:14).
1. Зошто многу луѓе што размислуваат му ги припишуваат на Бог чудесните творби на Земјината топка?
СВЕТОТ на природата е полн со чудесни творби. Како настанале? Некои сметаат дека одговорот може да се најде без да се спомнува интелигентен Творец. Други, пак, сметаат дека, ако своеволно го исклучиме постоењето на Творец, не можеме потполно да ја разбереме природата. Тие веруваат дека живите суштества на Земјата се премногу сложени, премногу разновидни, па дури и премногу чудесни за да настанат случајно. Многу луѓе, вклучувајќи и некои научници, ги прифаќаат доказите дека вселената ја создал Некој што е мудар, моќен и добар. *
2. Што го мотивирало Давид да го фали Јехова?
2 Цар Давид од древниот Израел бил човек што бил уверен дека Творецот заслужува фалба за чудесните работи што ги создал. Иако Давид живеел долго време пред науката да го постигне денешниот напредок, сфатил дека е опкружен со прекрасни примери на Божјите творечки дела. Било доволно Давид да размисли за своето тело па да почувствува длабока страхопочит кон Божјите творечки способности. „Те фалам, полн со страхопочит, зашто сум чудесно создаден“, напишал тој. „Твоите дела се чудесни, и мојата душа тоа добро го знае“ (Псалм 139:14).
3, 4. Зошто е важно секој од нас сериозно да размислува за Јеховините дела?
3 Давид длабоко размислувал за да може да биде толку цврсто уверен во тоа. Денес, наставната програма во училиштата, како и средствата за јавно информирање, се преполни со теории за потеклото на човекот кои ја рушат верата во Бог. За да имаме вера каква што имал Давид, и ние мора длабоко да размислуваме. Не можеме да си дозволиме да оставиме другите да мислат за нас, особено за толку битни теми како што се дали постои Творец и каква улога има тој.
4 Освен тоа, ако размислуваме за Јеховините дела, ќе се зајакне нашето ценење за него и ќе стекнеме поголема доверба во она што тој ветува дека ќе го направи во иднина. Тоа, пак, ќе нѐ мотивира да го запознаеме Јехова уште подобро и да му служиме. Затоа, да видиме како современата наука го потврдила заклучокот до кој дошол Давид, имено, дека сме ‚чудесно создадени‘.
Нашиот чудесен физички развој
5, 6. а) Како го започнал животот секој од нас? б) Каква улога играат бубрезите?
5„Ти ги создаде моите бубрези, ме засолнуваше во утробата на мајка ми“ (Псалм 139:13). Сите сме почнале да постоиме во телото на нашата мајка како една единствена клетка која била помала и од точката на крајот на оваа реченица. Таа микроскопска клетка била многу сложена — вистинска минијатурна хемиска лабораторија! Растела многу брзо. До крајот на вториот месец од твоето постоење во матката, веќе ти биле оформени главните органи. Тука спаѓаат и бубрезите. Кога си се родил, бубрезите биле спремни да ја филтрираат крвта — да ги отстранат отровните материи и вишокот вода, а да ги задржат корисните материи. Ако се здрави, твоите два бубрега ја филтрираат целата вода во твојата крв — околу пет литри кај возрасен човек — на секои 45 минути!
6 Освен тоа, бубрезите помагаат да се контролира содржината на минерали во крвта, како и киселоста и притисокот на крвта. Тие извршуваат уште многу други животни функции — го претвораат витаминот Д во активен облик што е потребен за исправен развој на коските, и го создаваат хормонот еритропоетин, кој го стимулира создавањето на црвени крвни клетки во коските. Не е чудо што бубрезите се наречени „главни хемичари на телото“! *
7, 8. а) Опиши како се развива едно неродено бебе од самиот почеток. б) Во која смисла едно неродено бебе е ‚ткаено во најдлабоките длабочини на земјата‘?
7„Моите коски не ти беа скриени додека бев создаван во тајност, додека ме ткаеше во најдлабоките длабочини на земјата“ (Псалм 139:15). Првата клетка почнала да се дели, а продолжиле да се делат и новодобиените клетки. Наскоро клетките почнале да се диференцираат, односно да се специјализираат, и станувале нервни клетки, мускулни клетки, клетки на кожата итн. Клетките од ист вид се групирале и формирале ткива, а потоа органи. На пример, во третата седмица од зачнувањето почнал да се развива твојот скелет. Кога си имал само седум недели и си бил долг само околу 2,5 сантиметри, веќе почнала да се создава секоја од 206-те коски што ги имаш како возрасен човек, иако сѐ уште не биле цврсти.
8 Ваквиот чудесен процес на развиток се одвивал во матката на твојата мајка, скриен од погледот на луѓето исто како да бил закопан длабоко во Земјата. Всушност, голем дел од тоа како се развиваме му е непознат на човекот. На пример, што активирало специфични гени на твоите клетки да го започнат процесот на диференцирање? Можеби еден ден науката ќе го открие тоа, но, како што понатаму рекол Давид, нашиот Творец — Јехова — отсекогаш потполно го разбирал ова.
9, 10. На кој начин формирањето на деловите на ембрионот е ‚запишано‘ во Божјата „книга“?
9„Твоите очи ме видоа додека бев зародок, во твојата книга сите негови делови беа запишани — и деновите кога настануваа — кога уште немаше ниту еден“ (Псалм 139:16). Првата клетка од која си се состоел го содржела комплетниот план за целото твое тело. Според овој план си се развивал во текот на деветте месеци што си ги поминал во матката пред да се родиш, а потоа и во текот на преку две децении кои ти биле потребни за да станеш возрасен човек. За сето тоа време твоето тело минувало низ многу фази, и сите биле водени од информациите што биле програмирани во таа прва клетка.
10 Давид не знаел многу за клетките и за гените, бидејќи во тоа време немало микроскоп. Но, дошол до исправен заклучок дека развојот на неговото тело докажува дека некој однапред го испланирал тој процес. Можеби Давид знаел нешто за тоа како
се развива зародокот, односно ембрионот, па затоа можел да каже дека секој чекор мора да се одвивал според претходно утврдена шема и временски распоред. Со поетски зборови, тој рекол дека овој план е ‚запишан‘ во Божјата „книга“.11. Како сме ги добиле нашите физички карактеристики?
11 Денес е познато дека карактеристиките што ги наследуваш од твоите родители и предци — како што се висината, цртите на лицето, бојата на очите и косата, како и илјадници други обележја — се одредени од твоите гени. Секоја твоја клетка содржи десетици илјади гени, а секој ген е дел од еден долг синџир составен од ДНК (дезоксирибонуклеинска киселина). Упатствата за тоа како ќе се развива твоето тело се „запишани“ во хемиската структура на твојата ДНК. При секоја делба на клетките — за да се создадат нови клетки или за да се заменат старите — твојата ДНК ѝ ги пренесува тие упатства на следната клетка, и со тоа се одржува твојот живот и твојот основен изглед. Колку извонреден пример што ни покажува колкава е моќта и мудроста на нашиот небесен Творец!
Нашиот неспоредлив ум
12. Што особено ги разликува луѓето од животните?
12„Колку ми се скапоцени твоите мисли! О Боже, колку е голем нивниот број! Кога би сакал да ги бројам, би биле побројни од песокот“ (Псалм 139:17, 18а). И животните се чудесно создадени, а некои од нив поседуваат извесни сетила и способности што ги надминуваат сетилата и способностите на луѓето. Но, Бог им дал на луѓето умствени способности што далеку ги надминуваат оние на кое и да е животно. „Колку и да сме слични во многу работи со другите живи суштества, ни нема рамни меѓу другите живи организми на Земјата во способноста да го користиме јазикот и мислата“, стои во едно научно дело. „Ние сме нешто посебно и во нашата огромна љубопитност во врска со нас самите: Како е граден нашиот организам? Како сме настанале?“ За овие прашања размислувал и Давид.
13. а) Како можел Давид да размислува за Божјите мисли? б) Како можеме да го следиме примерот на Давид?
13 Што е уште поважно, за разлика од животните, ние се издвојуваме и во нашата способност да размислуваме за Божјите мисли. * Оваа посебна дарба е една работа од која се гледа дека сме создадени „според Божјиот лик“ (1. Мојсеева 1:27). Давид добро го користел овој дар. Тој размислувал за она што го гледал на Земјата околу себе и увидел дека постои Бог кој има прекрасни особини. Исто така, Давид ги имал и првите книги од Библијата, во кои Бог открил многу работи за себе и за она што го направил. Овие вдахновени списи му помогнале на Давид да ги разбере Божјите мисли, Божјата личност и Божјата намера. Кога размислувал за Светото писмо, за созданијата и за начинот на кој Бог постапувал со него, Давид бил мотивиран да го фали својот Творец.
Што вклучува верата
14. Зошто нема потреба да знаеме сѐ за Бог за да веруваме во него?
14 Колку повеќе Давид размислувал за созданијата и за Светото писмо, толку повеќе сфаќал дека не може потполно да го разбере сето знаење за Бог и што сѐ може да направи Бог (Псалм 139:6). Истото важи и за нас. Никогаш нема да разбереме сѐ за Божјите творечки дела (Проповедник 3:11; 8:17). Но, Бог ‚го направил знаењето доволно видливо‘ преку она што е запишано во Светото писмо и во природата што нѐ опкружува за да можат оние што ја барале вистината и што живееле во кое и да е време од историјата да стекнат вера што се темели на докази (Римјаните 1:19, 20; Евреите 11:1, 3).
15. Објасни како се поврзани верата и нашата блискост со Бог.
15 Верата вклучува повеќе отколку само да се согласиме со тоа дека животот и вселената мора да имале интелигентен Создател. Таа вклучува доверба во Јехова Бог како личност — кој сака да го запознаеме и да бидеме блиски со него (Јаков 4:8). Ова нѐ потсетува на довербата што ја има некој кон својот грижлив татко. Ако некој човек се сомнева дека татко ти навистина ќе ти помогне кога ќе се најдеш во неволја, можеби нема да можеш да го убедиш дека твојот татко заслужува да имаш доверба во него. Меѓутоа, ако од искуство имаш насобрано докази дека татко ти е добар човек, ти ќе бидеш уверен дека нема да те разочара. Слично, ќе стекнеме доверба во Јехова ако го запознаеме преку проучувањето на Светото писмо, ако размислуваме за она што го создал и кога ќе почувствуваме дека ни помага кога му се молиме. Така ќе ни се зголеми желбата да дознаеме уште повеќе работи за него и да го фалиме засекогаш од несебична љубов и оддаденост. Тоа е најблагородната цел што човек може да си ја постави (Ефешаните 5:1, 2).
Барај го водството на нашиот Творец!
16. Што можеме да научиме од тоа што Давид бил близок со Јехова?
16„Проникни во мојата внатрешност, о Боже, и запознај го срцето мое! Испитај ме и запознај ги немирните мисли мои, и види има ли во мене нешто што ме наведува на лош пат, и води ме по патот вечен!“ (Псалм 139:23, 24). Давид знаел дека Јехова веќе добро го познава — сѐ што си мислел, сѐ што рекол и сѐ што направил не било скриено од погледот на неговиот Творец (Псалм 139:1-12; Евреите 4:13). Затоа што Бог добро ги знаел тие работи, Давид се чувствувал сигурен, исто како што едно мало дете се чувствува сигурно во рацете на своите грижливи родители. Давид многу ценел што може да е толку близок со Јехова и се трудел засекогаш да остане близок со Бог длабоко размислувајќи за неговите дела и молејќи го. Всушност, многу псалми што ги напишал Давид, вклучувајќи го и 139. Псалм, се молитви кажани во придружба на музика. Длабокото размислување и молитвата ќе ни помогнат и нам да му се приближиме на Јехова.
17. а) Зошто Давид сакал Јехова да го испита неговото срце? б) Како влијае врз нашиот живот начинот на кој ја користиме својата слободна волја?
Псалм 139:19-22). Тој не сакал да направи грешки кои носат болни последици. Затоа, кога размислувал за Јеховиното неисцрпно знаење, Давид понизно го замолил Бог да го испита длабоко и да го насочува по патот што води во живот. Божјите праведни морални мерила важат за секого; па затоа и ние треба да донесуваме исправни одлуки. Јехова нѐ поттикнува сите да го слушаме. Така ја стекнуваме неговата милост и многу благослови (Јован 12:50; 1. Тимотеј 4:8). Ако секој ден живееме онака како што Јехова бара од нас, ќе можеме да стекнеме душевен мир, дури и кога имаме големи проблеми (Филипјаните 4:6, 7).
17 Бидејќи сме создадени по Божјиот лик, дадена ни е слободна волја. Можеме да избереме дали ќе постапуваме добро или лошо. Таа слобода си носи и одговорност. Давид не сакал да биде вброен меѓу злобните (Следи го нашиот прекрасен Творец!
18. Што заклучил Давид откако размислувал за она што било создадено?
18 Кога бил млад, Давид често бил надвор пасејќи ги своите стада. Овците ги наведнувале главите за да пасат, а тој ги подигал очите кон небото. Навечер, кога ќе паднел мрак, Давид размислувал за тоа колку е прекрасна и бескрајна вселената и што значи тоа. „Небесата ја објавуваат Божјата слава, небесниот свод зборува за делата на неговите раце“, напишал Давид. „Секој ден зборува за тоа, секоја ноќ открива знаење“ (Псалм 19:1, 2). На Давид му било јасно дека треба да го бара и да го следи Оној што сѐ создал толку чудесно. И ние треба да правиме така.
19. Што можат да научат и младите и старите од тоа што се ‚чудесно создадени‘?
19 Давид е пример за човек што го направил она што подоцна неговиот син Соломон ги советувал младите: „Сеќавај се на својот Величествен Творец во деновите на младоста своја... Бој се од вистинскиот Бог и држи ги неговите заповеди. Зашто, тоа е целата должност на човекот“ (Проповедник 12:1, 13). Уште кога бил млад, Давид сфатил дека е „чудесно создаден“. Тоа што живеел во склад со таквото сознание му донело големи благослови цел живот. Ако сите, и млади и стари, го фалиме и му служиме на нашиот Величествен Творец, ќе имаме убав живот сега и во иднина. На оние што се блиски со Јехова и што живеат според неговите праведни мерила, Библијата им ветува: „Ќе цветаат и кога косата ќе им побели, јадри и свежи ќе останат за да кажуваат дека Јехова е праведен“ (Псалм 92:14, 15). Исто така, ќе можеме да се надеваме дека вечно ќе уживаме во чудесните дела на нашиот Творец.
[Фусноти]
^ пас. 1 Види го српското издание на Разбудете се! од 22 јуни 2004 год., издадено од Јеховините сведоци.
^ пас. 6 Види ја и статијата „Вашите бубрези — филтер за живот“, во Разбудете се! од 8 ноември 1997.
^ пас. 13 Зборовите на Давид запишани во Псалм 139:18б по сѐ изгледа значат дека, ако го помине цел ден броејќи ги Јеховините мисли сѐ додека не заспие ноќта, сѐ уште ќе треба да брои кога ќе се разбуди следното утро.
Можеш ли да објасниш?
• На кој начин развојот на еден ембрион покажува дека сме ‚чудесно создадени‘?
• Зошто треба да размислуваме за Јеховините мисли?
• Како се поврзани верата и нашата блискост со Јехова?
[Прашања]
[Слики на страница 23]
Развојот на бебето во утробата се одвива по однапред определена шема
ДНК
[Извор на слика]
Нероден фетус: Lennart Nilsson
[Слика на страница 24]
Како деца што имаат доверба во својот грижлив татко, и ние имаме доверба во Јехова
[Слика на страница 25]
Тоа што размислувал за Јеховините творби го навело Давид да го фали Бог