Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Дали ја користиш секоја можност да зборуваш за своите верувања?

Дали ја користиш секоја можност да зборуваш за своите верувања?

Дали ја користиш секоја можност да зборуваш за своите верувања?

„ДАЛИ постои апсолутна вистина?“ Ова било темата на еден државен натпревар по литература во Полска. Во упатствата за пишување на литературниот состав стоело: „Не ни треба апсолутната вистина. Никому не му треба. Впрочем, таква вистина и не постои“. Агата, една 15-годишна средношколка која е Јеховин сведок, решила да ја искористи таа можност и да ги сподели своите верувања со другите.

Пред да почне да го подготвува составот, Агата побарала во молитва водство од Јехова, а потоа почнала да собира материјал на таа тема. Во Стражарска кула од 1 јули 1995 год. нашла некои информации. Во својот состав таа го цитирала прашањето кое Понтиј Пилат му го поставил на Исус: „Што е вистина?“ (Јован 18:38). Потоа навела дека со тоа подбивно прашање, Пилат како да сакал да каже: ‚Што е тоа „вистина“? Такво нешто не постои!‘ И уште додала: „Прашањето на Пилат ме потсетува на упатствата за пишување на овој состав“.

Во продолжение на составот, Агата пишувала за развојот на релативизмот — сфаќање според кое она што е вистина за еден човек можеби е невистина за друг, и дека и двајцата би можеле да „имаат право“. Потоа поставила неколку прашања како, на пример: „Кој од нас би се качил во авион ако не е сигурен дека законите за аеродинамика се апсолутна вистина?“ А потоа го насочила вниманието кон Библијата со зборовите: „Можеме да имаме цврста доверба во Библијата врз основа на факти кои можат да се проверат“. На крајот ја изразила својата надеж дека оние што искрено ја бараат апсолутната вистина ќе бидат доволно трпеливи за да ја најдат.

Агата освоила посебна диплома и имала можност да одржи говор пред целиот клас. Неколку нејзини соученици ја прифатиле нејзината понуда заедно да ја проучуваат Библијата. Агата е среќна што ја искористила таа можност да ги сподели своите верувања со многу луѓе. Ако сме спремни да зборуваме за својата вера во секое време, може да имаме добри резултати. Дали и ти ги искористуваш можностите што ти се укажуваат?