„Среброто е мое и златото е мое“
„Среброто е мое и златото е мое“
ВО ШЕСТИОТ век пр.н.е., персискиот цар Кир го ослободил Божјиот народ од заробеништвото во Вавилон. Илјадници се вратиле во Ерусалим за да го обноват разурнатиот Јеховин храм. Повратниците немале никаков стабилен приход, а непријателите од околните места сакале да ја спречат повторната изградба. Затоа, некои од градителите се прашувале дали некогаш ќе успеат да ја завршат оваа значајна задача.
Преку својот пророк Агеј, Јехова ги уверил дека е со нив. „Ќе ги затресам сите народи, и ќе дојдат скапоценостите од сите народи, и ќе го наполнам овој дом со слава“, рекол Бог. Што се однесува до тоа дали ќе има доволно средства, Агеј им ја пренел следнава порака: „‚Среброто е мое и златото е мое‘, вели Јехова над војските“ (Агеј 2:7-9). Пет години откако Агеј ги изрекол овие охрабрувачки зборови, храмот бил довршен (Езра 6:13-15).
И во денешно време, зборовите на Агеј ги охрабруваат Божјите слуги додека работат на големи проекти што се поврзани со Јеховината служба. Во 1879 год., кога верниот и разборит роб почна да го издава ова списание, кое во тоа време се викаше Сионска Стражарска кула и гласник на Христовата присутност (Zion’s Watch Tower and Herald of Christ’s Presence), беше дадена следнава изјава: „Веруваме дека ЈЕХОВА ја поддржува ‚Сионската Стражарска кула‘ и, бидејќи е така, никогаш нема да моли за пари ниту да бара помош од луѓе. Кога Оној што вели ‚сето злато и сребро на планините е мое‘ нема да ги обезбеди потребните средства, ќе сфатиме дека е време да престанеме да ја издаваме оваа публикација“.
Ова списание никогаш не престана да се издава. Тиражот на првиот број беше 6.000 примероци и излезе само на англиски јазик. Моментално, во просек се печатат по 28.578.000 примероци од секој број, на 161 јазик. * Просечниот тираж на Разбудете се!, придружното списание на Стражарска кула, е 34.267.000 примероци на 81 јазик.
Јеховините сведоци работат на многу проекти што ја имаат истата цел како и Стражарска кула — Јехова да биде величан како Севишен Владетел и да се објавува добрата вест за неговото Царство (Матеј 24:14; Откровение 4:11). Сведоците во денешно време потполно се согласуваат со изјавата дадена во ова списание во 1879 год. Тие веруваат дека Бог ја поддржува нивната активност и дека секогаш кога тој сака да се заврши некој проект ќе има доволно средства. Но, како конкретно се финансира активноста на Јеховините сведоци? И на какви проекти работат тие за да ја проповедаат добрата вест низ целиот свет?
Како се финансира ова дело?
Додека им проповедаат на луѓето, Јеховините сведоци честопати го слушаат прашањето: „Ве плаќаат ли за ова?“ Одговорот е: „Не“. Тие го прават тоа бесплатно. Овие проповедници поминуваат многу часови разговарајќи со другите за Јехова и за библиското ветување за подобра иднина, бидејќи на тоа ги поттикнува благодарноста кон Бог. Го ценат она што тој го сторил за нив и многу се задоволни од силното позитивно влијание што добрата вест го има врз нивниот живот и врз нивната надеж. Затоа сакаат да им ги пренесат овие убави работи Матеј 10:8). Желбата да сведочат за Јехова и за Исус ги тера да даваат од свој џеб за да зборуваат со другите за своите верувања, да дојдат дури и до оние што живеат далеку (Исаија 43:10; Дела 1:8).
на другите. Притоа го следат начелото што го дал Исус: „Бесплатно добивте, бесплатно давајте“ (За извршувањето на нивното обемно проповедничко дело и за објектите што им помагаат да го извршат — печатниците, канцелариите, конгресните сали, мисионерските домови итн. — се потребни многу средства. Од каде толку пари? Сите овие трошоци се покриваат со доброволни прилози. Јеховините сведоци не бараат од членовите на собранието пари за поддршка на теократските активности и не ги наплаќаат списанијата што ги даваат. Ако некој сака да даде прилог за нивното образовно дело, Сведоците со задоволство ќе го примат. Да разгледаме што сѐ е вклучено во само еден аспект од нивните напори да ја проповедаат добрата вест низ целиот свет — преведувањето.
Публикации на 437 јазици
Публикациите на Јеховините сведоци со децении се едни од најпреведуваните во светот. Тие имаат преведено трактати, брошури и книги на 437 јазици. Се разбира, исто како и сите други активности поврзани со проповедањето на добрата вест, и за преведувањето се потребни големи средства. Што точно е вклучено во процесот на преведување?
Штом ќе ја средат содржината на статијата на англиски јазик, издавачите на публикациите на Јеховините сведоци го испраќаат текстот по електронска пошта до оспособени преведувачки тимови низ целиот свет. За секој јазик на кој се издаваат публикациите има по еден преведувачки тим. Во зависност од тоа на колку проекти работи и колку е сложен јазикот на кој се преведува, т.е. домашниот јазик, тимот може да брои од 5 до 25 членови.
Преведениот текст се проверува и се коригира. Целта е да се пренесат мислите од оригиналот колку што е можно поточно и појасно, што не е лесна задача, и тоа од неколку причини. Кога се преведува текст во кој се користат стручни изрази, обично е потребно преведувачите и коректорите многу да истражуваат не само на изворниот јазик (англиски или некој друг јазик, како на пример француски, руски или шпански) туку и на својот јазик за да бидат сигурни дека преводот е точен. На пример, потребно е обемно истражување кога некоја статија во Разбудете се! обработува техничка или историска тема.
Голем дел од преведувачите работат во подружниците на Јеховините сведоци со полно или со скратено работно време. Други работат на подрачјето каде што се зборува јазикот на кој се преведува. Тие не добиваат плата за работата што ја вршат. Преведувачите што работат полновремено добиваат сместување, храна и скромен паричен надоместок со кој си ги покриваат основните трошоци. Низ целиот свет има околу 2.800 Сведоци што служат како преведувачи. Моментално, 98 подружници на Јеховините сведоци имаат преведувачки тимови или ги надгледуваат тимовите во други земји. На пример, подружницата во Русија надгледува повеќе од 230 преведувачи кои работат со полно или со скратено работно време и преведуваат на повеќе од 30 јазици, меѓу кои има и јазици што не се толку познати надвор од нивното говорно подрачје, како што се осетискиот, ујгурскиот и јазикот чуваш.
Подобар превод
Секој што се обидел да научи нов јазик знае дека не е лесно сложените мисли да се преведат точно. Целта е фактите и мислите од изворниот текст да се пренесат исправно, но во исто време, преводот да звучи природно — како да е напишан на домашниот јазик. Потребна е голема вештина за да се постигне тоа. На новите преведувачи им се потребни неколку години за да станат добри преведувачи, а Јеховините сведоци им обезбедуваат постојана обука.
Понекогаш, вешти браќа ги посетуваат тимовите и им помагаат да се подобрат како преведувачи и да научат како да користат компјутерски програми.Ваквата обука дава добри резултати. На пример, подружницата на Јеховините сведоци во Никарагва известува: „За првпат дојде еден искусен брат од подружницата во Мексико да ги обучи нашите преведувачи на јазикот мискито во врска со постапките и техниките на преведување. Има многу големо подобрување во начинот на кој преведувачите си ги извршуваат задачите. Квалитетот на преводот значително се подобри“.
Зборови што допираат до срцето
Зошто се вложуваат толкави напори да се преведуваат Библијата и библиската литература? Затоа што, кога луѓето ја читаат на својот мајчин јазик, таа ги допира до срце. Во 2006 год., Јеховините сведоци во Бугарија со голема одушевеност го примија излегувањето на Преводот Нов свет на Христијанските грчки списи на бугарски јазик. Подружницата од Бугарија известува дека примила многу изрази на благодарност за овој превод. Членовите на собранијата велат дека „сега Библијата допира до срцето, а не само до умот“. Еден постар човек од Софија рекол: „Ја читам Библијата многу години, но никогаш не сум сретнал толку разбирлив превод што допира до срце“. Откако добила Превод Нов свет на целата Библија на албански, една сестра од Албанија рекла: „Колку убаво звучи Божјата реч на албански!
Колкава чест е Јехова да ти зборува на твојот јазик!“За да ја преведе целата Библија, на еден тим му се потребни и по неколку години. Но кога ќе помислиш на тоа дека милиони луѓе за првпат добро ќе ја разберат Божјата реч, зарем нема да се согласиш дека се исплаќа сиот тој труд?
„Ние сме Божји соработници“
Се разбира, преведувањето е само една од активностите што овозможуваат добрата вест да се проповеда на делотворен начин. Во пишувањето, печатењето и испораката на библиските публикации, како и во многу други слични активности што се извршуваат во подружниците, покраините и собранијата на Јеховините сведоци, се вложуваат многу напори и средства. Сепак, Божјите слуги ‚спремно се нудат‘ да го вршат ова дело (Псалм 110:3). За нив е предност тоа што можат да имаат удел и сметаат дека е голема чест што поради тоа Јехова ги смета за свои „соработници“ (1. Коринќаните 3:5-9).
Точно е дека оној што вели „среброто е мое и златото е мое“ не зависи од нашата финансиска поддршка за да го изврши своето дело. Сепак, Јехова ги удостоил своите слуги со единствената можност да придонесат за посветувањето на неговото име давајќи парични прилози за да им се пренесат животоспасувачките вистини „на сите народи“ (Матеј 24:14; 28:19, 20). Зарем не си поттикнат да правиш сѐ што можеш за да го поддржуваш ова дело што нема никогаш да се повтори?
[Фуснота]
^ пас. 5 На 2. страница има список со јазиците на кои излегува ова списание.
[Рамка на страница 18]
„ТЕ ТЕРААТ ДОБРО ДА СЕ ПОДЗАМИСЛИШ“
Во писмото што едно 14-годишно девојче го испратило до подружницата на Јеховините сведоци во Камерун стои следново: „Откако ги купив сите книги за претстојната учебна година, можев да продадам два лански учебника за 2.500 франци [4 евра]. Ја приложувам оваа сума со уште 910 франци [1 евро] што можев да ги заштедам. Сакам да ве охрабрам да продолжите со вашата добра работа. Ви благодарам за списанијата Стражарска кула и Разбудете се! Тие те тераат добро да се подзамислиш“.
[Рамка/слика на страница 18]
НЕОБИЧЕН ПРИЛОГ
Подружницата на Јеховините сведоци во Мексико го доби следново писмо од благодарниот шестгодишен Мануел, кој живее во државата Чиапас. Бидејќи не знае да пишува, писмото го напишал еден негов другар. Мануел вели: „Баба ми ми даде една свиња. Кога таа се опраси, го одбрав најубавото прасе и го одгледав со помош на браќата од собранието. Со многу љубов ви ги праќам парите што ги добив за него. Бидејќи тежеше 100 килограми, го продадов за 1.250 пезоси [82 евра]. Ве молам парите да ги потрошите за Јехова“.
[Рамка на страница 19]
‚ИСКОРИСТЕТЕ ГИ ЗА ДА ЈА ПРЕВЕДЕТЕ БИБЛИЈАТА‘
На обласните конгреси на Јеховините сведоци во Украина во 2005 год. беше објавено излегувањето на Преводот Нов свет на христијанските грчки списи на украински јазик. Наредниот ден, во една кутија за прилози беше најдена следнава порака: „Имам девет години. Многу ви благодарам за Грчките списи. Мајка ми ни ги даде овие пари мене и на моето помало братче за да одиме на училиште со автобус. Но, кога не врнеше, одевме пеш и заштедивме 50 гривни [7 евра]. Јас и брат ми би сакале да ги искористите за да ја преведете целата Библија на украински јазик“.
[Рамка на страници 20 и 21]
КАКО НЕКОИ РЕШИЛЕ ДА ПРИЛОЖАТ
ПРИЛОЗИ ЗА СВЕТСКОТО ДЕЛО
Мнозина ставаат настрана, односно редовно одвојуваат некоја сума од своите парични средства и ја пуштаат во кутиите за прилози со натпис „Матеј 24:14“.
Секој месец, собранијата го испраќаат овој износ до подружницата на Јеховините сведоци во нивната земја. Освен тоа, секој може да ги испрати своите доброволни парични донации и директно до Бетелот. Може да се дарува и накит или, пак, други вредни работи. Таквите прилози треба да се испратат заедно со едно кратко писмо во кое се наведува дека се работи за безусловен подарок.
ДРУГИ НАЧИНИ НА ДОНИРАЊЕ
Освен безусловни парични прилози во полза на службата за Царството низ светот, може да се дадат донации и на други начини. Тука спаѓаат:
Осигурување: Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница може да биде именувана како корисник на средствата од полиса за осигурување на живот.
Банковни сметки: На Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница може да ѝ се остават во наследство различни штедни влогови. Претходно треба да се исполнат сите законски барања за средствата да бидат исплатени од страна на банката.
Хартии од вредност и обврзници: Хартии од вредност и обврзници можат да се дадат на Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница како безусловен подарок.
Недвижен имот: На Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница може да се подари недвижен имот или како безусловен подарок или, пак, да се задржи на доживотно користење од страна на донаторот, што значи дека тој може и понатаму да живее на него до крајот на својот живот. Таквиот имот треба има уредни документи за да може да се продаде. Контактирај со Бетелот во твојата земја пред да му препишеш каков и да било недвижен имот.
Тестаменти: Имот или пари можат да бидат завештани на Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница со законски заверен тестамент.
Ако си заинтересиран за некој од овие начини за давање донации, треба да се јавиш, или телефонски или писмено, на долунаведената адреса.
Адреса:
Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница
П. ф. 800
1 000 Скопје
Телефон: (02) 3090 580
[Слики на страница 19]
Преведувачите на јазикот мискито во подружницата во Никарагва