Животот може да има смисла!
Животот може да има смисла!
ГЛАВНА преокупација на многу луѓе им е како да дојдат до пари и како да ги потрошат. На други, главна цел во животот им е да стекнат светска слава. Трети живеат за да ги развијат своите уметнички таленти. За некои, смислата на животот е да им се помага на другите. Но, многумина немаат некоја одредена цел во животот и немаат одговор на прашањето зошто постојат.
А ти? Дали некогаш си се замислил околу ова прашање? Да видиме дали целите што повеќето си ги поставуваат навистина се пат до успехот и задоволството. Како може животот да има смисла?
Парите и задоволството си имаат свое место
Во Библијата, или поточно во Проповедник 7:12, стои: „Мудроста е заштита, а и парите се заштита. Но предноста на знаењето и на мудроста е во тоа што тие им го чуваат животот на оние што ги имаат“. Парите се навистина корисни. Тие се неопходни за да опстанеме, особено ако имаме одговорност да го издржуваме семејството (1. Тимотеј 5:8).
Животот би бил празен без некои од задоволствата што можат да се купат со пари. Иако Исус Христос, Основачот на христијанството, признал дека нема каде Матеј 8:20; Јован 2:1-11; 19:23, 24).
глава да потпре, одвреме-навреме уживал во добра храна и во квалитетно вино. Освен тоа, носел скапа облека (Сепак, главна цел во животот на Исус не била да трча по задоволства. Нему му било сосема јасно што е најважно. Исус рекол: „Дури и кога некој има во изобилство, неговиот живот не произлегува од она што го поседува“. Потоа раскажал споредба за еден богат човек, чии ниви дале обилен род и кој си размислувал: „Што да направам? Немам каде да ја соберам својата летнина... Ќе ги урнам своите амбари и ќе изградам поголеми, па таму ќе го соберам сето свое жито и сите свои добра. И ќе си речам себеси: ‚Имаш насобрано многу добра за многу години. Почивај, јади, пиј и уживај!‘“ Зошто било погрешно ваквото размислување? Споредбата продолжува: „Но Бог му рече [на богатиот човек]: ‚Безумнику, ноќеска ќе ти го побараат животот. Тогаш кој ќе го има она што си го собрал?‘“ Дури и да ја соберел својата летнина, по смртта не можел да ужива во богатството што го стекнал. На крајот, Исус им ја дал следнава поука на оние што го слушале: „Така бидува со оној што собира богатство за себе, а не е богат пред Бог“ (Лука 12:13-21).
Парите ни се потребни, и сосема е на место ако одвреме-навреме уживаме во задоволствата. Но, ниту парите ниту задоволствата не се најважни во животот. Најважната цел во животот е да бидеме богати пред Бог, односно да живееме на начин што тој го одобрува.
Дали е важно да стекнеш име?
Многумина сакаат да останат запаметени. Желбата да си стекнеме име и да сакаме другите да се сеќаваат на нас не е лоша сама по себе. „Подобро е добро име отколку добро масло“, вели Библијата, „и смртниот ден е подобар од денот на раѓањето“ (Проповедник 7:1).
Секој човек останува запамтен по нешто кога ќе умре. Ако правел добри дела, денот кога умрел е многу подобар од денот кога се родил бидејќи тогаш сѐ уште немало по што да го паметат.
Библиската книга Проповедник ја напишал цар Соломон. Авесалом, постариот полубрат на Соломон, сакал да си стекне име. Меѓутоа, трите негови синови, кои требало да го носат неговото име, по сѐ изгледа умреле млади. Што сторил Авесалом? Во Светото писмо стои: „Авесалом... во своја чест си подигна еден столб во Царевата Долина, зашто велеше: ‚Немам син кој би го зачувал сеќавањето за моето име‘. Така тој столб го нарече според своето име“ (2. Самоилова 14:27; 18:18). Сѐ уште не се пронајдени остатоци од овој столб. Но, оние што ја проучуваат Библијата го знаат Авесалом како озлогласен бунтовник кој сковал завера за да го приграби престолот на татко му, Давид.
Денес, многумина се обидуваат да останат запаметени преку своите достигнувања. Настојуваат да стекнат слава во очите на луѓето чиј вкус постојано се менува. Но, како завршува ваквата слава? Во книгата Нарцисизмот како култура (The Culture of Narcissism), Кристофер Лаш вели: „Во нашево време, кога успехот
зависи од тоа дали имаш младешки изглед, дали си привлечен и оригинален, славата трае пократко од кога и да било порано, а оние што ќе успеат да го привлечат вниманието на јавноста постојано живеат во страв дека ќе го изгубат“. Затоа, многу славни личности бараат утеха во дрогата и алкохолот и најчесто умираат предвреме. Според тоа, би било залудно да трчаме по слава.Тогаш, кај кого би сакале да бидеме на добар глас. Преку својот пророк Исаија, Јехова го рекол следново во врска со оние што го држеле неговиот Закон: „Ќе им дадам во својот дом и меѓу своите ѕидови споменик и име... Ќе им дадам вечно име, кое нема да се затре“ (Исаија 56:4, 5). Бидејќи му се послушни на Бог, оние што тој ги прифаќа ќе имаат „споменик и име“. Бог ќе го памети нивното име „вечно“ и нема да бидат уништени. Библијата нѐ охрабрува да стекнеме такво име — нашиот Творец, Јехова, да нѐ памети по добро.
Исаија претскажал дека ќе дојде време кога верните ќе живеат вечно во Рајот на Земјата. „Вечниот живот“ во тој Рај е „вистинскиот живот“ — живот што ќе биде во склад со намерата што ја имал Бог кога ги создал луѓето (1. Тимотеј 6:12, 19). Наместо да живееме краток живот без никаква смисла, зарем не треба да се трудиме да го освоиме вечниот живот?
Дали уметноста или добротворството се пат до смислата на животот?
Многу уметници имаат желба да ја усовршат својата вештина до највисок степен. Сегашниот живот е премногу краток за да се оствари ваквата цел. Хидео, сликарот што беше спомнат во претходната статија, се трудел да стане уште повешт иако имал над 90 години. Дури и ако еден уметник достигне ниво кога ќе биде задоволен од својата работа, дотогаш можеби нема да биде толку продуктивен како во младоста. Но, замисли си колку ќе може да го усовршува својот талент ако живее вечно!
Што да се каже за добротворството? Тоа што некои се грижат за сиромашните и прават сѐ што можат за да им помогнат заслужува голема пофалба. Според Библијата, „повеќе усреќува давањето отколку примањето“ (Дела 20:35). Кога се грижиме за доброто на другите, тоа вистински нѐ исполнува. Но, колку би можел да постигне еден човек, дури и ако го посвети сиот свој живот на една ваква цел. Напорите на луѓето да им го олеснат страдањето на другите имаат ограничен успех. Дури и највеликодушниот материјален дар не би можел да ги задоволи најосновните потреби кои повеќето ги занемаруваат и никогаш не ги задоволуваат. Кои се тие потреби?
Неопходно е да се задоволат некои вродени потреби
Во својата Проповед на гората, Исус спомнал едни од најосновните, вродени потреби кај луѓето кога рекол: „Среќни се оние што настојуваат да ги задоволат своите духовни потреби, зашто нивно е царството небесно“ (Матеј 5:3). Значи, според Библијата, вистинската среќа не зависи од богатството, славата, уметноста или добротворството. За да водиме еден исполнет живот, треба да ги задоволиме нашите духовни потреби — а една од нив е потребата да му служиме на Бог.
Апостол Павле ги поттикнал оние што не го познавале Творецот да го бараат. Тој рекол: „Од еден човек [Бог] го направи целиот човечки род за да живее по целото лице на земјата, и ги одреди времињата и ги постави границите на нивното живеење, за да го бараат Бог, и некако да го напипаат и да го најдат, иако не е далеку од никого од нас. Зашто, преку него имаме живот и се движиме и постоиме“ (Дела 17:26-28).
Ако ја задоволиме нашата потреба да му служиме на вистинскиот Бог ќе бидеме навистина среќни и ќе можеме да се надеваме да го добиеме „вистинскиот живот“. Пример за тоа е Тереза — првата
Афроамериканка што беше продуцент на една драмска серија во која ја играше главната улога. На тој начин стана популарна телевизиска ѕвезда во својата земја. Меѓутоа, наскоро се откажа од својата кариера. Зошто? Таа рече: „Убедена сум дека, кога ги следиме советите од Божјата реч, водиме најдобар живот“. Тереза не сакаше да настапува во телевизиски серии што ги истакнуваат сексот и насилството, бидејќи беше свесна дека со тоа ќе го наруши својот однос со Бог. Таа се повлече од јавноста, но нејзиниот живот доби смисла бидејќи полновремено ја проповедаше добрата вест за Божјето Царство и се трудеше да им помогне на другите да станат блиски со Бог.Еден нејзин поранешен колега го рече следново во врска со одлуката на Тереза да ја остави кариерата: „Ми се кинеше срцето бидејќи мислев дека си ја фрла среќата. Но, таа очигледно најде нешто поважно и повредно“. Подоцна, Тереза загина во сообраќајна несреќа. Но, по нејзината смрт, истиот колега го даде следниов коментар: „Таа беше среќна, а тоа е најважно во животот. Колкумина од нас можат да го кажат тоа за себе?“ Ако ги снајде смрт, оние што пријателството со Бог го ценат повеќе од сѐ друго имаат една прекрасна надеж — воскресение во времето кога ќе владее Царството (Јован 5:28, 29).
Во врска со Земјата и со луѓето што живеат на неа, Творецот има своја намера што сака да ти ја открие. Тој сака да живееш вечно во Рајот на Земјата (Псалм 37:10, 11, 29). Сега е време да научиш повеќе за Јехова, Творецот на небото и Земјата, и да дознаеш како си вклучен во исполнувањето на неговата намера. Јеховините сведоци во местото каде што живееш со задоволство ќе ти помогнат да го стекнеш тоа знаење. Можеш слободно да стапиш во контакт со нив или да пишеш до издавачите на ова списание.
[Слика на страница 5]
Зошто размислувањето на богатиот човек од споредбата на Исус било погрешно?
[Слика на страница 7]
Би сакал ли да живееш вечно во Рајот на Земјата?