Се сеќаваш ли?
Се сеќаваш ли?
Уживаше ли во читањето на последните неколку броеви од Стражарска кула? Тогаш, види дали можеш да одговориш на следниве прашања:
• Зошто „Стариот завет“ има трајна вредност?
Неговиот Автор не е некој свиреп Бог, туку љубезниот Бог Јехова. Исус и неговите рани следбеници цитирале од Хебрејските списи. Тие содржат практични совети за секојдневниот живот и даваат една прекрасна надеж за иднината (1.9., страници 4-7).
• Што е постигнато со тоа што Бог дозволил да помине време откако Адам и Ева згрешиле?
Во изминативе неколку илјади години, се покажало дека Сатана е лажливец, бидејќи Адам и Ева, како и милиони нивни потомци, умреле. Времето покажало дека на луѓето не им е подобро затоа што се независни од Бог и дека немаат ниту право ниту способност да управуваат со своите чекори (15.9., страници 6, 7).
• Зошто Јаков не бил прекорен затоа што се преправил дека е Исав?
Како прво, Јаков имал право да добие благослов од татко му, бидејќи го откупил правото на првородство од Исав. Второ, кога сфатил дека го благословил Јаков, Исак не сакал да ја смени одлуката. И трето, Бог, кој можел да се вмеша на некој начин, очигледно сакал Јаков да го добие благословот (1.10., страница 31).
• Зошто нашата совест е силен показател дека луѓето не настанале по пат на еволуција?
Луѓе од сите раси и култури се спремни да им помагаат на другите, дури и кога поради тоа самите би се довеле во опасност. Таквата несебичност не би требало да се очекува од луѓето ако тие се само животни што се борат да преживеат по секоја цена (15.10., страница 20).
• Зошто можеме да кажеме дека Бог е понизен, и на кој начин ја покажува оваа особина?
Бидејќи е Севишен Господар и Творец, Бог нема ограничувања како нас. Сепак, во склад со 2. Самоилова 22:36, Бог е понизен во таа смисла што е заинтересиран за обичните луѓе кои се трудат да ја вршат неговата волја и им покажува милост. Тој, така да се каже, се наведнува за да постапи љубезно со тие богобојазливи поединци (1.11., страници 4, 5).
• Како древните црепки го потврдуваат библискиот извештај?
Археолозите пронашле црепки во Самарија што содржат седум имиња на родовски заедници, кои се запишани во Исус Навин 17:1-6. Некои од црепките од Арад ги потврдуваат библиските информации во врска со свештеничките семејства и го содржат Божјето име. Црепките од Лахис ја разјаснуваат политичката ситуација и општиот метеж што владеел во Јуда пред нападот на Вавилонците (15.11., страници 12-14).
• Зошто можеме да заклучиме дека Лука ја напишал книгата Дела?
Поради тоа што и Евангелието според Лука и книгата Дела на апостолите се упатени до Теофил, можеме да заклучиме дека Лука ги составил и двата извештаи. Употребата на прво лице множина покажува дека тој учествувал во некои од настаните (Дела 16:8-15) (15.11., страница 18).
• Како треба еден христијанин да гледа на ловот и риболовот?
Од времето на Ное, Бог им дозволил на луѓето да ги убиваат и да ги јадат животните. Сепак, од заповедта да ги остават животните добро да искрвават се гледа дека животот на животното требало да се почитува бидејќи потекнува од Бог. Затоа, за христијаните ловот не е ниту спорт ниту обична забава. Освен тоа, за нив е важно да бидат послушни на сите закони на цезарот и да ја земат предвид совеста на другите (Римјаните 14:13) (1.12., страница 31).