Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Дипломците на Гилеад охрабрени да „почнат да копаат“

Дипломците на Гилеад охрабрени да „почнат да копаат“

123. Клас на Гилеад

Дипломците на Гилеад охрабрени да „почнат да копаат“

ВО САБОТА, 8 септември 2007 год., на дипломирањето на 123. клас на Мисионерската школа Гилеад присуствуваа 6.352 души од 41 земја. Во 10 часот, претседавачот на програмата, Антони Морис од Водечкото тело, им изрази добредојде на сите присутни. По воведните зборови го најави првиот говорник, Гери Бро, кој служи во Одборот на подружницата на Соединетите Држави.

Брат Бро ги увери студентите дека оние што ја вршат Јеховината волја се убави во Божји очи, без оглед на нивниот физички изглед (Ерем. 13:11). Затоа ги поттикна да ја задржат таквата убавина. Потоа, Герит Леш од Водечкото тело истакна дека е исправно да се надеваме на награда кога му служиме на Јехова (Евр. 11:6). Меѓутоа, нашиот мотив треба да биде несебичната љубов.

Надгледникот на Одделот за теократски школи, Вилијам Самуелсон, ги поттикна дипломците верно да ја извршат достоинствената задача да објавуваат за Царот што владее и да го покажат своето достоинство со добро однесување. * Сем Роберсон, помошник-надгледник на Одделот за теократски школи, ги поттикна дипломците секогаш да го бараат доброто во другите. Така ќе можат повеќе ‚да ги сакаат сите браќа‘ (1. Пет. 2:17).

По овие охрабрувачки говори, еден од инструкторите на Школата, Марк Нојмар, интервјуираше неколку дипломци кои раскажаа искуства што ги доживеале во службата на проповедање за време на мисионерската школа. Кај присутните не оставија никакво сомневање дека многу ја сакаат службата и дека имаат голема желба да им помагаат на другите. Потоа, Кент Фишер, од Бетелската канцеларија во Патерсон, интервјуираше членови на одборите на подружниците од три земји во кои служат мисионери. Зборовите на овие браќа ги уверија присутните, меѓу кои имаше и многу родители на дипломците, дека новите мисионери ќе бидат добро згрижени откако ќе отидат на нивната задача. Исак Море, од Одделот за преведувачка служба, интервјуираше неколку долгогодишни мисионери, од чии искуства дипломците можеа да видат колку убави работи ги чекаат во земјите каде што ќе служат.

Клучниот говор на програмата, кој го изнесе Џефри Џексон од Водечкото тело, имаше тема: „Што ќе правите откако го чувте сево ова?“ Брат Џексон, кој служел како мисионер скоро 25 години во Јужниот Пацифик, го разработи заклучокот на Проповедта на гората. Во тој говор Исус зборувал за двајца луѓе, еден разборит и еден безумен, кои граделе куќи. Говорникот истакна дека веројатно и двете куќи биле градени на исто место. Меѓутоа, безумниот градел на површината, на песок, а разборитиот копал длабоко сѐ додека не нашол карпа за да ги постави темелите. Кога дошла силна бура, куќата што била изградена на карпа останала, а онаа што била изградена на песок се урнала (Мат. 7:24-27; Лука 6:48).

Исус објаснил дека безумниот човек бил како оние што само ги слушале Исусовите поуки. Но, мудриот човек бил како оние што слушале и применувале сѐ што кажувал Исус. Брат Џексон им рече на дипломците: „Кога ќе го примените на мисионерското поле она што го научивте проучувајќи ја Библијата, ќе бидете како разборитиот човек“. Затоа, во заклучокот тој ги поттикна дипломците „да почнат да копаат“ кога ќе стигнат во земјите во кои ќе служат како мисионери.

На крајот, на дипломците им беа врачени дипломите и им беше кажано во кои земји ќе служат, а брат Морис им даде уште некои совети. Ги охрабри секогаш да го следат Исус и никогаш да не престанат да бараат сила од Јехова. Потоа програмата заврши.

[Фуснота]

^ пас. 5 Одделот за теократски школи, под надзор на Одборот за поучување, ги надгледува Школата Гилеад, Школата за членови на одборите на подружниците и Школата за патувачки надгледници.

[Рамка на страница 31]

ПОДАТОЦИ ЗА КЛАСОТ

Број на застапени земји: 10

Број на земји во кои се испратени: 24

Број на студенти: 56

Просечна старост: 33,5

Просек на години во вистината: 17,9

Просек на години во полновремена служба: 13,8

[Слика на страница 32]

123. клас што дипломираше на Школата Гилеад

Во списокот долу, редовите се нумерирани однапред наназад, а имињата се наведени одлево надесно во секој ред.

1) Еспарса Е.; Папаја С.; Билал А.; Суарес М.; Еверс Е.; Димичино К. 2) Роуза М.; Фуџии Р.; Рејти О.; Леветон Џ.; Ван Лимпутен М. 3) Боскајино А.; Бек К.; Буданоф Х.; Браз К.; Пелц К.; Сиау А. 4) Леветон С.; Сантико Х.; Конти С.; Вилсон Џ.; Рајлет Џ.; Пирс Ш.; Фуџии К. 5) Роуза Д.; Боскајино М.; Остин В.; Родјел П.; Билал П.; Димичино П. 6) Рејти Б.; Чизик Д.; Кларк К.; Ридел А.; Еспарса Ф.; Сиау П.; Ван Лимпутен Т.7) Родјел Х.; Еверс Џ.; Грин Џ.; Чизик Џ.; Сантико М.; Рајлет М. 8) Пелц Л.; Остин Д.; Ридел Т.; Бек М.; Пирс В.; Конти С.; Грин С. 9) Суарес Х.; Кларк Џ.; Папаја С.; Буданоф М.; Вилсон Р.; Браз Р.