Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Мисионерите се како скакулци

Мисионерите се како скакулци

124. клас на Гилеад

Мисионерите се како скакулци

НА СЕКОИ шест месеци, во Мисионерската школа Гилеад се одржува посебна програма по повод дипломирањето на мисионерите, и на неа присуствува целото бетелско семејство од Соединетите Држави. На 8 март годинава, при дипломирањето на 124-тиот клас на Гилеад, на бетелското семејство му се придружија гости од повеќе од 30 земји. На тој посебен ден за дипломците, сите 6.411 присутни ја споделија радоста со нив.

Претседавачот на програмата, Стивен Лет од Водечкото тело, ја отвори промоцијата со говорот: „Одете напред со Јеховините симболични скакулци“. Во Откровение 9:1-4, малата група од помазани христијани кои активно почнаа да му служат на Јехова во 1919 година, се споредени со рој од скакулци кои стапуваат во акција. Студентите беа потсетени дека, како членови на ‚другите овци‘, тие му се придружиле на овој симболичен рој од скакулци (Јован 10:16).

Лон Шилинг, член на Одборот на подружницата на Соединетите Држави, следеше со говорот: „Надополнувајте се еден со друг“. Предавањето се темелеше на библискиот пример на Акила и Прискила (или Приска), брачна двојка христијани кои живееле во првиот век (Рим. 16:3, 4). Во овој клас на школата Гилеад учествуваа 28 брачни двојки. Беа потсетени дека, за да бидат успешни мисионери, ќе мора да ја одржуваат цврста својата брачна врска. Во Библијата никогаш не е спомнат Акила без да се спомне и жена му, Прискила. Според тоа, апостол Павле и собранието ги сметале за неразделен пар. Слично на нив, и мисионерските парови денес работат заедно, го обожаваат Бог заедно и заедно се соочуваат со посебните предизвици што ги носи служењето во странство. На тој начин, тие се надополнуваат еден со друг (1. Мој. 2:18).

Следниот говор, со наслов „Возврати му на Јехова за неговата доброта“, го изнесе Гај Пирс од Водечкото тело. Брат Пирс објасни дека, за да се каже дека некој е добар, не е доволно само да не прави лошо. Добриот човек прави добри работи кои им користат на другите. Јехова Бог е добар во апсолутно најголема мера (Зах. 9:16, 17). Божјата доброта и љубов можат да нѐ мотивираат да им правиме добро на другите. Брат Пирс ги пофали студентите, заклучувајќи со зборовите: „Вие правевте добро. Уверени сме дека ќе продолжите да возвраќате на Божјата доброта со тоа што ќе правите добро на која и да било задача што во иднина ќе ви ја даде Јехова Бог“.

Потоа Мајкл Барнет, поранешен мисионер кој неодамна доби задача да поучува во Школата Гилеад, го изнесе говорот со наслов: „Носи го како лента на челото“. Израелците требало постојано да се сеќаваат како Јехова со чудо ги избавил од Египет, исто како тоа да им било „лента“ што ја носат на челото (2. Мој. 13:16). Студентите беа поттикнати да се сеќаваат на многуте поуки што ги добија на Школата Гилеад како да им се лента врзана на челото. Брат Барнет нагласи дека треба да бидат понизни и скромни и да ги применуваат библиските начела секогаш кога ќе имаат недоразбирање со другите мисионери и со некој друг (Мат. 5:23, 24).

Марк Нојмар, долгогодишен инструктор во Гилеад, го изнесе говорот: „Каква песна ќе се пее за тебе?“ Во старо време било обичај воените победи да се опеат во песна. Една таква песна ни открива дека племињата на Рувим, Дан и Асер не сакале да се трошат за другите, но истовремено песната го велича племето на Завулон затоа што имало самопожртвуван дух (Суд. 5:16-18). Исто како што луѓето ги слушаат стиховите од некоја песна така на крајот ќе ги видат и делата на еден христијанин. Со тоа што ревносно служи во Божјето дело и истрајно и верно ги следи упатствата од неговата организација, тој ќе стекне добро име кај Јехова и ќе им биде добар пример на своите браќа. Додека другите во собранието ја слушаат симболичната песна која ја испишуваме со своите дела, ќе бидат поттикнати да се угледаат на нашиот добар пример.

Како дел од обуката на Гилеад, студентите од 124-тиот клас поминаа заедно околу 3.000 часови во служба. Во точката со наслов „Го следат водството на светиот дух“, студентите му раскажаа неколку свои искуства од службата на Сем Роберсон од Одделот за теократски школи, па дури и одглумија неколку од нив. По овие охрабрувачки искуства, Патрик Лафранка, од Одборот на подружницата во Соединетите Држави, интервјуираше неколку мисионери од Гилеад кои моментално служат во разни земји. Студентите многу ги ценеа практичните совети што ги дадоа овие браќа.

Антони Морис од Водечкото тело го изнесе последниот говор со наслов: „Не заборавајте, она што се гледа е привремено“. Библијата нѐ поттикнува да се концентрираме на идните благослови од Јехова наместо да мислиме само на моменталните неволји што можеби ги доживуваме (2. Кор. 4:16-18). Денес сите сме сведоци на тешка сиромаштија, угнетување, болести и смрт. Можеби мисионерите ќе се најдат очи в очи со некои од овие трагични околности. Но, ако имаме на ум дека овие работи се привремени, тоа ќе ни помогне да ја задржиме својата духовна рамнотежа и да не губиме надеж.

На крајот од програмата, сите дипломци кои седеа на подиумот, ги слушаа заклучните мисли од брат Лет. Тој ги охрабри да не се предаваат, и рече: „Ако го имаме Јехова на наша страна, никој не може да ни ја скрши верноста“. Потоа ги поттикна новите мисионери да бидат како скакулци, решително да му служат на Јехова, и засекогаш да останат ревносни, верни и послушни.

[Рамка на страница 30]

ПОДАТОЦИ ЗА КЛАСОТ

Број на застапени земји: 7

Број на земји во кои се испратени: 16

Број на студенти: 56

Просечна возраст: 33,8

Просек на години во вистината: 18,2

Просек на години во полновремена служба: 13,8

[Слика на страница 31]

124. клас што дипломираше на Школата Гилеад

Во списокот долу, редовите се нумерирани однапред наназад, а имињата се наведени одлево надесно во секој ред.

1) Николсон, Т.; Мејн, Х.; Сенгеј, Ј.; Снејп, Л.; Ванегас, К.; Поу, Л. 2) Сантана, С.; Оу, К.; Леметр, К.; Вилијамс, Н.; Александер, Л. 3) Вудс, Б.; Стеинтон, Л.; Хантли, Е.; Алварез, Г.; Круз, Џ.; Бенет, Џ. 4) Вилијамсон, А.; Гонзалес, Н.; Зуроски, Џ.; Дегант, И.; Меј, Џ.; Диеми, Ч.; Тавенер, Л. 5) Леметр, В.; Харис, А.; Велс, С.; Роџерс, С.; Дурант, М.; Сенгеј, Џ. 6) Хантли, Т.; Ванегас, А.; Поу, А.; Сантана, М.; Бенет, В.; Тавенер, Д.; Оу, М.; 7) Зуроски, М.; Роџерс, Г.; Диеми, Д.; Николсон, Л.; Алварез, К.; Снејп, Џ. 8) Харис, М.; Гонзалес, П.; Мејн, Ш.; Вудс, С.; Стеинтон, Б.; Вилијамсон, Д.; Дурант, Џ. 9) Круз, П.; Дегант, Б.; Вилијамс, Д.; Велс, С.; Александер, Д.; Меј, М.

[Слика на страница 32]

Школата Гилеад е сместена во Образовниот центар на Watchtower