Му служиме на Бог „со едно срце и со една душа“
Му служиме на Бог „со едно срце и со една душа“
ЕВРЕИ и прозелити се собираат околу учениците на Исус Христос на празникот Педесетница. Овие посетители се дојдени во Ерусалим од далеку, некои дури од Рим на запад и од Партија на исток. Во мноштвото се слушаат разни јазици. Но, учениците на Исус кои зборуваат со нив се од Галилеја. Некои од посетителите се зачудени, па затоа прашуваат: „Како тоа секој од нас да го слуша својот јазик во кој се родил?“ (Дела 2:8).
Апостол Петар станува и објаснува зошто се случува тоа чудо пред нивни очи. Мноштвото веднаш ја прифаќа пораката, Дела 2:41). Иако собранието нагло расте, останува обединето. Библискиот писател Лука вели: „А мноштвото од оние што ја примија верата беа со едно срце и со една душа“ (Дела 4:32).
и се крштаваат неколку илјади нови лица! (Неколкуте илјади луѓе што се крстиле на Педесетница 33 год. од н.е. сакаат да останат подолго во Ерусалим за да научат уште нешто за својата нова вера. Но, кога тргнале на пат, не планирале да останат подолго во градот. Затоа, сега мора привремено да се соберат пари за нивниот престој. Некои од верниците доброволно продаваат дел од својот имот и им ги носат парите на апостолите за да им се поделат на оние што имаат потреба (Дела 2:42-47). Тие навистина покажуваат извонредна љубов и дарежливост!
Вистинските христијани секогаш покажувале таква љубов и дарежливост. Денес христијанското собрание продолжува обединето да му служи на Јехова „со едно срце и со една душа“. Секој христијанин великодушно ги троши своето време, сила и пари за да ја проповеда добрата вест и да даде свој придонес за Божјето Царство. (Види ја рамката: „Како некои решиле да приложат“.)
[Рамка на страници 6 и 7]
КАКО НЕКОИ РЕШИЛЕ ДА ПРИЛОЖАТ
ПРИЛОЗИ ЗА СВЕТСКОТО ДЕЛО
Мнозина ставаат настрана, односно редовно одвојуваат некоја сума од своите парични средства и ја пуштаат во кутиите за прилози со натпис: „За меѓународното дело“.
Секој месец, собранијата го испраќаат овој износ до подружницата на Јеховините сведоци во нивната земја. Освен тоа, секој може да ги испрати своите доброволни парични донации и директно до Бетелот. Може да се дарува и накит или, пак, други вредни работи. Таквите прилози треба да се испратат заедно со едно кратко писмо во кое се наведува дека се работи за безусловен подарок.
ДРУГИ НАЧИНИ НА ДОНИРАЊЕ
Освен безусловни парични прилози во полза на службата за Царството низ светот, може да се дадат донации и на други начини. Тука спаѓаат:
Осигурување: Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница може да биде именувана како корисник на средствата од полиса за животно осигурување.
Банковни сметки: На Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница може да ѝ се остават во наследство различни штедни влогови. Претходно треба да се исполнат сите законски барања за средствата да бидат исплатени од страна на банката.
Хартии од вредност и обврзници: Хартии од вредност и обврзници можат да се дадат на Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница како безусловен подарок.
Недвижен имот: На Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница може да се подари недвижен имот или како безусловен подарок или, пак, да се задржи на доживотно користење од страна на донаторот, што значи дека тој може и понатаму да живее на него до крајот на својот живот. Таквиот имот треба да има уредни документи за да може да се продаде. Контактирај со Бетелот во твојата земја пред да му препишеш каков и да било недвижен имот.
Тестаменти: Имот или пари можат да бидат завештани на Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница со законски заверен тестамент.
Ако си заинтересиран за некој од овие начини за давање донации, можеш да се јавиш, или телефонски или писмено, на долунаведената адреса.
Адреса:
Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница
П. ф. 800
1 000 Скопје
Телефон: (02) 30 90 580