„Спротивставете му се на Ѓаволот“ исто како Исус
„Спротивставете му се на Ѓаволот“ исто како Исус
„Спротивставете му се на Ѓаволот, и тој ќе побегне од вас!“ (ЈАК. 4:7)
1. Со какво противење знаел Исус дека ќе се соочи на Земјата, и со каков исход?
ИСУС ХРИСТОС знаел дека ќе се соочи со противење од Ѓаволот. Ова јасно можело да се види од зборовите што Бог ѝ ги кажал на змијата, односно на злобниот духовен бунтовник кој зборувал преку неа: „Јас ќе ставам непријателство помеѓу тебе и жената [небесниот дел од Јеховината организација], и помеѓу твоето потомство и нејзиното потомство. Тој [Исус Христос] ќе ти ја смачка главата, а ти ќе го раниш во петицата“ (1. Мој. 3:14, 15; Отк. 12:9). Тоа што Исус ќе бил ранет во петицата значело дека ќе доживее удар кога ќе биде убиен на Земјата, но ова ќе било само привремено бидејќи потоа Јехова ќе го воскреснел и ќе му дал славна положба на небото. Тоа, пак, што на змијата ќе ѝ биде смачкана главата значи дека Ѓаволот ќе доживее смртоносен удар од кој никогаш нема да закрепне. (Прочитај Дела 2:31, 32; Евреите 2:14.)
2. Зошто Јехова имал доверба дека Исус успешно ќе му се спротивстави на Ѓаволот?
2 Јехова имал доверба дека Исус успешно ќе ја изврши својата задача и дека ќе му се спротивстави на Ѓаволот додека е на Земјата. Зошто бил толку сигурен во ова? Затоа што многу долго време пред тоа го создал Исус на небото, го набљудувал и се уверил дека овој „вешт градител“ и „првороден од сѐ што е создадено“ бил послушен и верен (Изр. 8:22-31; Кол. 1:15). Па така, кога Исус бил испратен на Земјата, и на Ѓаволот му било дозволено да го испита до смрт, Бог имал доверба дека неговиот единороден Син успешно ќе му се спротивстави (Јован 3:16).
Јехова ги чува своите слуги
3. Каков став има Ѓаволот кон Јеховините слуги?
3 Исус рекол дека Ѓаволот е „владетелот на овој свет“ и ги предупредил своите ученици дека ќе бидат прогонувани исто како што бил прогонуван и тој (Јован 12:31; 15:20). Светот, кој лежи во власта на Сатана Ѓаволот, ги мрази вистинските христијаните бидејќи тие му служат на Јехова и проповедаат за праведност (Мат. 24:9; 1. Јов. 5:19). Особена мета на Ѓаволот е остатокот од помазаници кои на крајот ќе владеат со Христос во неговото небесно Царство. Мета на Сатана се и многуте Сведоци на Јехова кои имаат надеж да живеат засекогаш во Рајот на Земјата. Божјата реч нѐ предупредува: „Вашиот противник, Ѓаволот, оди наоколу како разрикан лав и бара некого да проголта“ (1. Пет. 5:8).
4. Што е доказ дека Божјиот народ успешно му се спротивставува на Ѓаволот во нашево време?
4 Како организација што ја има поддршката на Јехова Бог, ние успешно му се спротивставуваме на Ѓаволот. Размисли за следниве факти: Во последниве 100 години, некои од најсвирепите диктатури во историјата на човештвото се обиделе да ги истребат Јеховините сведоци. Но, бројот на Сведоци продолжува да расте, и сега достигна речиси 7.000.000 во над 100.000 собранија низ целиот свет. А суровите диктатури што го прогонуваа Јеховиниот народ повеќе ги нема!
5. Како се покажале вистинити зборовите од Исаија 54:17 за Јеховините слуги?
5 Во старо време, Јехова му се обратил на собранието од Израелци како на своја жена, нарекувајќи го „страдалнице“, и му ветил: „Никакво оружје направено против тебе нема да успее, и ќе го прогласиш за зол секој јазик што ќе се подигне на суд против тебе. Тоа е наследството на Јеховините слуги и од мене е нивната праведност“ (Иса. 54:11, 17). Тие зборови се покажале вистинити за Јеховините слуги кои во овие ‚последни денови‘ живеат по целата Земја (2. Тим. 3:1-5, 13). Ние продолжуваме да му се спротивставуваме на Ѓаволот, и никакво оружје што тој се обидува да го употреби за да нѐ уништи како Божји народ нема успех затоа што Јехова е на наша страна (Пс. 118:6, 7).
6. Според пророштвото на Даниел, што го чека владеењето на Ѓаволот во иднина?
6 На крајот на целиот овој злобен поредок, кој сѐ побрзо наближува, сите елементи на Сатановото владеење ќе бидат целосно отстранети. Воден од Божјиот свет дух, пророкот Даниел напишал: „Во деновите на тие цареви [кои постојат денес], небесниот Бог ќе подигне царство [на небото], кое нема никогаш да пропадне. И тоа царство нема да премине на некој друг народ. Тоа ќе ги сотре и ќе ги уништи сите други царства [кои постојат сега], а самото ќе стои довека“ (Дан. 2:44). Кога ќе се случи ова, ќе исчезне и сатанското владеење и владеењето на несовршените луѓе. Сите елементи на Ѓаволовиот поредок ќе бидат засекогаш уништени, и Божјето Царство ќе владее над целата Земја без да има противници. (Прочитај 2. Петрово 3:7, 13.)
7. Од каде знаеме дека секој Јеховин слуга може успешно да му се спротивстави на Ѓаволот?
7 Нема никакво сомнение дека Јеховината организација ќе биде зачувана и ќе напредува духовно. (Прочитај Псалм 125:1, 2.) А што е со нас лично? Библијата вели дека можеме успешно да му се спротивставиме на Ѓаволот исто како што му се спротивставил Исус. Всушност, пророштвото што Христос го дал преку апостол Јован покажува дека, и покрај сатанското противење, едно „големо мноштво“ од оние што имаат надеж да живеат на Земјата ќе го преживеат крајот на овој поредок. Според Библијата, тие извикуваат: „Спасението му го должиме на својот Бог, кој седи на престолот, и на Јагнето [Исус Христос]!“ (Отк. 7:9-14). За помазаниците се вели дека го победуваат Сатана, а и нивните придружници, ‚другите овци‘, исто така успешно му се спротивставуваат (Јован 10:16; Отк. 12:10, 11). Но, за да го правиме тоа, мора искрено да се напрегаме и горливо да се молиме да бидеме ‚избавени од Злобниот‘ (Мат. 6:13).
Совршен пример како да му се спротивставиме на Ѓаволот
8. Кое е првото запишано искушение што Ѓаволот го користел против Исус во пустината, и како одговорил Исус?
8 Ѓаволот се обидел да ја скрши верноста на Исус. Во пустината, Сатана трипати го искушал Исус за да го наведе да му биде непослушен на Јехова. Но, Исус дал совршен пример за тоа како треба да му се спротивставиме на Сатана. Откако постел 40 дена и 40 ноќи, Исус сигурно бил многу гладен. Тогаш Сатана му рекол: „Ако си Божји син, кажи им на овие камења да станат лебови!“ Но, Исус одбил да ја употреби за своја лична корист моќта што ја добил од Бог. Наместо тоа, рекол: „Напишано е: ‚Човек не смее да живее само од леб, туку треба да живее и од секој збор што излегува од Јеховината уста‘“ (Мат. 4:1-4; 5. Мој. 8:3).
9. Зошто мора да се спротивставиме кога Ѓаволот се обидува да ги искористи нашите природни телесни желби?
9 Денес Ѓаволот се труди да ги искористи природните телесни желби на Јеховините слуги. Затоа мора да бидеме решени да не попуштиме кога се обидува да нѐ заведе со неморал, кој е сосема вообичаен за овој расипан свет. Божјата реч отворено вели: „Зарем не знаете дека неправедниците нема да го наследат Божјето царство? Не залажувајте се! Ни блудници, ни идолопоклоници, ни прељубници, ни мажи што се впуштаат во неприродни полови односи, ни мажи што легнуваат со мажи... нема да го наследат Божјето царство“ (1. Кор. 6:9, 10). Значи, јасно е дека на луѓето што водат неморален живот и одбиваат да се сменат нема да им биде дозволено да живеат во Божјиот нов свет.
10. Според Матеј 4:5, 6, кое друго искушение го употребил Сатана за да го наведе Исус да му биде неверен на Бог?
10 Во врска со едно друго искушение на Исус во пустината, Библијата вели: „Ѓаволот го одведе во светиот град, го постави на врвот од храмскиот ѕид и му рече: ‚Ако си Божји син, фрли се долу! Зашто, напишано е: „На своите ангели ќе им заповеда за тебе, и тие ќе те носат на раце за да не удриш некаде со ногата во камен“‘“ (Мат. 4:5, 6). Наводно, на ваков начин Исус со чудо ќе докажел дека е Месијата. Но, всушност, тоа би било неисправен, дрзок потег кој не би наишол на одобрување и поддршка од Бог. Исус и во овој случај му останал верен на Јехова и му одговорил на Ѓаволот со стих од Библијата, велејќи: „Но напишано е и ова: ‚Не искушувај го Јехова, својот Бог!‘“ (Мат. 4:7; 5. Мој. 6:16).
11. Како Сатана би можел да нѐ искуша, и со какви последици?
11 Сатана може да нѐ искуша да бараме слава за себе на различни начини. Може да се обиде да нѐ наведе да се облекуваме и да изгледаме како луѓето во светот 2. Сам. 12:9-12). Да не го искушуваме Јехова на неисправен начин, на пример, така што ќе бидеме пријатели со светот. (Прочитај Јаков 4:4; 1. Јованово 2:15-17.)
или да се забавуваме на начин што не е прикладен за христијани. Но, ако ги занемариме Божјите совети и ако се поведеме по светот, може ли да очекуваме ангелите да нѐ штитат од лошите последици на таквото однесување? Цар Давид се покајал за гревовите со Витсавеа, но сепак не бил поштеден од последиците на своите постапки (12. Кое искушение е наведено во Матеј 4:8, 9, и како одговорил Божјиот Син?
12 Во третото искушение што го употребил во пустината, Ѓаволот му понудил на Исус политичка моќ. Му ги покажал сите царства на светот и нивната слава и му рекол: „Сето ова ќе ти го дадам ако паднеш и ми се поклониш“ (Мат. 4:8, 9). Каков бесрамен обид да го добие обожавањето што му припаѓа само на Јехова и да го наведе Исус да му биде неверен на Бог! Со тоа што ја подгревал својата желба да биде обожаван од другите, овој ангел, кој во почетокот му бил верен на Бог, се претворил во Сатана Ѓаволот — едно грешно, лукаво и неописливо злобно суштество кое ги искушува другите (Јак. 1:14, 15). Но Исус, кој е сушта спротивност на Ѓаволот, бил решен да му остане верен на својот небесен Татко, и затоа изјавил: „Бегај, Сатано! Зашто, напишано е: ‚Јехова, својот Бог, обожавај го и само нему служи му!‘“ Така Исус повторно му се спротивставил на Ѓаволот јасно и решително. Божјиот Син не сакал да поседува ниту еден дел од Сатановиот свет и не му паѓало на ум да го обожава тоа злобно суштество! (Мат. 4:10; 5. Мој. 6:13; 10:20).
„Спротивставете му се на Ѓаволот, и тој ќе побегне од вас!“
13, 14. а) Што му понудил Ѓаволот на Исус кога му ги покажал сите царства на светот? б) Како Сатана се обидува да нѐ расипе?
13 Кога му ги покажал на Исус сите царства на светот, Ѓаволот, всушност, му понудил власт и моќ што дотогаш ги немал ниту еден човек. Сатана се надевал дека она што Исус го видел ќе му се допадне и ќе го увери дека може да стане најмоќниот политички водач на Земјата. Денес Ѓаволот не ни нуди царства, но се обидува да ги расипе нашите срца преку нашите очи, уши и мисли.
14 Ѓаволот владее со овој свет. Тоа значи дека ги контролира и средствата за јавно информирање. Затоа не нѐ изненадува тоа што материјалот кој го гледа, го слуша и го чита светот е полн со неморал и насилство. Преку своите реклами, светот настојува кај нас да разгори желба за куп материјални работи кои, всушност, и не ни се потребни. На тој начин Ѓаволот постојано нѐ искушува со материјални работи кои им се допаѓаат на нашите очи, уши и ум. Но, кога одбиваме да гледаме, да слушаме и да читаме информации со кои се кршат библиските мерила, ние како да велиме: „Бегај, Сатано!“ Кога цврсто и решително го одбиваме влијанието на Сатановиот валкан свет, ние постапуваме исто како Исус. Јасно се гледа дека не сме дел од Сатановиот свет и од тоа што храбро им кажуваме на колегите на работа, на соучениците, на соседите и на нашите роднини дека сме Јеховини сведоци и следбеници на Исус. (Прочитај Марко 8:38.)
15. Зошто мора да бидеме постојано будни за да му се спротивставиме на Сатана?
15 Откако по третпат неуспешно се обидел да го натера Исус да се одрече од својата беспрекорна верност кон Бог, ‚Ѓаволот го оставил‘ (Мат. 4:11). Сепак, Сатана немал намера да престане да го искушува Исус, бидејќи читаме: „Кога заврши со сите тие искушенија [во пустината], Ѓаволот го остави, чекајќи друг поволен момент“ (Лука 4:13). Кога успешно ќе му се спротивставиме на Ѓаволот, треба да му благодариме на Јехова. Но, треба постојано да го молиме Бог да ни помага, бидејќи Ѓаволот ќе се врати да нѐ искуша во друго време кое е поволно за него, а не кога ние можеби очекуваме да нѐ снајде некој испит. Затоа, мора постојано да бидеме будни и спремни истрајно да му служиме на Јехова, без оглед на испитите со кои ќе се соочиме.
16. Каква голема сила ни дава Јехова, и зошто треба да се молиме за неа?
16 За да добиеме помош да му се спротивставиме на Ѓаволот, треба да се молиме за најголемата сила во вселената — Божјиот свет дух — со доверба дека Бог ќе ни ја даде. Тој дух ќе ни помогне да правиме работи кои би било невозможно да ги направиме само со своја сила. Исус ги уверил своите следбеници дека Божјиот дух им стои на располагање кога рекол: „Ако вие, иако сте [несовршени, па затоа донекаде и] зли, знаете да им давате на своите деца добри дарови, колку повеќе Таткото, кој е на небото, ќе им даде свет дух на оние што го молат за тоа!“ (Лука 11:13). Затоа, да продолжиме да го молиме Јехова за неговиот свет дух! Ако ја имаме поддршката од оваа најголема сила додека решително му се спротивставуваме на Ѓаволот, сигурно ќе успееме да го победиме. Освен што треба редовно и горливо да се молиме, мора да ја облечеме и сета духовна воена опрема од Бог за да ‚им се спротивставиме на Ѓаволовите сплетки‘ (Еф. 6:11-18).
17. Која радост му помогнала на Исус да му се спротивстави на Ѓаволот?
17 Уште една работа, која му помогнала на Исус да му се спротивстави на Ѓаволот, може да ни помогне и нам. Библијата вели: „Поради радоста што стоеше пред него, [Исус] претрпе маченички столб, не мислејќи на срамот, и седна од десната страна на Божјиот престол“ (Евр. 12:2). И ние можеме да имаме таква радост ако го поддржуваме Јехова како Севишен Владетел, ако го славиме неговото свето име и ако размислуваме за вечниот живот што ќе го добиеме како награда. Колку ќе се радуваме кога Сатана и сите негови дела ќе бидат уништени засекогаш, а „кротките ќе ја поседуваат земјата и ќе уживаат во изобилен мир“! (Пс. 37:11). Затоа, продолжи да му се спротивставуваш на Ѓаволот исто како што правел Исус. (Прочитај Јаков 4:7, 8.)
Како би одговорил?
• Какви докази имаме дека Јехова го чува својот народ?
• Каков пример ни дал Исус за тоа како треба да му се спротивставиме на Сатана?
• Како можеш да му се спротивставиш на Ѓаволот?
[Прашања]
[Слика на страница 29]
Ако сме пријатели на светот, стануваме непријатели на Бог
[Слика на страница 31]
Исус одбил да ја прифати понудата од Сатана да ги има сите царства на светот