Каде треба да бидеш кога ќе дојде крајот?
Каде треба да бидеш кога ќе дојде крајот?
ШТО ќе се случи со праведните луѓе кога Јехова ќе му стави крај на овој злобен свет во Армагедон? Одговорот го наоѓаме во Изреки 2:21, 22: „Праведниците ќе живеат на земјата и непорочните ќе останат на неа. А злите ќе бидат истребени од земјата и оние што постапуваат неверно ќе бидат искоренети од неа“.
Но, како непорочните ќе останат на Земјата? Ќе има ли некое место каде што ќе можат да се скријат? Каде треба да бидат праведните кога ќе дојде крајот? Ќе дознаеме нешто повеќе за ова ако разгледаме четири извештаи за преживување од Библијата.
Ситуации во кои местото било важно
Во врска со избавувањето на Ное и Лот, во 2. Петрово 2:5-7 читаме: „[Бог] не поштеди еден древен свет, но го зачува Ное, проповедникот на праведноста, со седуммина други, кога донесе потоп на безбожниот свет. И ги осуди градовите Содом и Гомор и ги претвори во пепел, давајќи им пример на безбожниците за она што треба да дојде, но го избави праведниот Лот, кој страдаше поради бесрамните дела на тие дрски беззаконици“.
Како Ное го преживеал Потопот? Бог му рекол: „Гледам дека дојде време да им ставам крај на сите суштества, зашто ја наполнија земјата со насилство; и еве, ќе ги уништам заедно со земјата. Направи си арка од смолесто дрво“ (1. Мој. 6:13, 14). Ное ја направил арката токму онака како што му заповедал Јехова. Седум дена пред Потопот, Јехова му рекол да ги внесе во арката животните и целото свое семејство. На седмиот ден Јехова ја затворил вратата од арката и ‚дожд се истурал на земјата четириесет дена и четириесет ноќи‘ (1. Мој. 7:1-4, 11, 12, 16). Ное и неговото семејство ‚се спасиле, поминувајќи преку водата‘ (1. Пет. 3:20). Ако сакале да преживеат, морале да бидат во арката. На ниту едно друго место на Земјата не ќе можеле да најдат спас (1. Мој. 7:19, 20).
Во случајот на Лот упатствата биле малку поинакви. Двајца ангели му кажале каде не смее да биде. Тие му рекле: „Изведи ги од местово... сите твои што се во градот [Содом]! Зашто, ќе го уништиме ова место“. Лот и семејството требало ‚да бегаат во планините‘ (1. Мој. 19:12, 13, 17).
Она што им се случило на Ное и на Лот ни покажува дека „Јехова знае како да ги избави од искушение луѓето што му се оддадени, а неправедните да ги чува за денот на судот“ (2. Пет. 2:9). И од двата случаја гледаме дека било многу важно каде се наоѓале. Ное морал да влезе во арката, а Лот морал да излезе од Содом. Но, дали е секогаш така? Може ли Јехова да ги спаси праведните каде и да се наоѓаат, без да мораат да одат на некое посебно место? За да добиеме одговор на ова прашање, да разгледаме уште два извештаја од Библијата.
Дали местото е секогаш важно?
Во времето на Мојсеј, пред да му ја нанесе десеттата неволја на Египет, Јехова им заповедал на Израелците да ги попрскаат надвратникот и двата довратника од своите куќи со крвта од пасхалната жртва. Зошто? ‚Кога Јехова ќе поминел за да ги удри Египќаните со неволја и 2. Мој. 12:22, 23, 29).
кога ќе ја видел крвта на надвратникот од влезната врата и на двата довратника, ќе ја одминел таа врата и немало да дозволи да влезе погубувањето во нивните куќи и да ги удри.‘ Истата таа ноќ ‚Јехова ги погубил сите првородени во египетската земја, од првородениот на фараонот, кој седел на својот престол, до првородениот на затвореникот, кој бил во затворот, а и сите првородени животни‘. Првородените Израелци биле спасени без да мораат да одат на некое посебно место (Размисли и за она што се случило со Раав, блудница која живеела во градот Ерихон. Израелците биле на прагот на Ветената земја и требало да почнат да ја освојуваат. Кога Раав сфатила дека Ерихон ќе биде уништен, им рекла на израелските извидувачи дека целиот град го обзел страв од Израелците. Таа ги сокрила извидувачите и ги натерала да ѝ се заколнат дека таа и целото нејзино семејство ќе бидат заштитени кога Ерихон ќе биде освоен. Тие ѝ рекле да го собере своето семејство во својата куќа, која била во градскиот ѕид. Ако некој излезел оттаму, ќе бил уништен заедно со целиот град (Ис. Нав. 2:8-13, 15, 18, 19). Но, Јехова подоцна му кажал на Исус Навин дека „градските ѕидишта ќе се урнат до темел“ (Ис. Нав. 6:5). Иако извидувачите ѝ ветиле на Раав дека нејзиниот дом ќе биде безбедно место, во тој момент се чинело дека нејзиниот живот и животот на другите од семејството е во опасност. Како ќе бидат спасени?
Кога дошло време да го освојат Ерихон, Израелците почнале да трубат во рогови и да викаат. Во Исус Навин 6:20 се вели: „Кога народот [Израел] го чу звукот на рогот и се огласи со силна воена викотница, ѕидиштата почнаа да се рушат“. Ниту еден човек немал контрола над уривањето на ѕидот. Сепак, за вистинско чудо, ѕидот престанал да се руши токму пред куќата на Раав. Исус Навин им наредил на двајцата извидувачи: „Отидете во куќата на онаа блудница и изведете ги оттаму жената и сите нејзини, како што сте ѝ се заколнале!“ (Ис. Нав. 6:22). Сите во домот на Раав биле спасени.
Што било најважно?
Што учиме од тоа што Ное, Лот, Израелците од времето на Мојсеј и Раав биле избавени? Како ни помагаат овие примери да сфатиме каде треба да бидеме ние кога ќе дојде крајот на овој злобен свет?
Ное бил спасен затоа што бил во арката. Но, зошто бил таму? Зарем не затоа што бил послушен и имал вера? Библијата вели: „Ное направи сѐ така како 1. Мој. 6:22; Евр. 11:7). А како е со нас? Дали ние правиме сѐ што ни заповеда Јехова? Освен тоа, Ное бил и ‚проповедник на праведноста‘ (2. Пет. 2:5). Дали и ние, исто како Ное, ревносно проповедаме дури и ако луѓето на подрачјето не нѐ слушаат?
што му беше заповедал Бог. Токму така направи“ (Лот преживеал затоа што го напуштил Содом. Тој бил спасен зашто бил праведен во Божји очи и затоа што страдал кога ги гледал бесрамните дела на дрските беззаконици од Содом и Гомор. Дали и ние страдаме кога ги гледаме бесрамните дела кои се вршат на секој чекор денес? Или сме отрпнале на нив и воопшто не нѐ загрижуваат? Дали правиме сѐ што можеме ‚за да се најдеме неизвалкани и неосквернети и во мир‘? (2. Пет. 3:14).
За да бидат избавени, и Израелците во Египет и Раав во Ерихон морале да останат во своите домови. За тоа било потребно да имаат вера и да бидат послушни (Евр. 11:28, 30, 31). Замисли си како им било на Израелците — сигурно не ги тргале очите од своите првородени кога ‚настанал голем пискот‘ меѓу Египќаните (2. Мој. 12:30). А како ли им било на Раав и на нејзиното семејство? Сигурно се стуткале еден до друг додека слушале како се рушат ѕидините околу нив, свесни дека и нивната куќа може секој миг да се сруши. На Раав ѝ била потребна вистинска вера за да биде послушна и да остане во куќата.
Наскоро ќе му дојде крајот на Сатановиот зол свет. Сѐ уште не знаеме како Јехова ќе ги заштити своите слуги во застрашувачкиот ‚ден на неговиот гнев‘ (Соф. 2:3). Но, независно од тоа каде сме или какви ни се околностите, можеме да бидеме уверени дека нашето преживување ќе зависи од тоа дали ќе покажеме вера во Јехова и дали ќе му бидеме послушни. Во меѓувреме, да задржиме исправен став кон „собите“, кои се спомнати во пророштвото на Исаија.
„Влези во своите соби“
Исаија 26:20 вели: „Ајде, народе мој, влези во своите соби, каде што ќе бидеш на сигурно, и затвори ги вратите зад себе! Скриј се за миг дури да мине гневот!“ Ова пророштво за првпат се исполнило во 539 год. пр.н.е., кога Медијците и Персијците го освоиле Вавилон. Откако влегле во Вавилон, Персиецот Кир заповедал сите да останат во своите домови и им наредил на своите војници да го погубат секој што ќе го најдат надвор.
Во нашево време, „собите“ од ова пророштво би можеле да ги претставуваат над 100-те илјади собранија на Јеховините сведоци низ целиот свет. Овие собранија играат многу важна улога во нашиот живот, а така ќе биде и во „големата неволја“ (Отк. 7:14). На Јеховините слуги им е заповедано да влезат во „собите“ и да се скријат „дури да мине гневот“. Многу е важно да имаме и да задржиме исправен став кон собранието и да бидеме цврсто решени тесно да соработуваме со него. Да го земеме присрце советот на Павле: „Да размислуваме еден за друг за да се поттикнуваме кон љубов и кон добри дела, и да не ги пропуштаме нашите состаноци, како што некои имаат обичај, туку да се храбриме еден со друг, толку повеќе колку што гледате дека се приближува денот“ (Евр. 10:24, 25).
[Слики на страница 7]
Што учиме од примерите во минатото кога Јехова ги избавил своите верни слуги?
[Слика на страница 8]
Што можеби претставуваат „собите“ во нашево време?