Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Прашања од читателите

Прашања од читателите

Прашања од читателите

Кога Сатана бил исфрлен од небото? (Отк. 12:1-9)

Иако во библиската книга Откровение не е кажано точното време кога Сатана бил исфрлен од небото, сепак во неа се спомнуваат низа настани кои ни помагаат да одредиме кога се случило тоа. Првиот во таа низа настани е воспоставувањето на месијанското Царство. По тој настан, ‚избувнала војна на небото‘ во која Сатана бил поразен и исфрлен оттаму.

Библијата јасно покажува дека во 1914 год. завршиле „одредените времиња на незнабошците“ и било воспоставено Царството * (Лука 21:24). За колку кратко време потоа избила војната на небото, по која Сатана бил исфрлен?

Во Откровение 12:4 пишува: „Змејот [Сатана] стоеше пред жената која требаше да роди за, кога ќе роди, да ѝ го проголта детето“. Ова покажува дека Сатана сакал брзо да го уништи новото Царство — ако е можно, уште при самото негово раѓање. Иако Јехова ја спречил неговата злобна намера, Сатана одлучно и немилосрдно се трудел да му наштети на нововоспоставеното Царство. Тогаш, разумно е да заклучиме дека „Михаел и неговите ангели“ веднаш презеле акција да ги отстранат ‚змејот и неговите ангели‘ од небото за да не му се случи никакво зло на Царството. Од ова можеме да заклучиме дека Сатана бил поразен и исфрлен од небото кратко по раѓањето на Царството во 1914 год.

Друг фактор што треба да се земе предвид е воскресението на помазаните христијани, кое — како што покажуваат библиските докази — почнало набрзо откако било воспоставено Царството * (Отк. 20:6). Бидејќи за ниеден од Христовите помазани браќа не се вели дека учествувал заедно со Исус во битката против змејот и неговите ангели, војната на небото и исфрлањето на Сатана и неговите демони веќе мора да биле завршени кога Христовите браќа почнале да воскреснуваат.

Значи, Библијата не го открива точното време кога Сатана и неговите демони биле исфрлени од небото. Но, јасно е дека овој настан следел набрзо откако Исус Христос се зацарил на небото во 1914 год.

[Фусноти]

^ Види ја Стражарска кула од 1 јануари 2007 год., страници 27, 28, пасуси 9-13.