Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Вистината стигнува во далечни места

Вистината стигнува во далечни места

Вистината стигнува во далечни места

РУСКАТА Република Тува се наоѓа на најјужниот дел од Сибир, а на југ и на исток граничи со Монголија. Многу луѓе во Тува живеат во далечни места до кои е тешко да се дојде за да се пренесе пораката за Царството. Меѓутоа, пред некое време, една група луѓе од некои од најдалечните места во Тува отидоа во главниот град, Кизил, за да присуствуваат на еден семинар. Марија, пионерка од Кизил, дознала за тоа и сфатила дека ѝ се укажува ретка прилика да им ја пренесе добрата вест на тие луѓе.

Марија раскажува што се случило: „Училиштето во кое работам како наставничка, организираше семинар на тема лекување на зависности. На тој семинар требаше да дојдат околу 50 луѓе од најоддалечените места на Тува. Меѓу нив имаше наставници, психолози, социјални работници и лица од други струки“. Марија била свесна дека овој настан е одлична прилика, но и предизвик. Таа објаснува: „По природа сум срамежлива и тешко ми е да сведочам неформално. Но, го молев Јехова да ми даде храброст да го совладам стравот и да ја искористам таа прилика да посведочам“. Дали успеала во тоа?

Марија продолжува: „Најдов едно Разбудете се! во кое се зборува за фобиите. ‚Ова би го интересирало некој психолог‘, си реков и го понесов списанието во училиштето. Тој ден, една наставничка што присуствуваше на семинарот дојде во мојата канцеларија и јас ѝ го понудив списанието. Таа со задоволство го зеде. Всушност, ми кажа дека и самата има фобија. Следниот ден ѝ го однесов првиот том од книгата Младите прашуваат — делотворни одговори, која ја зеде со задоволство. Поради нејзината убава реакција си помислив дека можеби и на други наставници ќе им се допадне таа книга. Затоа, однесов во училиштето една кутија со книги Младите прашуваат и други публикации“. За кратко време, кутијата останала празна. Марија раскажува што се случило: „Неколку колеги на наставничката што ја зеде книгата дојдоа во мојата канцеларија и ме прашаа: ‚Каде се делат такви книги?‘“ Отишле на вистинското место!

Последниот ден од семинарот бил сабота. Тој ден Марија не била на работа, па затоа оставила литература на неколку клупи во нејзината канцеларија. На една табла напишала: „Драги наставници! Слободно земете си литература за себе и за вашите пријатели. Овие убави публикации ќе ви помогнат да бидете успешни во работата и да имате стабилни семејства“. Што се случило? „Кога подоцна истиот ден отидов во канцеларијата, поголемиот дел од публикациите ги немаше. Веднаш донесов уште книги и списанија.“ До крајот на семинарот, Марија дала 380 списанија, 173 книги и 34 брошури. Кога оние што присуствувале на семинарот се вратиле во своите далечни домови, ја понеле со себе и целата таа литература. Марија вели: „Многу сум среќна што вистината сега стигна и во најдалечните места на Тува!“ (Проп. 11:6).

[Карта на страница 32]

(Види во публикацијата)

РУСИЈА

РЕПУБЛИКА ТУВА