Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Соработката придонесува за духовен напредок

Соработката придонесува за духовен напредок

Соработката придонесува за духовен напредок

ОНИЕ што сакаат да имаат семејство кое верно му служи на Јехова, мораат да бидат спремни да соработуваат меѓу себе. Кога Јехова ги создал првите маж и жена, нагласил колку е важна соработката. Ева требало да соработува со Адам како негово „дополнение“ (1. Мој. 2:18). Бракот треба да биде заедница во која мажот и жената се партнери што си помагаат еден на друг (Проп. 4:9-12). За да можат родителите и децата да ја исполнат улогата што им ја дал Јехова, треба да соработуваат.

Семејно проучување

Бери и Хајди имаат пет деца. Тие увиделе дека многу добро влијае на нивниот напредок тоа што сите заедно соработуваат околу семејното проучување. Бери објаснува: „Понекогаш им давам на децата некои мали задачи за семејното проучување. На пример, ги задолжувам да подготват некои коментари на темел на статии од Разбудете се! Исто така, вежбаме како да проповедаме и така секое дете си има подготвено презентација“. Хајди додава: „Сите имаме список со духовни цели што сакаме да ги постигнеме и одвреме-навреме на семејното проучување ги разгледуваме за да видиме до каде сме“. Бери и Хајди увиделе дека, ако секоја седмица одредат конкретни вечери кога нема да гледаат телевизија, сите ќе можат тоа време да го искористат за читање во мир.

Собраниски состаноци

Мајк и Дениз имаат четири возрасни деца. Како му помогнало на нивното семејство тоа што сите соработувале меѓу себе? Мајк вели: „Понекогаш, дури и најдобрите планови не ни успеваа, но сфативме дека соработката многу ни помагаше да стигнеме навреме на состаноците“. Дениз објаснува: „Додека растеа, децата си имаа разни задолженија дома. Нашата ќерка Ким помагаше околу готвењето и ја поставуваше масата“. Синот Мајкл раскажува: „Во вторник навечер се одржуваше собраниски состанок кај нас дома. Пред состанокот ја подготвувавме собата, чистевме со правосмукалка и ги редевме столчињата“. Другиот син, Метју, додава: „Вечерите кога имавме состанок, тато гледаше да си дојде од работа доволно рано за да може да ни помогне да се подготвиме“. Какви се резултатите од сето тоа?

Вреди да се вложи труд

Мајк раскажува: „Во 1987 год., јас и Дениз почнавме да служиме како пионери. Во тоа време, три од децата сѐ уште живееја со нас. Две од нашите деца станаа пионери, а другите работеа на различни проекти за изградба на Бетели. Друго нешто што му претставува голема радост на нашето семејство е тоа што им помогнавме на 40 лица да му го заветуваат својот живот на Јехова и да се крстат. Исто така, имавме можност да работиме сите заедно на различни градежни проекти, дури и во други земји“.

Да, вреди да се вложи труд за да соработуваме како семејство. Можете ли да најдете и други начини на кои ќе соработувате како семејство? Бидете уверени дека соработката ќе ви помогне уште повеќе да напредувате духовно.

[Слика на страница 28]

Ќе бидете повешти во службата ако заедно вежбате презентации