Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Весело давање од сѐ срце

Весело давање од сѐ срце

Весело давање од сѐ срце

ВО ВРСКА СО давањето, апостол Павле напишал: „Секој нека направи како што одлучил во своето срце“, а потоа додал: „Не без волја, ниту со сила, зашто Бог го сака веселиот дарител“ (2. Кор. 9:7). Јехова не присилува никого да го поддржува неговото обожавање со материјални прилози. Тој им дозволува на своите слуги да ја покажат својата оддаденост кон него така што приложуваат доброволно и со радост. Низ целата историја, неговиот народ давал великодушно. Да разгледаме три примери.

Откако ги извел Израелците од Египет, Јехова им дал упатства да го направат светиот шатор. Бидејќи за изработката биле потребни различни материјали, на Израелците им бил упатен повик, доколку сакаат, да дадат прилози. Тие го прифатиле овој повик, и така, ‚секој што го наведувало срцето‘ донел злато и сребро, накит и други материјали. Народот бил толку великодушен што морало да се разгласи низ логорот да престанат да донесуваат прилози (2. Мој. 35:5, 21; 36:6, 7).

Со векови подоцна, кога требало да се изгради храмот, Божјиот народ повторно имал можност да даде материјална поддршка за обожавањето на вистинскиот Бог. Цар Давид дал голем личен прилог за овој проект, а ги повикал и другите да даваат. Тие спремно го сториле тоа. Всушност, само приложеното злато и сребро вредело над 100 милијарди долари според сегашните вредности. Луѓето многу се радувале што можеле да му даваат доброволни прилози на Јехова (1. Лет. 29:3-9; 2. Лет. 5:1).

И првите следбеници на Исус Христос покажале радосен дух на давање. На Педесетница 33 год. од н.е., биле крстени околу 3.000 души, а мнозина од нив не живееле во Ерусалим. За да им помогнат на посиромашните да останат во градот и да дознаат повеќе за својата нова вера, христијаните привремено ги здружиле своите финансиски средства. Браќата ги продавале своите сопствености и им ги донесувале парите на апостолите за да им помогнат на оние што имале потреба. Јехова сигурно многу се радувал кога гледал како ја покажуваат својата вера и љубов на таков начин! (Дела 2:41-47).

До ден-денес, христијаните го поддржуваат обожавањето на вистинскиот Бог така што великодушно и радосно даваат од своето време, сила и средства. Во придружната рамка се наведени некои начини на кои и ти би можел да приложиш.

[Рамка на страници 18 и 19]

КАКО НЕКОИ РЕШИЛЕ ДА ДАДАТ

ПРИЛОЗИ ЗА МЕЃУНАРОДНОТО ДЕЛО

Мнозина ставаат настрана, односно редовно одвојуваат некоја сума од своите парични средства и ја пуштаат во кутиите за прилози со натпис: „За меѓународното дело“.

Секој месец, собранијата го испраќаат овој износ до подружницата на Јеховините сведоци, односно до Бетелот во нивната земја. Освен тоа, секој може да ги испрати своите доброволни парични прилози и директно до Бетелот. Може да се дарува и накит или, пак, други вредни работи. Таквите прилози треба да се испратат заедно со едно кратко писмо во кое се наведува дека се работи за безусловен подарок.

ДРУГИ НАЧИНИ НА ДАВАЊЕ

Освен безусловни парични прилози, кои ќе се користат за службата за Царството низ целиот свет, може да се дадат донации и на други начини. Тука спаѓаат:

Осигурување: Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница може да биде именувана како корисник на средствата од полиса за животно осигурување.

Банковни сметки: На Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница може да ѝ се остават во наследство различни штедни влогови. Претходно треба да се исполнат сите законски барања за средствата да бидат исплатени од страна на банката.

Хартии од вредност и обврзници: Хартии од вредност и обврзници можат да се дадат на Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница како безусловен подарок.

Недвижен имот: На Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница може да се подари недвижен имот или како безусловен подарок или, пак, да се задржи на доживотно користење од страна на дарителот, што значи дека тој може и понатаму да располага со него до крајот на својот живот. За таквиот имот треба да постојат уредни документи за да може да се продаде. Контактирај со Бетелот во твојата земја пред да му препишеш каков и да било недвижен имот.

Тестаменти: Имот или пари можат да бидат завештани на Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница со законски заверен тестамент.

Ако си заинтересиран за некој од овие начини за давање донации, можеш да се јавиш, или телефонски или писмено, на долунаведената адреса.

Адреса:

Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница

П. ф. 800

1 000 Скопје

Телефон: (02) 3090-580