Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Мало девојче со големо срце

Мало девојче со големо срце

Мало девојче со големо срце

НЕОДАМНА, едно деветгодишно девојче од Бразил само реши да ги подели на два дела парите што ги имаше заштедено. Помалата сума од 18 долари ја пушти во кутијата за прилози во Салата на Царството во нејзиното место, за да помогне да се покријат собраниските трошоци. А поголемата сума од 25 долари ја испрати до подружницата на Јеховините сведоци заедно со едно кратко писмо. Во писмото напиша: „Би сакала да ги приложам овие пари за меѓународното дело. Сакам да им помагам на многу браќа и сестри низ целиот свет да ја проповедаат добрата вест. Ги давам овие пари затоа што многу го сакам Јехова“.

Родителите го поучиле ова девојче дека е многу важно и самото да учествува во проповедничкото дело. Но, исто така му помогнале да сфати дека треба да му ‚искажуваме чест на Јехова и со својот имот‘ (Изр. 3:9). Сите ние, како ова девојче, ревносно да го поддржуваме делото за Царството, и на локално и на меѓународно ниво!