И покрај промените, остани во Божјата милост!
И покрај промените, остани во Божјата милост!
ДАЛИ се соочуваш со промени во животот? Дали ти е тешко да ги прифатиш? Повеќето од нас веќе биле или, пак, ќе се најдат во таква ситуација. Од некои примери на лица што живееле во минатото можеме да видиме кои особини ќе ни помогнат успешно да се справиме со промените.
На пример, размисли за Давид и за многуте промени со кои морал да се соочи тој. Бил обично овчарче кога Самоил го помазал за иден цар. Сѐ уште бил млад и кога се пријавил да се бори со филистејскиот џин, Голијат (1. Сам. 17:26-32, 42). Отприлика на тие години, Давид бил повикан да живее на дворот на цар Саул и бил поставен за водач на војската. Тој не можел ни да си замисли дека ќе ги доживее сите тие промени ниту, пак, можел да предвиди што ќе се случи потоа.
Односите меѓу него и Саул многу се затегнале (1. Сам. 18:8, 9; 19:9, 10). За да си го спаси животот, Давид морал неколку години да живее како бегалец. Но, дури и кога владеел како цар над Израел, околностите нагло му се менувале, особено откако извршил прељуба, а потоа и убиство за да го скрие тој грев. Како последица од неговите гревови, имал проблеми во семејството. Меѓу другото, син му, Авесалом, се побунил против него (2. Сам. 12:10-12; 15:1-14). Сепак, откако Давид се покајал за прељубата и убиството, Јехова му простил и повторно го вратил во својата милост.
И твоите околности можат да се сменат. Некоја болест, економски тешкотии или семејни проблеми — па дури и нашите сопствени постапки — можат да доведат до промени во животот. Кои особини ќе ни помогнат подобро да се справиме со ваквите предизвици?
Како ни помага понизноста
Оној што е понизен спремно покажува подложност. Вистинската понизност ни помага да се видиме себеси такви какви што навистина сме, а и другите да ги гледаме реално. Ако не ги потценуваме особините и достигнувањата на другите, повеќе ќе ги цениме како личности, а ќе го цениме и она што го прават. Освен тоа, понизноста може да ни помогне да сфатиме зошто нешто ни се случило и како треба да реагираме во таа ситуација.
1. Сам. 15:28; 16:1, 12, 13). Бидејќи Бог го избрал Давид за следен цар на Израел, царскиот престол немало да му припадне на Јонатан. Во некоја смисла, непослушноста на Саул имала негативни последици врз Јонатан. Иако самиот не бил виновен за тоа, Јонатан немало да го наследи својот татко (1. Сам. 20:30, 31). Како реагирал тој во оваа ситуација? Дали се огорчил затоа што ја пропуштил таа животна шанса, и дали му бил љубоморен на Давид? Не. Иако бил многу постар и поискусен од Давид, Јонатан верно го поддржал (1. Сам. 23:16-18). Понизноста му помогнала да сфати кој го имал Божјиот благослов, и тој не ‚мислел за себе повеќе отколку што требало да мисли‘ (Рим. 12:3). Сфатил што очекува Јехова од него и ја прифатил Неговата одлука во врска со тоа.
Добар пример за ова е Јонатан, синот на Саул. Околностите во неговиот живот се смениле како резултат на настани кои биле вон негова контрола. Кога му кажал на Саул дека Јехова ќе му го одземе царството, Самоил не рекол дека Јонатан ќе се зацари на местото на својот татко (Се разбира, многу промени се проследени со одредени тешкотии. Извесно време, Јонатан се нашол растргнат меѓу двајца луѓе кои му биле блиски. Едниот од нив бил идниот цар Давид — неговиот пријател кој бил избран од Јехова. Другиот бил Саул, неговиот татко, кого Јехова го отфрлил, но сѐ уште владеел како цар. Оваа ситуација сигурно била многу стресна за Јонатан, кој се трудел да ја зачува Јеховината милост. И промените со кои ние се соочуваме можеби нѐ загрижуваат и нѐ плашат. Но, ако се обидеме да разбереме како гледа Јехова на нашата ситуација, ќе можеме и понатаму верно да му служиме додека се справуваме со променетите околности.
Колку е важна скромноста
Скромен е оној што е свесен за своите ограничувања. Скромноста не е исто што и понизноста. Можно е едно понизно лице да не биде доволно свесно за своите граници.
Давид бил скромен. Иако Јехова го избрал за цар, тој со години не можел да седне на престолот. Библијата никаде не кажува дека Јехова му дал некакво објаснување зошто ова навидум било одложено. Сепак, Давид не го вознемирила оваа ситуација, иако можел да се разочара. Тој бил свесен за своите граници, и разбирал дека Јехова, кој дозволувал да биде така, сепак ги држи работите под контрола. Затоа не сакал да го убие Саул, ни по цена на тоа да си го спаси својот живот, а не му дозволил ни на својот пријател Ависај да го стори тоа (1. Сам. 26:6-9).
Понекогаш во нашето собрание може да има некоја ситуација која не ја разбираме или која, од наша гледна точка, не се решава на најдобар или најефикасен начин. Дали скромно ќе признаеме дека Исус е Глава на собранието и дека го користи старешинството кое има задача да предводи? Ќе покажеме ли скромност, свесни Изр. 11:2).
дека ќе можеме да останеме во Јеховината милост само ако чекаме Тој да ги води работите преку Исус Христос? Дали скромно ќе чекаме иако тоа нема да биде лесно? (Кроткоста ни помага да бидеме позитивни
Кротки се оние лица кои се благи. Оваа особина ни помага да трпиме некоја неправда стрпливо и без да се гневиме, да се огорчиме или да се одмаздуваме. Не е лесно да се развие кроткост. Интересно е тоа што, во еден библиски стих, ‚кротките на земјата‘ се повикани да ја ‚бараат кроткоста‘ (Соф. 2:3). Кроткоста е поврзана со понизноста и скромноста, но и со други особини, како што се добрината и благоста. Едно кротко лице може духовно да напредува ако е спремно да учи и ако дозволи да биде обликувано.
Како кроткоста може да ни помогне да се соочиме со некои нови околности во животот? Веројатно си забележал дека мнозина се склони да мислат дека промените се лоши. Но, всушност, ако дозволиме, Јехова може да ги искористи за дополнително да нѐ поучи. Пример за ова е животот на Мојсеј.
На возраст од 40 години, Мојсеј веќе имал многу убави особини. Покажал дека е заинтересиран за потребите на Божјиот народ и дека е самопожртвуван (Евр. 11:24-26). Сепак, пред Јехова да му даде задача да ги изведе Израелците од Египет, Мојсеј морал да се соочи со промени што му помогнале да стане уште покроток. Морал да бега од Египет и да живее 40 години во Мадијам, каде што служел како пастир, далеку од очите на јавноста. Каков бил резултатот од оваа промена? Тој станал подобар човек (4. Мој. 12:3). Научил да ја става Јеховината волја пред својата.
За да сфатиме колку бил кроток, да видиме што се случило кога Јехова рекол дека сака да го отфрли непослушниот израелски народ и од потомците на Мојсеј да направи моќен народ (4. Мој. 14:11-20). Мојсеј се зазел за Израелците. Од она што го кажал, се гледа дека бил загрижен за угледот на Бог и за доброто на своите браќа, а не за себеси. За улогата на водач на народот и посредник што ја извршил Мојсеј, бил потребен кроток човек. Иако Маријам и Арон почнале да зборуваат против него, библискиот запис вели за Мојсеј дека бил „најкроткиот од сите луѓе“ (4. Мој. 12:1-3, 9-15). Изгледа дека тој кротко ги поднел нивните навреди. Каков ќе бил исходот доколку не бил кроток?
Во друга прилика, Јеховиниот дух слегол на некои луѓе, наведувајќи ги да пророкуваат. Исус Навин, слугата на Мојсеј, сметал дека тие Израелци не постапуваат исправно. Но, Мојсеј, од друга страна, гледал 4. Мој. 11:26-29). Доколку не бил кроток, ќе ја прифател ли оваа промена од Јехова?
на работите од Јеховина гледна точка и не се плашел дека ќе го изгуби својот авторитет (Затоа што бил кроток, Мојсеј добро го искористил авторитетот и успешно ја исполнил улогата која му ја дал Бог. Јехова го повикал да се качи на планината Хорив за да го застапува народот. Бог зборувал со него преку ангел и го поставил за посредник на сојузот. Кроткоста му помогнала на Мојсеј да ја прифати оваа голема промена во авторитетот, а сепак да ја зачува Божјата милост.
Како е со нас? Ако сакаме да стекнеме зрелост, неопходно е да бидеме кротки. Сите на кои им се доверени посебни одговорности и авторитет кај Божјиот народ треба да бидат кротки. Кроткоста нема да ни дозволи да бидеме горделиви кога се соочуваме со промени и ќе ни помогне да се справиме со ситуациите задржувајќи исправен став. Многу е важно како ќе реагираме. Ќе ја прифатиме ли промената? Ќе гледаме ли на неа како на можност да се подобриме? Можеби токму таа промена ќе ни помогне да развиеме кроткост!
Промените во животот се неизбежни. Понекогаш не е лесно да разбереме зошто се случуваат некои работи. Личните ограничувања и емоционалната напнатост можеби ќе ни отежнуваат да гледаме на работите од Јеховина гледна точка. Сепак, особините како понизноста, скромноста и кроткоста ќе ни помогнат да ги прифатиме промените и да ја зачуваме Божјата милост.
[Истакната мисла на страница 4]
Вистинската понизност ни помага да се видиме такви какви што навистина сме
[Истакната мисла на страница 5]
Ако сакаме да стекнеме зрелост, неопходно е да бидеме кротки
[Слика на страница 5]
Мојсеј морал да се соочи со предизвици што го направиле уште покроток