Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Зошто да ги почитуваме остарените?

Зошто да ги почитуваме остарените?

Зошто да ги почитуваме остарените?

НА БРЕГОТ на Калифорнија (САД), се наоѓа едно од најфотографираните дрвја во светот. Наречено е Осамениот Чемпрес. Според кажувањата, ова убаво дрво е старо повеќе од 250 години. Бидејќи е познато по својата издржливост, луѓето покажале грижа за него на неколку начини. На пример, стеблото го придржуваат потпорни јажиња, а основата е зацврстена со изѕидани камења.

Со својата издржливост, Осамениот Чемпрес потсетува на нашите остарени христијани, кои покажуваат исто толку извонредна истрајност. На пример, таква истрајност покажуваат со тоа што ја објавуваат добрата вест. Пророкот Јоил рекол дека и стари луѓе ќе ја пренесуваат библиската порака (Јоил 2:28-32; Дела 2:16-21). Помисли само колку многу часови посветуваат за ревносно да им помагаат на другите да ја дознаат ‚добрата вест за царството‘! (Мат. 24:14). Некои од тие постари објавители на Царството со години трпеле прогонство или други тешкотии. Ако еден обичен чемпрес е познат по својата издржливост и е зајакнат со камења и јажиња, колку повеќе остарените лица меѓу нас заслужуваат да ги цениме и да постапуваме кон нив со достоинство и со почит!

Јехова Бог му заповедал на својот древен народ: „Пред седа глава стани, почитувај го лицето на стар човек и бој се од својот Бог“ (3. Мој. 19:32). Меѓу денешните слуги на Јехова има одлични примери на верни луѓе што со децении ‚скромно одат со Бог‘ (Мих. 6:8). Додека продолжуваат да ги применуваат библиските начела, нивната седа коса навистина е како „прекрасна круна“ (Изр. 16:31).

Апостол Павле му рекол на младиот Тимотеј: „Немој да прекоруваш постар човек“. Наместо тоа, Тимотеј требало ‚да го советува како татко, а постарите жени како мајки‘ (1. Тим. 5:1, 2). Всушност, Тимотеј требало да ‚стане‘ пред седа коса. Ова јасно покажува дека Јехова очекува од нас да зборуваме со остарените со почит.

„Предводете во искажувањето почит еден кон друг“, пишува во Римјаните 12:10. Надгледниците во собранието без сомнение покажуваат почит кон остарените христијани. Но, и сите ние треба да предводиме во покажувањето почит еден кон друг.

Секако дека членовите на семејството имаат посебна одговорност кон своите родители, како и кон своите баби и дедовци. Луѓето нашле начини да му помогнат на Осамениот Чемпрес да опстане, а и понатаму продолжуваат да се грижат за неговото преживување. Се разбира, и ние треба да бараме начини да им помогнеме на нашите остарени родители, баби и дедовци да го зачуваат своето достоинство. На пример, ако внимателно ги слушаме кога ни зборуваат, нема да инсистираме да ги правиме работите по наше без да покажеме обѕир кон нивните чувства (Изр. 23:22; 1. Тим. 5:4).

Остарените лица се многу скапоцени во очите на Јехова. Тој не ги остава (Пс. 71:18). Вистинскиот Бог ги зајакнува за да продолжат верно да му служат. Да продолжиме и ние да им помагаме и да ги почитуваме остарените.

[Слики на страница 7]

Како што на Осамениот Чемпрес му треба поткрепа, така и кон остарените треба да постапуваме со достоинство и со почит

[Извор на слика]

American Spirit Images/age fotostock