Единство — обележје на вистинската религија
Единство — обележје на вистинската религија
„Ќе ги обединам како овци во трло“ (МИХ. 2:12)
1. Кои докази за Божјата мудрост постојат во творештвото?
ЕДЕН псалмист со восхит изјавил: „Колку се многубројни твоите дела, Јехова! Сите мудро си ги направил, полна е земјата со твоите творби“ (Пс. 104:24). Божјата мудрост може да се види во меѓусебната зависност на милионите видови растенија, инсекти, животни и бактерии кои го сочинуваат неверојатно сложениот жив свет на Земјата. Освен тоа, и во твоето тело, илјадници најразлични механизми — од големите органи до ситните молекуларни клеточни машини — меѓусебно соработуваат за да функционираш и да останеш здрав.
2. Како што се гледа на 13. страница, зошто единството меѓу христијаните сигурно изгледало како вистинско чудо?
2 Јехова ги создал луѓето да бидат зависни едни од други. Човечкиот род се состои од поединци со најразличен изглед, карактер и способности. Освен тоа, Бог ги обдарил првите луѓе со особини слични на Неговите за да можат меѓусебно да соработуваат и да зависат еден од друг (1. Мој. 1:27; 2:18). Меѓутоа, општо земено, човештвото е отуѓено од Бог, и никогаш не можело да дејствува обединето (1. Јов. 5:19). Затоа, единството на христијанското собрание во првиот век сигурно изгледало како вистинско чудо ако имаме на ум дека било составено од најразлични луѓе — ефешки робови, угледни Гркинки, образовани Евреи и поранешни идолопоклоници (Дела 13:1; 17:4; 1. Сол. 1:9; 1. Тим. 6:1).
3. Како Библијата го опишува единството меѓу христијаните, и што ќе разгледаме во оваа статија?
3 Вистинската религија им помага на луѓето да соработуваат складно, исто како што соработуваат деловите од нашето сопствено тело. (Прочитај 1. Коринќаните 12:12, 13.) Во оваа статија ќе ги разгледаме следниве прашања: Како вистинската религија ги обединува луѓето? Зошто само Јехова може да обедини милиони луѓе од сите народи? Кои пречки за единството ни помага да ги надминеме? И, во поглед на единството, како се разликува вистинското христијанство од христијанскиот свет?
Како вистинската религија ги обединува луѓето?
4. Како вистинската религија ги обединува луѓето?
4 Луѓето што ѝ припаѓаат на вистинската религија признаваат дека Јехова создал сѐ и затоа има право да владее како Севишен Господар на вселената (Отк. 4:11). Затоа, иако живеат во разни општества и под различни околности, вистинските христијани им се послушни на истите Божји закони и живеат според истите библиски начела. Сите вистински Божји слуги со право му се обраќаат на Јехова со „Татко“ (Иса. 64:8; Мат. 6:9). Затоа, сите тие се духовни браќа и можат да се радуваат на прекрасното единство за кое зборувал псалмистот, кога рекол: „Гледај, колку е добро и колку е мило кога браќата живеат заедно во единство!“ (Пс. 133:1).
5. Која особина придонесува за единството што постои меѓу вистинските христијани?
5 Иако се несовршени, вистинските христијани му служат обединето на Бог затоа што научиле да се сакаат еден со друг. Јехова ги поучува да се сакаат како што не може да ги поучи никој друг. (Прочитај 1. Јованово 4:7, 8.) Неговата Реч вели: „Облечете се во најдлабока сомилост, љубезност, понизност, благост и долготрпеливост. Поднесувајте се еден со друг и спремно простувајте си еден на друг, ако некој има жалба против некого. Како што Јехова спремно ви прости вам, така правете и вие. Освен тоа, облечете се во љубов, зашто таа совршено ве поврзува“ (Кол. 3:12-14). Љубовта која совршено поврзува е главната особина по која се препознаваат вистинските христијани. Зарем не си увидел од лично искуство дека ова единство е истакнато обележје на вистинската религија? (Јован 13:35).
6. Како надежта за Царството придонесува за нашето единство?
6 Слугите на вистинскиот Бог се обединети и затоа што се уверени дека Божјето Царство е единствената надеж за човештвото. Тие знаат дека ова Царство наскоро ќе ги замени човечките влади и дека ќе им донесе вистински и траен мир на послушните луѓе (Иса. 11:4-9; Дан. 2:44). Затоа христијаните се држат за она што Исус го кажал во врска со своите следбеници: „Тие не се дел од светот, како што и јас не сум дел од светот“ (Јован 17:16). Вистинските христијани не застануваат на ничија страна во судирите во светот и затоа се обединети дури и кога другите околу нив војуваат.
Еден ист извор на духовни поуки
7, 8. На кој начин библиските поуки придонесуваат за нашето единство?
7 Христијаните во првиот век биле обединети затоа што сите добивале духовни поуки од ист извор. Тие признавале дека Исус го поучува и го води собранието преку едно водечко тело, кое го сочинувале апостолите и старешините во Ерусалим. Овие верни луѓе донесувале одлуки на темел на Божјата Реч и преку патувачките надгледници ги доставувале упатствата до собранијата кои се наоѓале во многу земји. Во врска со некои од тие надгледници, Библијата вели: „Додека минуваа низ градовите, им ги предаваа на тамошните браќа одредбите што ги донесоа апостолите и старешините во Ерусалим, за да се придржуваат кон нив“ (Дела 15:6, 19-22; 16:4).
8 Слично е и денес. Едно Водечко тело, кое го сочинуваат христијани помазани со дух, придонесува за единството на меѓународното собрание. Водечкото тело печати публикации со духовно изградувачки информации на многу јазици. Оваа духовна храна се темели на Божјата Реч. Затоа може да се каже дека она за што поучуваат не е од човек туку од Јехова (Иса. 54:13).
9. Како делото што ни го дал Бог придонесува да бидеме обединети?
9 Христијанските надгледници придонесуваат за единството и така што предводат во проповедањето. Блиската врска што постои меѓу оние што соработуваат во Божјата служба е многу поцврста од врската што постои меѓу луѓето во светот, кои едноставно се дружат едни со други. Целта на христијанското собрание не е само да се дружиме меѓу себе, туку да го славиме Јехова и да завршиме едно дело Рим. 1:11, 12; 1. Сол. 5:11; Евр. 10:24, 25). Затоа, во врска со христијаните, апостол Павле очекувал да чуе дека се ‚непоколебливи во еден дух и дека еднодушно заеднички се борат за верата на добрата вест‘ (Фил. 1:27).
— да ја проповедаме добрата вест, да ги поучуваме другите и да го изградуваме собранието (10. Наведи некои начини на кои сме обединети како Божји народ.
10 Значи, како народ на Јехова, ние сме обединети затоа што го прифаќаме Него како Севишен Владетел, ги сакаме браќата, ја полагаме нашата надеж во Божјето Царство и ги почитуваме оние што Бог ги користи да нѐ предводат. Освен тоа, Јехова ни помага да искорениме некои ставови кои ги имаме како несовршени луѓе и кои, во спротивно, би можеле да го нарушат нашето единство (Рим. 12:2).
Да ја победиме гордоста и љубомората
11. Зошто гордоста ги разделува луѓето, и како Јехова ни помага да ја победиме?
11 Гордоста ги разделува луѓето. Горделивиот човек ги гледа другите од високо и има обичај да се фали бидејќи тоа му причинува себично задоволство. Но, ова честопати е пречка за единството бидејќи оние што ги слушаат таквите фалби можат да станат љубоморни. Ученикот Јаков отворено ни кажува: „Секоја таква гордост е зла“ (Јак. 4:16). Оној што ги гледа другите од високо не покажува љубов. Спротивно на тоа, Јехова е извонреден пример за понизност затоа што си има работа со несовршени луѓе како нас. Давид напишал: „Твојата понизност [Боже] ме прави голем“ (2. Сам. 22:36). Божјата Реч ни помага да ја победиме гордоста така што нѐ учи исправно да размислуваме. Под дејство на светиот дух, Павле напишал: „Кој ти дава предност тебе во однос на некој друг? И што е тоа што го имаш, а не си го примил? А ако си го примил, зошто се фалиш како да не си го примил?“ (1. Кор. 4:7).
12, 13. а) Зошто е лесно некој да стане љубоморен? б) Каков ќе биде резултатот ако гледаме на другите како Јехова?
12 Љубомората е друга вообичаена пречка за единството. Поради наследеното несовршенство, кај сите нас понекогаш се јавува „духот на завист“ (Јак. 4:5). Всушност, дури и некој што долго време е христијанин може одвреме-навреме да биде љубоморен на нечии околности, поседи, одговорности или способности. На пример, еден брат што има семејство може да биде љубоморен на благословите што ги има некој полновремен слуга, без да биде свесен дека тој полновремен слуга можеби по малку му љубомори нему затоа што тој, пак, има деца и семејство. Како би можеле да спречиме ваквата љубомора да ни го наруши единството?
13 За да не станеме жртви на љубомората, да се потсетиме дека Библијата ги споредува помазаните членови на христијанското собрание со деловите на човечкото тело. (Прочитај 1. Коринќаните 12:14-18.) На пример, иако окото може секој да го види, а срцето не, зарем не ти се важни и двете? Слично на тоа, за Јехова се важни сите членови на собранието иако некои во одредено време можеби повеќе се истакнуваат од другите. Затоа, да гледаме на нашите браќа како што гледа Јехова. Наместо да им љубомориме, да покажеме дека сме заинтересирани за нив. Така ќе придонесеме да биде уште поочигледна разликата меѓу вистинските христијани и членовите на црквите во христијанскиот свет.
Разединетост — обележје на христијанскиот свет
14, 15. Како отпадничкото христијанство се разединило?
14 Единството што владее меѓу вистинските христијани е во чиста спротивност со поделбите што ги тресат црквите на христијанскиот свет. До четвртиот век од н.е., отпадничкото христијанство толку се раширило што дури и еден пагански император на Рим го прифатил и ја презел власта над него, удирајќи ги на тој начин темелите на христијанскиот свет. Потоа, во последователни расколи, од Рим настанале повеќе царства кои си основале сопствени државни цркви.
15 Многу од тие царства со векови војувале едни против други. Во 17 и 18 век, кога Британија, Франција и САД почнале да ставаат акцент на верноста кон државата, и национализмот станал еден вид религија. Во 19 и 20 век, тој завладеал со размислувањето на поголемиот дел од човештвото. На крајот, црквите на христијанскиот свет се поделиле на бројни секти, а за повеќето од нив национализмот е прифатлив концепт. Членовите на црквите дури оделе и во војни против своите соверници од друга земја. Денес, христијанскиот свет го разединуваат и секташки верувања и национализам.
16. Во однос на кои прашања е поделен христијанскиот свет?
16 Во 20 век, некои од стотиците секти на христијанскиот свет основале меѓуверско движење со цел да постигнат некакво единство. Но, по сите напори кои повеќе децении се правеле на ова поле, само неколку цркви се обединиле, а верниците сѐ уште се поделени по прашања како што се еволуцијата, абортусот, хомосексуалноста и дали можат жени да вршат богослужба. Во некои религии кои тврдат дека се христијански, црковните водачи се обидуваат да ги обединат членовите на различни секти така што ги прикажуваат како неважни учењата кои порано предизвикувале поделби меѓу нив. Сепак, со тоа само ја ослабуваат верата на членовите на своите цркви и во никој случај не придонесуваат да се обедини расцепканиот христијански свет.
Вистинската религија го надминала национализмот
17. Како било проречено дека „во последните денови“ обожавањето на вистинскиот Бог ќе ги обедини луѓето?
17 Иако човештвото денес е разединето повеќе од кога и да било порано, единството и понатаму е главно обележје на слугите на вистинскиот Бог. Во врска со нив, пророкот Михеј претскажал: „Ќе ги обединам како овци во трло“ (Мих. 2:12). Тој прорекол дека обожавањето на вистинскиот Бог ќе се возвиши над секое друго обожавање, сеедно дали на лажни богови или на државата како бог, кога напишал: „Во последните денови, гората на Јеховиниот дом ќе стои цврсто над планинските врвови и ќе се возвишува над ридовите, и народи ќе се слеваат кон неа. Зашто, сите народи ќе одат, секој во името на својот бог, а ние ќе одиме во името на Јехова, нашиот Бог“ (Мих. 4:1, 5).
18. Какви промени сме направиле затоа што му служиме на вистинскиот Бог?
Мих. 4:2, 3). Оние што престануваат да им служат на боговите направени од луѓе или да ја идолизираат државата за да му служат на Јехова се обединети во едно меѓународно братство. Тие се сакаат затоа што Бог ги поучува за своите патишта.
18 Михеј исто така опишал како вистинската религија ќе обедини и лица што пред тоа биле непријатели. Тој рекол: „[Луѓе од] многу народи ќе одат и ќе велат: ‚Дојдете! Да појдеме на Јеховината гора, во домот на Богот Јаковов! Тој ќе нѐ поучува за своите патишта, и ќе одиме по неговите патеки‘... Тие ќе ги прековаат своите мечеви во плугови и своите копја во српови. Народ против народ повеќе нема да крева меч и повеќе нема да се учат да војуваат“ (19. За што е јасен доказ тоа што милиони луѓе обединето му служат на вистинскиот Бог?
19 Денешното меѓународно единство на вистинските христијани е нешто посебно и претставува јасен доказ дека Јехова и понатаму го води својот народ преку својот дух. Луѓе од сите народи се обединуваат како никогаш порано во човечката историја. Ова претставува впечатливо исполнување на зборовите од Откровение 7:9, 14, и покажува дека Божјите ангели наскоро ќе ги пуштат ‚ветровите‘ кои ќе го уништат сегашниов зол свет. (Прочитај Откровение 7:1-4, 9, 10, 14.) Зарем не е огромна чест да му служиме обединето на Бог како дел од едно меѓународно братство? Како може секој од нас да придонесе за тоа единство? Ова ќе го разгледаме во следната статија.
Како би одговорил?
• Како вистинската религија ги обединува луѓето?
• Како можеме да спречиме љубомората да го наруши нашето единство?
• Зошто национализмот не ги разединува слугите на вистинскиот Бог?
[Прашања]
[Слика на страница 13]
Христијаните во првиот век потекнувале од различни средини
[Слика на страница 15]
Како тоа што помагаш околу Салата на Царството придонесува за единството?