Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

„Ми помага да допрам до срцето на луѓето“

„Ми помага да допрам до срцето на луѓето“

„Ми помага да допрам до срцето на луѓето“

ВО ПОРТО АЛЕГРЕ, град на југот на Бразил, пред неколку години се одржа една меѓународна конференција за општествени прашања. Присуствуваа десетици илјади лица од 135 земји. За време на паузите, група Сведоци од едно собрание во Порто Алегре ја искористија можноста да стапат во контакт со десетици делегати и да ја споделат со нив библиската порака за Царството. Како успеаја да се разберат?

„Ја користевме брошурката Добра вест за луѓето од сите народи“, објасни Елизабета, која служи како пионер. Потоа додаде: „Многу од делегатите никогаш немаа слушнато за добрата вест за Царството, но реагираа поволно на нашата порака. Разговаравме со луѓе од Боливија, Израел, Индија, Кина, Нигерија и Франција. На некои делегати можевме да им понудиме библиска литература на нивниот јазик, а тие со задоволство ја земаа“.

Во Мексико, еден пионер кој се вика Раул исто така успешно ја користи оваа брошурка. Пред извесно време, тој му пристапил на еден 80-годишен Арап на кој неодамна му починала жената. Човекот се расплакал од радост откако во брошурката ја прочитал пораката за Царството на арапски. Зошто? Бил длабоко трогнат кога го прочитал на својот мајчин јазик Божјето ветување дадено во Откровение 21:3, 4 дека наскоро луѓето нема да умираат. Во една друга прилика, додека сведочел неформално, Раул наишол на човек што зборувал португалски. И тој човек доживеал тешка загуба — му починал синот. Раул му дал да ја прочита пораката од брошурката на португалски. Откако ја прочитал, човекот покажал дека сака да дознае повеќе за Библијата и изразил желба да ја проучува.

Раул ја користел брошурката Добра вест за луѓето од сите народи за да им сведочи на лица кои зборуваат англиски, германски, ерменски, запотек, кинески, корејски, михе, персиски, руски, француски и хинди. Тој вели: „Увидов колку е важно да ја користам оваа брошурка во службата. Ми помага да допрам до срцето на луѓето иако не го зборувам нивниот јазик“.

Бидејќи сѐ повеќе луѓе патуваат и живеат во странство, има поголеми шанси да наидеме на некој што зборува друг јазик. Ќе можеме да ја споделиме пораката за Царството со таквите лица ако ја користиме брошурката Добра вест за луѓето од сите народи. Дали ја носиш со себе?

[Слики на страница 32]

Раул ја користи брошурката што му помага да го допре срцето на луѓето