Јехова го слуша повикот на потиштените
Јехова го слуша повикот на потиштените
СОЛОМОН, мудриот цар на древниот Израел, напишал дека „времето и непредвидените настани го снаоѓаат секого“ од нас (Проп. 9:11). Некоја трагедија или тешка неволја може сосема да нѐ извади од колосек. На пример, ненадејната смрт на некој наш близок може емотивно да нѐ скрши. Во седмиците и месеците што следат по една таква загуба, може да нѐ преплават силни чувства на тага и очај. Човек може да се чувствува толку изгубено што дури ќе си мисли дека е недостоен да му се моли на Јехова.
На таквиот му е потребно охрабрување, грижа и љубов. Утешни се зборовите на псалмистот Давид, кој пеел: „Јехова ги придржува сите што паѓаат и ги исправа сите што се наведнати“ (Пс. 145:14). Библијата ни кажува дека „Јехова ја пребарува со своите очи целата земја за да ја покаже својата сила штитејќи ги оние што му се оддадени со цело срце“ (2. Лет. 16:9). Тој е ‚со оние што имаат скршен и понизен дух, за да го оживее духот на понизните, да го оживее срцето на скршените‘ (Иса. 57:15). Како Јехова им дава помош и утеха на оние што се потиштени и со скршен дух?
„Збор кажан во право време“
Еден начин на кој Јехова дава помош во право време е преку христијанското братство. Христијаните се советувани ‚да ги тешат потиштените души‘ (1. Сол. 5:14). Грижливите зборови што со љубов ќе ги каже некој сочувствителен соверник можат да му влеат сила на оној што е во неволја и жалост. Дури и да се кажани во еден сосем краток разговор, утешните зборови имаат голема моќ да охрабрат некоја потиштена душа. Таквите обѕирни зборови можат да дојдат од лице што доживеало слична душевна болка или, пак, од некој пријател што поминал многу во животот. Јехова навистина може да ги зајакне потиштените преку нашите грижливи браќа и сестри.
Размисли за она што му се случило на Алекс, еден христијански старешина, набргу откако стапил во брак. Неговата сопруга ненадејно починала од неизлечлива болест. Со желба да го утеши, еден сочувствителен патувачки надгледник решил да зборува со него. И нему му починала жената, но во меѓувреме се преженил. Тој му раскажал на Алекс како му било кога и самиот минувал низ истата болна ситуација. Се чувствувал добро кога одел со другите во служба и на собраниските состаноци, но кога ќе се врател дома и ќе останел сам меѓу четири ѕида, се чувствувал многу осамен. Алекс вели: Изр. 15:23).
„Навистина ми олесни кога сфатив дека чувствата со кои се борев се нормални и дека и некој друг поминувал низ истото“. „Збор кажан во право време“ кога некој е во неволја може да донесе вистинска утеха (Еден друг христијански старешина, кој познавал неколкумина на кои им починал брачниот другар, исто така сакал да сподели неколку охрабрувачки зборови со Алекс. Сочувствително и со љубов, тој го потсетил дека Јехова знае како се чувствуваме и што ни е потребно. „Ако во следните месеци или години почувствуваш дека ти треба сопатник во животот, имај на ум дека Јехова ги разбира вдовците и вдовиците и им дозволува повторно да стапат во брак“, му рекол овој брат. Се разбира, околностите не им дозволуваат на сите што изгубиле брачен другар и имаат желба да се премажат или преженат, да го сторат тоа. Но, откако размислил за зборовите на овој брат, Алекс вели: „Кога си свесен дека самиот Јехова ни ја дава оваа можност, тоа ти помага да не се чувствуваш виновен и да не мислиш дека — ако во иднина решиш повторно да стапиш во брак — ќе му бидеш неверен на брачниот другар што си го изгубил или на брачната заедница што ја воспоставил Бог“ (1. Кор. 7:8, 9, 39).
Псалмистот Давид, кој лично доживеал многу неволји и тешкотии, ја дал следнава изјава: „Очите на Јехова ги гледаат праведниците и ушите негови го слушаат нивниот повик за помош“ (Пс. 34:15). Во право време, Јехова сигурно ќе одговори на повикот на потиштените преку мудрите и длабоки зборови на сочувствителните и зрели сохристијани. Овој извор на охрабрување и практични совети е навистина скапоцен.
Помош на христијанските состаноци
Кога некој е обесхрабрен, негативните мисли лесно би можеле да го наведат да се повлече од другите. Но, Изреки 18:1 го содржи следново предупредување: „Оној што се изолира, оди по своите себични желби, се спротивставува на секоја мудрост“. Алекс признал: „Кога ќе го изгубиш брачниот другар, во умот ти надоаѓа порој од негативни мисли“. Тој си спомнува дека се прашувал: „,Можев ли да постапам поинаку? Требаше ли да покажам поголем обѕир и разбирање?‘ Не сакав да бидам сам. Не сакав да бидам самец. Тешко е да престанеш да размислуваш на ваков начин кога секој нов ден нешто ќе те потсети дека навистина си сам“.
На потиштениот му е потребно изградувачко дружење повеќе од кога и да е порано. Ова може да го добие на собраниските состаноци. Освен тоа таму ги примаме и Божјите позитивни и изградувачки мисли.
Христијанските состаноци ни помагаат да гледаме урамнотежено на нашата ситуација. Додека слушаме и размислуваме за различни библиски стихови ги насочуваме нашите мисли на она што е навистина најважно — да се оправда Јеховиното право да владее и да се посвети неговото име — а не само на нашето лично страдање. Освен тоа кога учиме за Јехова на состаноците зајакнати сме затоа што знаеме дека Тој нѐ разбира дури и ако другите не се свесни низ каква неволја минуваме или не разбираат како се чувствуваме. Тој знае дека „болката во срцето го крши духот“ (Изр. 15:13). Вистинскиот Бог сака да ни помогне и тоа ни дава поттик и сила да продолжиме (Пс. 27:14).
Кога непријателите силно го притиснале цар Давид повикал кон Бог: „Духот мој премале во мене срцето ми замре во утробата“ (Пс. 143:4). Тешкотиите честопати можат да нѐ исцрпат физички и емотивно. Дури и срцето може да ни замре односно да се чувствуваме затапено. Ако нѐ измачува некоја болест или се бориме со долготраен физички хендикеп или изнемоштеност, можеме да бидеме уверени дека Јехова ќе ни помогне да издржиме (Пс. 41:1-3). Иако денес Бог не лекува со чудо сепак му ги дава на оној што страда мудроста и силата потребни за да се справи со својата ситуација. Имај на ум дека кога бил притиснат од неволји Давид размислувал за Јехова. Тој пеел: „Се сеќавам на дамнешните дни размислувам за сите твои дела се интересирам за делото на твоите раце“ (Пс. 143:5).
Тоа што се погрижил овие изјави да бидат запишани во неговата Реч покажува дека Јехова разбира како се чувствуваме. Тие зборови се гаранција дека тој ги слуша нашите молби. Ако ја прифатиме помошта од него тој ќе нѐ поткрепи‘ (Пс. 55:22).
„Молете се непрестајно“
Во Јаков 4:8 пишува: „Приближете му се на Бог и тој ќе ви се приближи вам!“ Молитвата е еден начин да се зближиме со Бог. Апостол Павле нѐ поттикнува да се молиме непрестајно‘ (1. Сол. 5:17). Дури и да ни е тешко да најдеме зборови за да му ги кажеме своите чувства „самиот дух се зазема за нас кога во молитва не можеме ни да ги искажеме своите воздишки“ (Рим. 8:26, 27). Јехова сигурно разбира како се чувствуваме.
Моника која стекнала таква блискост со Бог вели: „Молитвата како и личното читање и проучување на Библијата ми помага да го чувствувам Јехова како најблизок Пријател. Тој ми стана толку реален што постојано ја гледам неговата рака во мојот живот. Утешно е што знам дека дури и кога не можам да објаснам како се чувствувам тој ме разбира. Уверена сум дека неговата љубезност и неговите благослови се бескрајни“.
Затоа да ги прифатиме сочувствителните и утешни зборови на сохристијаните да ги применуваме љубезните совети и охрабрувачките потсетувања што ги слушаме на христијанските состаноци и да му го излеваме срцето на Јехова во молитва. Со сите овие работи што ни ги дава во право време Јехова покажува дека нѐ сака и се грижи за нас. Од лично искуство Алекс вели: „Ако правиме сѐ што можеме за да бидеме во тек со сето она што ни го дава Јехова Бог за да останеме духовно јаки ќе имаме сила која ја надминува нормалната‘ за да го издржиме секој испит со кој можеби ќе се соочиме“ (2. Кор. 4:7).
[Рамка/слика на страница 17]
Утеха за потиштените
Во псалмите има многу стихови во кои се изразени длабоки човечки чувства. Но, во нив и секогаш одново се повторува ветувањето дека Јехова навистина го слуша повикот на потиштените кои се притиснати од тешка душевна болка. Еве неколку примери:
„Во својата неволја го повикував Јехова, го викав својот Бог за помош. Тој го слушна мојот глас од својот храм, и мојот вик сега дојде до неговите уши“ (Пс. 18:6).
„Јехова е близу до оние што се скршени во срцето и ги спасува оние со скршен дух“ (Пс. 34:18).
„[Јехова] ги лекува оние со скршено срце и им ги преврзува раните“ (Пс. 147:3).
[Слика на страница 17]
„Збор кажан во право време“ кога некој е во неволја може да донесе вистинска утеха!