Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

‚Неговите дела одат по него‘

‚Неговите дела одат по него‘

‚Неговите дела одат по него‘

ТЕОДОР ЏЕРЕС, член на Водечкото тело на Јеховините сведоци, го заврши својот земен живот во среда наутро, на 9 јуни 2010 год. Имаше 84 години. Од неговото семејство уште се живи неговата сопруга Мелита Џерес со која беше во брак 53 години, неговата сестра, неговиот внук и двете внуки.

Брат Џерес е роден на 28 септември 1925 год. во Пајк Каунти (Кентаки, САД). Се крсти на 10 август 1941 год. кога имаше 15 години. Две години подоцна, на 17 години, почна да служи како општ пионер, со што ја започна својата долгогодишна полновремена служба. Во неа помина речиси 67 години.

Во 1946 год., на 20-годишна возраст, брат Џерес беше повикан во седмиот клас на Школата Гилеад. По дипломирањето, брат Џерес доби задача да служи како патувачки надгледник во Кливленд (Охајо, САД). Потоа, во 1951 год., беше испратен во подружницата во Австралија, каде што служеше како слуга на подружницата. Во Годишникот на Јеховините сведоци за 1983 пишува дека брат Џерес „многу ги охрабрил браќата во цела Австралија со својата ревност за теократскиот ред и со начинот на кој предводел во проповедањето“.

Откако се врати во Соединетите Држави, на 10 декември 1956 год. брат Џерес се ожени со сестра Мелита Ласко. Вредно служеа во патувачкото дело во разни покраини и области што опфаќаа голем дел од САД. Кон крајот на 1974 год., брат Џерес беше повикан да служи како член на Водечкото тело на Јеховините сведоци.

Брат Џерес ќе го памтиме како целосно оддаден и лојален слуга на Јехова кој со сето срце беше посветен на теократските активности. Тој беше грижлив сопруг и духовен човек кој секогаш го ставаше доброто на другите пред своето (1. Кор. 13:4, 5). Неговата грижа за другите се гледаше од тоа што настојуваше со сите да се постапува праведно и милостиво. Освен тоа, неговата неисцрпна љубов и грижа за луѓето беа очигледни и од ревноста со која проповедаше.

Иако многу нѐ ожалостува загубата на овој сакан, вреден член на бетелското семејство и на нашето меѓународно братство, се радуваме што брат Џерес лојално му служеше на Јехова со децении. Со сигурност можеме да кажеме дека ‚беше верен до смрт и е награден со живот‘ (Отк. 2:10). Уверени сме и дека ‚неговите дела одат по него‘ (Отк. 14:13).