Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Никогаш не е предоцна да му се служи на Бог

Никогаш не е предоцна да му се служи на Бог

Никогаш не е предоцна да му се служи на Бог

Во Малага, јужна Шпанија, една мајка и ќерка кои имаат исто име — Ана — се крстиле на 19 декември 2009 год. Таа година во Шпанија се крстиле вкупно 2.352 лица. Но, овие две жени се разликувале во нешто од другите — мајката имала 107, а ќерката 83 години!

Што ги поттикнало да се крстат како Јеховини сведоци? Во почетокот на 1970-тите, една сосетка редовно ја канела ќерката Ана на Собраниското проучување на книга што се одржувало во нејзиниот дом. Ана доаѓала одвреме-навреме, но поради световната работа, не направила ништо повеќе.

Десетина години подоцна, некои од децата на Ана почнале да ја проучуваат Библијата и со текот на времето станале слуги на Јехова. Една од нив, Мари Кармен, конечно успеала да ја разгори кај мајка си љубовта што таа порано ја чувствувала кон библиската вистина и ја поттикнала да почне да ја проучува Библијата. Потоа се заинтересирала и баба ѝ на Мари Кармен, постарата Ана. На крајот, десет членови на ова семејство се крстиле.

На денот кога се крстиле, и едната и другата Ана зрачеле од радост. „Јехова беше многу добар со мене и ми дозволи да го запознаам“, рекла 107-годишната Ана. А ќерката додала: „Пред да дојде рајот, сакам со цела душа да му служам на Јехова, да ја вршам неговата волја и да ја проповедам добрата вест“.

Состаноците им причинуваат посебна радост на овие две вдовици. „Не пропуштаат состанок“, рекол еден старешина од нивното собрание. „Секогаш се спремни да коментираат кога се проучува Стражарска кула.“

Нивниот пример на верност нѐ потсетува на вдовицата Ана, за која Библијата вели дека ‚никогаш не изостанувала од храмот, туку ден и ноќ му служела на Бог со пости и со сесрдни молитви‘. Поради оваа добра навика, таа имала чест да го види малиот Исус (Лука 2:36-38). На 84 години, оваа вдовица не била престара за да му служи на Јехова, а истото важи и за двете жени од Шпанија.

Имаш ли роднини кои би сакале да ја слушнат пораката од Библијата? Си сретнал ли некое постаро лице кое заинтересирано те слуша кога доаѓаш кај него? И тие би можеле еден ден да му станат слуги на Јехова — како што било случај со мајката и ќерката од Шпанија — бидејќи никогаш не е предоцна да му се служи на вистинскиот Бог.

[Истакната мисла на страница 25]

„Јехова беше многу добар со мене“

[Истакната мисла на страница 25]

‚Пред да дојде рајот, сакам да му служам на Јехова‘