Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Се сеќаваш ли?

Се сеќаваш ли?

Се сеќаваш ли?

Уживаше ли во читањето на последните неколку броеви од Стражарска кула? Види дали можеш да одговориш на следниве прашања:

• Кое движење посебно го нагласувало верувањето во предодреденост, и во кои цркви ова учење постои до ден-денес?

Верувањето во предодреденост е едно од главните обележја на калвинизмот. Учењата на реформаторот Жан Калвин цветаат во некои протестантски цркви, како што се Реформистичката, Презвитеријанската, Конгрешанската и Пуританската (1/9, страници 18-21).

• Каде нашол Каин жена?

Жената на Каин била потомок на Ева, која родила „синови и ќерки“ (1. Мој. 5:4; 1/9, страница 25).

• Кој ангел го испратил Бог пред Израелците кога ги извел од Египет? (2. Мој. 23:20, 21).

Разумно е да заклучиме дека ангелот кој ‚го носел Јеховиното име‘ бил Божјиот првороден Син, кој подоцна се родил како Исус (15/9, страница 21).

• Зошто во 1. Коринќаните се зборува за месо што било жртвувано на идоли?

Во грчките и во римските храмови биле жртвувани животни, но за време на ваквите обреди не се јадело сето месо од тие животни. Вишокот завршувал на пазарите. Иако христијаните не учествувале во пагански ритуали, не морале да го сметаат за нечисто таквото месо што се продавало на пазарите. Апостол Павле напишал: „Јадете од сето месо што се продава на пазарот и ништо не испитувајте поради совеста. Зашто, ‚на Јехова му припаѓа земјата и сѐ што е на неа‘“ (1. Кор. 10:25, 26; 1/10, страница 12).

• Кои изговори Бог не ги прифаќа кога станува збор за службата?

‚Тоа е претешко за мене. Не сакам да проповедам. Немам време. Не ме бива за проповедање. Тој-и-тој ме повреди.‘ Јехова не ги прифаќа овие изговори кои би можеле да ги наведуваме за да не ги вршиме неговите заповеди (15/10, страници 12-15).

• Што можеш да направиш за состаноците да бидат изградувачки за тебе и за другите?

Подготви се дома. Присуствувај редовно. Дојди навреме. Носи со себе сѐ што ти е потребно. Не дозволувај нешто да ти го одвлекува вниманието. Учествувај. Давај кратки коментари. Извршувај ги своите задачи. Пофали ги оние што имале учество на состанокот. Дружи се пред и по состаноците (15/10, страница 22).

• Во кој библиски извештај, каде што е спомнато едно девојче, се спомнува и лепрата, која денес се нарекува Хансенова болест?

Во 2. Цареви 5. поглавје читаме за една мала Израелка, која била слугинка во домот на еден заповедник на сириската војска кој се викал Нааман. Бидејќи бил лепрозен, таа рекла дека ако отиде кај пророкот Елисеј, би можел да биде излекуван (1/11, страница 22).

• Што учиме од тоа што Арон попуштил под притисокот од другите?

Додека Мојсеј бил отсутен, Израелците го терале Арон да им направи бог. Тој попуштил и направил како што барале. Ова покажува дека со притисок од другите не се соочуваат само младите туку и постарите кои сакаат да постапуваат исправно. Мора да се спротивставиме на негативниот притисок од другите (15/11, страница 8).

• Кои од следниве работи се факти, а кои се заблуди?

Сатана навистина постои — факт (2. Кор. 11:14). Кога ќе умрат, сите луѓе преминуваат во духовниот свет — заблуда (Проп. 9:5). Верните ангели се грижат за нас — факт (Пс. 34:7). Исус е еднаков со Бог — заблуда (1. Кор. 11:3; 1/12, страници 8-9).