Дали си влегол во Божјата починка?
Дали си влегол во Божјата починка?
„Речта Божја е жива и делотворна“ (ЕВР. 4:12)
1. Како можеме да влеземе во Божјата починка денес, но зошто тоа не е секогаш лесно?
ВО ПРЕТХОДНАТА статија, видовме дека можеме да влеземе во Божјата починка ако сме му послушни и ако постапуваме во склад со неговата намера. Но, тоа не е секогаш лесно. На пример, кога ќе дознаеме дека Јехова не одобрува нешто кое ние сакаме да го правиме, можеби ни е тешко веднаш да го послушаме. Ако ова е случај со нас, треба да научиме да бидеме ‚спремни да послушаме‘ (Јак. 3:17). Во оваа статија ќе разгледаме неколку ситуации во кои можеме да покажеме дека навистина сме спремни да послушаме од срце, односно да постапуваме во склад со Божјата намера.
2, 3. Што треба и понатаму да правиме за да останеме скапоцени во Јеховини очи?
2 Дали си спремен да послушаш кога ќе сфатиш дека треба да примениш некој библиски совет? Библијата вели дека Божја волја е да ги собере кај себе „скапоценостите од сите народи“ (Агеј 2:7). Се разбира, повеќето од нас не биле толку „скапоцени“ кога првпат ја дознале вистината. Меѓутоа, љубовта кон Бог и кон неговиот мил Син нѐ поттикнала од корен да ги смениме нашите гледишта и навики за во потполност да му угодиме на Бог. На крајот, откако многу сме се молеле и сме се труделе да се промениме, дошол долгоочекуваниот ден кога сме се крстиле. (Прочитај Колошаните 1:9, 10.)
3 Но, нашата битка со несовршеноста не завршила со крштавањето. Таа продолжува и ќе трае сѐ додека сме несовршени. Сепак, Јехова ни ветува дека ќе ни помага ако и понатаму даваме сѐ од себе за да бидеме што поскапоцени во негови очи.
Кога ни е потребен совет
4. На кои три начини би можеле да добиеме библиски совет?
4 Пред да почнеме да работиме на своите слабости, прво мора да бидеме свесни за нив. Можеби додека слушаме говор во Салата на Царството или читаме статија во нашите публикации ќе сфатиме дека имаме погрешен став за некоја работа или дека не правиме нешто како што треба. Ако сепак не разбереме дека треба да направиме промена, Јехова може да употреби некој сохристијанин да ни укаже на нашата слабост. (Прочитај Галатите 6:1.)
5. Наведи некои непожелни начини на кои би можеле да реагираме кога ќе добиеме совет, и објасни зошто старешините мораат да продолжат да ни помагаат.
5 Не е лесно да се прифати совет од друг несовршен човек, сеедно колку тактично и љубезно ќе ни го даде. Сепак, според Галатите 6:1, Јехова им заповеда на старешините да се трудат да ‚нѐ исправат‘ и да го прават тоа „во дух на благост“. Ако го прифатиме нивниот совет, ќе станеме уште поскапоцени во Божји очи. Интересно е што, кога се молиме, честопати отворено му кажуваме на Јехова дека сме несовршени и дека правиме грешки. Но, кога некој старешина ќе ни укаже на конкретна слабост, имаме обичај да се правдаме, да велиме дека тоа не е толку страшно, да му припишуваме погрешни мотиви или, пак, да приговараме на начинот на кој ни го дал советот (2. Цар. 5:11). Особено би можеле лошо да реагираме ако нѐ советува за работи кои се од лична природа. На пример, што ако старешината ни каже дека некој од нашето семејство прави нешто погрешно? Како ќе реагираме ако ни укаже дека треба да обрнеме внимание на облеката или личната хигиена или, пак, ни посочи дека Јехова мрази некоја забава која нам ни се допаѓа? Нашата реакција би можела да нѐ изненади и самите нас, а и многу да го разочара оној што нѐ советувал! Но, откако ќе се смириме, обично сфаќаме дека советот бил на место.
6. Како Божјата реч ги разоткрива „мислите и намерите на срцето“?
6 Мотото на оваа статија нѐ потсетува дека речта Божја е делотворна, што значи дека има силно влијание врз луѓето и може да им го промени животот. Исто како што ни помогнала да ги направиме потребните промени пред да се крстиме, таа може да ни помогне да се менуваме и откако сме го направиле тој чекор. Во своето послание до Евреите, Павле напишал и дека речта Божја „продира дури дотаму што ги разделува душата и духот, коските и нивната срцевина, па може да ги процени мислите и намерите на срцето“ (Евр. 4:12). Со други зборови, начинот на кој реагираме кога ќе ни стане јасно која е Божјата намера за нас, ќе открие какви сме длабоко во себе. Дали понекогаш има разлика помеѓу она што сме однадвор („душата“) и она што вистински сме однатре („духот“)? (Прочитај Матеј 23:27, 28.) Размисли како би реагирал ти во следниве ситуации.
Држи чекор со Јеховината организација
7, 8. а) Од која причина некои еврејски христијани веројатно држеле одредени обичаи од Мојсеевиот закон? б) Зошто може да се каже дека не постапувале во склад со Божјата намера?
7 Многумина од нас ги знаат напамет зборовите од Изреки 4:18: „Патеката на праведниците е како блескава светлина, која свети сѐ посилно додека сосема не се раздени“. Ова значи дека со текот на времето сѐ подобро ги разбираме Божјите намери и го усогласуваме нашето однесување со неговите мерила.
8 Како што видовме во претходната статија, по смртта на Исус, на многу еврејски христијани им било тешко да сфатат дека веќе не мора да го држат Мојсеевиот закон (Дела 21:20). Иако Павле им објаснил дека христијаните повеќе не се под Законот, некои сѐ уште не можеле да го прифатат она што Јехова го барал од нив (Кол. 2:13-15). Можеби си мислеле дека, ако држат барем некои од тие закони, нема да бидат прогонувани. Во секој случај, кога им пишал на еврејските христијани, Павле јасно им ставил до знаење дека не можат да влезат во Божјата починка сѐ додека одбиваат да постапуваат во склад со Неговата намера * (Евр. 4:1, 2, 6; прочитај Евреите 4:11). Тие морале да се помират со фактот дека сега Бог ги води во друг правец. Само така можеле да ја стекнат Неговата милост.
9. Каков став треба да имаме кога доаѓа до промени во разбирањето на некое библиско учење?
9 Во денешно време имаше промени во нашето разбирање на некои библиски учења. Ова не треба да нѐ вознемирува. Напротив, треба уште повеќе да ни ја зајакне довербата во верниот и разборит роб. Кога ќе увидат дека разбирањето на некоја вистина треба да биде разјаснето или исправено, претставниците на тој „роб“ не се воздржуваат да ги направат потребните промени. Иако се свесни дека можеби некои ќе приговараат на ова, поважно им е да постапуваат во склад со Божјата намера отколку да ги избегнат можните критики. Како гледаш ти на овие промени во разбирањето на Библијата? Не сакаме да бидеме како фарисеите, на кои повеќе им се допаѓало „старото вино“ отколку учењата на Исус што тој ги споредил со ново вино. (Прочитај Лука 5:39.)
10, 11. Како реагирале некои Истражувачи на Библијата кога се увидело дека треба да проповедаат и на друг начин? Што учиме од овој пример?
10 Да разгледаме уште еден пример. Кон крајот на 19 и почетокот на 20 век, некои Истражувачи на Библијата, кои биле одлични говорници, сметале дека најдобро можат да ја извршат проповедничката задача така што ќе изнесуваат добро подготвени предавања. Тие навистина уживале кога луѓето им се восхитувале и ги фалеле. Но, подоцна станало јасно дека Јехова сака неговите слуги да проповедаат на разни начини, меѓу другото, и од куќа до куќа. Некои од овие говорници не сакале да чујат за такво нешто. Однадвор оставале впечаток на духовни луѓе, кои потполно му се оддадени на Бог. Но, кога станало јасно која е Јеховината намера во врска со проповедањето, се откриле нивните вистински размислувања, цели и мотиви. Како гледал Јехова на нив? Тие не го добиле неговиот благослов. На крајот, ја напуштиле неговата организација (Мат. 10:1-6; Дела 5:42; 20:20).
11 Ова во никој случај не значи дека на оние што останале верни на организацијата им било лесно да проповедаат од куќа до куќа. На мнозина им било тешко, особено во почетокот. Но, сепак биле послушни. Со текот на времето, го совладале стравот, и Јехова богато ги благословил. Како реагираш ти кога добиваме упатства да проповедаме на некој нов начин? Дали си послушен дури и ако тоа не ти е баш лесно?
Кога некој што го сакаме ќе го остави Јехова
12, 13. а) Зошто Јехова заповеда непокајничките грешници да бидат исклучени од собранието? б) Во каква ситуација би можеле да се најдат некои родители, и зошто тоа би било тешко за нив?
12 Сигурно сите се сложуваме дека мора да бидеме телесно, морално и духовно чисти за да му угодиме на Бог. (Прочитај Тит 2:14.) Но, има ситуации во кои може да ни биде многу тешко да се држиме за ова начело. На пример, да речеме дека една брачна двојка која му е верна на Бог има само еден син и тој одлучува да ја напушти вистината. Бидејќи избрал „да ужива во минливите грешни задоволства“, наместо да остане близок со Јехова и со своето семејство, овој млад човек е исклучен (Евр. 11:25).
13 Родителите се скршени од болка! Се разбира, тие знаат што вели Библијата во врска со исклучените. Таа заповеда: „Престанете да се дружите со секој што се нарекува брат, а е блудник, или алчен, или идолопоклоник, или зборува погрдно, или е пијаница, или изнудувач — со таков дури и да не јадете!“ (1. Кор. 5:11, 13). Тие исто така сфаќаат дека зборот „секој“ во овој стих се однесува и на членовите на семејството што не живеат под ист покрив со нив. Но, многу го сакаат својот син! Понесени од ваквите силни чувства, можеби си велат: ‚Како ќе му помогнеме на детето да му се врати на Јехова ако речиси никогаш не зборуваме со него? Зарем нема да му помогнеме повеќе ако редовно контактираме?‘ *
14, 15. Што мора да имаат на ум родителите кога одлучуваат дали ќе разговараат со своето исклучено дете?
14 Ние ги разбираме овие родители и сочувствуваме со нив. Нивниот син имал избор, но сепак решил да продолжи да постапува погрешно, наместо да остане близок со своите родители и своите соверници. Бидејќи тоа е негов личен избор, родителите не можат да сторат ништо. Затоа мнозина од нив навистина се чувствуваат беспомошно.
15 Но, што ќе направат овие родители? Дали ќе го послушаат јасното упатство што го дава Јехова? Точно е дека можеби некогаш навистина ќе треба да разговараат со својот син поради некоја важна семејна работа. Сепак, дали ќе си дозволат често да контактираат со него, под изговор дека е неопходно? Кога размислуваат што да прават, мора да имаат на ум како ќе гледа Јехова на нивната одлука. Тој сака неговата организација да биде чиста и сака, ако е можно, да ги поттикне оние што му згрешиле да се вразумат. Како можат христијанските родители да постапат во склад со Божјата намера во ваков случај?
16, 17. Што учиме ако размислуваме за примерот на Арон?
16 Арон, брат му на Мојсеј, се нашол во тешка ситуација поради тоа што го направиле двајца негови синови. Замисли како мора да се чувствувал кога Надав и Авиуд принеле недозволен оган пред Јехова и Тој ги погубил! Јасно, со нивната смрт се прекинале сите контакти меѓу нив. Но, тоа не било сѐ. Јехова им ја дал следнава заповед на Арон и на неговите верни синови: „Немојте да одите со разбушавена коса и немојте да ги раскинувате своите одежди [во знак на жалост] за да не 3. Мој. 10:1-6). Поуката е јасна. Нашата љубов кон Јехова мора да биде посилна од нашата љубов кон членовите на семејството што му се неверни на Бог.
загинете и [Јехова] да не се разгневи на целата заедница“ (17 Денес Јехова не ги погубува веднаш оние што ги прекршуваат неговите закони. Тој со љубов им дава можност да се покаат за своите грешни постапки. Но, како се чувствува ако родителите не ја слушаат неговата јасна заповед и одлучуваат без вистинска причина да контактираат со својот исклучен син или ќерка?
18, 19. Какви благослови ќе добијат членовите на семејството ако постапуваат во склад со Јеховините упатства во врска со исклучените?
18 Денес, мнозина од оние што порано биле исклучени признаваат дека се вратиле во организацијата благодарение на тоа што нивното семејство и пријателите му биле верни на Јехова и не контактирале со нив. На пример, една млада жена им кажала на старешините дека нешто што ѝ помогнало да си го смени животот бил начинот на кој постапил брат ѝ. Тој верно се држел за Јеховината заповед додека таа била исклучена. Ова ја поттикнало да се врати во собранието.
19 Според тоа, што треба да правиме? Треба да се бориме со нашето грешно срце кое нѐ тера да не ги послушаме библиските совети. Мора да бидеме цврсто уверени дека Бог најдобро знае како да ги решиме нашите проблеми.
„Божјата реч е жива“
20. На кои две работи може да се однесува Евреите 4:12? (Види ја фуснотата.)
20 Кога напишал дека „Божјата реч е жива“, апостол Павле не мислел на Библијата. * Од контекстот се гледа дека зборувал за Божјите ветувања. Тој сакал да каже дека Бог не ги заборава ветувањата што ги дал. Јехова го нагласил ова преку пророкот Исаија: „Мојата реч... нема да се врати кај мене без плод, туку... ќе го изврши она поради кое сум ја испратил“ (Иса. 55:11). Според тоа, не треба да бидеме нестрпливи кога работите не се одвиваат толку брзо колку што би сакале. Може да бидеме уверени дека Јехова сѐ уште работи во склад со својата намера сѐ додека таа не се исполни (Јован 5:17).
21. Како Евреите 4:12 може да ги охрабри постарите лица од „големото мноштво“ да продолжат да му служат на Јехова?
21 Верните постари членови на „големото мноштво“ му служат на Јехова со децении (Отк. 7:9). Мнозина не очекувале дека ќе остарат во овој свет. Сепак, не се обесхрабруваат (Пс. 92:14). Тие знаат дека Божјата реч е жива и дека Јеховините ветувања ќе се исполнат. Уверени се дека тој работи на исполнувањето на својата намера со Земјата и со луѓето. Бидејќи таа намера му е многу важна на Бог, тој се радува кога гледа дека ни е важна и нам. Ништо нема да го спречи да ја исполни својата намера во текот на овој седми ден, односно денот на неговата починка. Освен тоа, Јехова е сигурен дека неговиот народ, како група, ќе продолжи да соработува со него. Како е со тебе? Дали ти лично си влегол во Божјата починка?
[Фусноти]
^ пас. 8 Иако многу еврејски верски водачи се труделе да го држат секој детаљ од Мојсеевиот закон, кога Исус дошол на Земјата, не поверувале дека тој е Месијата. Тие постапувале спротивно на Божјата намера.
^ пас. 13 Види во книгата Зачувај ја Божјата љубов, страници 207-209.
^ пас. 20 Денес, Бог ни зборува преку својата пишана Реч, која може силно да влијае врз нашиот живот. Според тоа, во поширока смисла, она што Павле го кажал во Евреите 4:12 се однесува и на Библијата.
Се сеќаваш ли?
• Што е потребно за да влеземе во Божјата починка денес?
• Како е поврзана Божјата намера со нашата спремност да прифатиме некој библиски совет?
• Во кои ситуации може да е тешко да ги послушаме библиските упатства, но зошто е неопходно да бидеме послушни?
• На кои две работи може да се однесува Евреите 4:12?
[Прашања]
[Слика на страница 31]
Родителите се скршени од болка!