Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Ново поедноставено англиско издание

Ново поедноставено англиско издание

Ново поедноставено англиско издание

СЕ РАДУВАМЕ што можеме да ве известиме дека, од овој број, Стражарска кула за проучување ќе излегува секој месец и на поедноставен англиски јазик. Ова ново списание ќе се издава пробно една година. Тоа ќе ги содржи статиите за проучување, како и некои од другите статии. Уверени сме дека ова издание ќе им биде од голема помош на многу Јеховини сведоци. Зошто?

Англискиот јазик се употребува во многу земји како што се Гана, Кенија, Либерија, Нигерија, Папуа Нова Гвинеја, Соломоновите Острови и Фиџи. Нашите браќа во овие земји зборуваат англиски на состаноците и во службата, но можеби дома зборуваат на друг јазик. Освен тоа, англискиот јазик во тие земји може да се разликува од англискиот на кои се напишани статиите во стандардното издание на Стражарска кула. Исто така, некои наши браќа и сестри живеат како бегалци во земји каде што присуствуваат на состаноци кои се одржуваат на англиски. И на некои деца чиј мајчин јазик им е англискиот понекогаш им е тешко да ја разберат Стражарската кула. Поедноставеното издание на ова списание ќе им помогне на многу Сведоци во целиот свет да извлечат поголема корист од Проучувањето на Стражарска кула.

Статиите за проучување што ги разгледуваме на седмичните состаноци се многу важни затоа што главно преку нив верниот и разборит роб ни дава духовна храна во вистинско време. За да можат сите присутни да извлечат целосна корист од материјалот што се проучува, во ова издание ќе се употребуваат поедноставни зборови, реченици и граматика. И насловната страница ќе се разликува од другите изданија. Поднасловите, пасусите, прашањата за повторување и сликите ќе бидат слични на оние од стандардното издание. Така сите ќе можат заедно да учествуваат во истото проучување на Стражарска кула, без разлика кое списание го имаат. Од примерот даден подолу, кој е земен од првата статија за проучување, пасус 2, може да се види разликата меѓу овие две изданија.

Се надеваме дека ова ново издание ќе им помогне на мнозина кои го молеле Јехова со следниве зборови: „Дај ми разбирање, за да ги научам твоите заповеди“ (Пс. 119:73). Уверени сме дека лицата што не знаат добро англиски, како и децата, сега ќе можат подобро да се подготвуваат за седмичното Проучување на Стражарска кула. Му благодариме на Јехова кој, од љубов кон „сите браќа“, го користи „верниот и разборит роб“ за да ни дава изобилна духовна храна (1. Пет. 2:17; Мат. 24:45).

Водечкото тело на Јеховините сведоци